Видео

Нема баш сè на Википедија

Две фасцинантни приказни. Првата за извесна фатална Канаѓанка после која се пишувала најзначајната песна на животот, освен ако не се викаш Џон Белуши за кого Кети Смит била буквално фатална па го ушприцала со последниот негов микс на хероин и кокаин. Втората е за Стив МекКвин кој заради женска спасил глава од лудаците на Чарлс Менсон.

На маркетинг кампањата кратки и се нозете

Американскиот синџир ресторани за брза храна „Чипотле“ решава да ќари на неброените инфлуенсери и обични корисници на социјални мрежи што го сликаат секој залак што го јадат, со почнување на нова пракса на давање далеку пообоемни оброци на секој што снима дур му се прави јадењето, без тоа никаде да го објави. Е па, луѓе разбраа за фората.

Замислете вака да се насанкате

Најдобите дубари се наједноставни. На жената ова ѝ личеше ок: парите се убави (500 долари) а задачата лесна, да клапне со своите раце под и над раката на овој што ѝ го дава предизвикот. Дури и оној услов, да се прави тоа со затворени очи, звучи логично, инаку би било тоа прелесно за 500 долари. Ај сега погледнете и замислете се себеси така во дуќан. И ве здогледува некој познат.

Пржење на Фаучи

Роастинг на познати фаци е еден од најурнебесните ритуали на американската култура кој тешко да  може да се изведе на други места. Политички еквивалент на тоа се конгресните испрашувања. На тапет дојде главниот плејмејкер на пандемијата, Ентони Фаучи. Му вадеа снимки што рекол, му покажуваа слики како тоа изгледало, му викаа дека е за во затвор. Поштено го спржија.

Машка поддршка

Заедно во брак се многу децении. Неодамна, жената била дијагностицирана со рак на бели дробови и оди на хемотерапија. Го потсетуваат дека од терапијата ѝ е падната косата и жена му сега пробува перики. Се гледаат. Не се сомневаме дека чичкото е добар човек, ама, пусто машко, не додржа да не ѝ каже дека сега личи на Вили Нелсон.

Комшиска ситуација

Помлада и постара комшика, не се познаваат, но помладата е сигурна дека постарата живее сама и дека одамна нема излезено, па за да биде сигурна дека сè е ок, решава да ѝ напише порака на картон: „Се надевам дека сте добро, слободно да ми се обратите за БИЛО ШТО ако ви треба.“ Пораката не остана неодговорена.

Физиката во „Том и Џери“

Сте виделе некоја од ваквите класични сцени во популарниот цртан: Том ќе се џитне во нешто што е полно со вода и додека паѓа и додека е во воздух, Џери ќе фати ќе ја испушти водата па овој ќе тресне на суво. Цепки, освен за непоправлив физичар кој ќе реши да провери дали тоа баш така оди.

И жена знае да жали

36 годишната Далиа Диполито била мажена за љубовта на својот живот само 6 месеци кога полицијата ѝ ја соопштува најлошата вест: дека нејзиниот сопруг брутално е убиен. Ова е снимката од тој емотивен момент. Само што, убиецот кого таа го нарачала бил полицаец. Мажот ѝ е жив и здрав. Додуша и таа е жива и здрава, само на долгогодишна робија. А добра, мајку му!

Како изгледаат овие од интернет, во вистински живот

Реакцијата на извесна госпожа кога ја дознава информацијата дека Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки во обивниението.

Не сум перверзен, ама...

Познаваме ликови кои имаат уште побудалски фетиши од него, ама и ова не е лошо. Дечкото гледа и снима тениски мечеви. Потоа целата неколкучасовна снимка од дуелот ја крати на десетина минути, оставајќи ги само стенкањата и гласните офкања. Најјако е што за крај, самиот се части со аплаузот од публиката. Сега на Инстаграм му бараат да ги сподели снимките.

570 години од падот на Ѕидините на Теодосиј и крајот на Римското царство

Додека западното Римско царство доживува несреќен крај во 476 година, источното Римско царство (Византија) напредува, функционира и издржува уште речиси 1.000 години до 1453 кога турските јаничари ги прекачуваат Ѕидините на Теодосиј и влегуваат во Цариград. Во борбите, на 29 мај 1453 е убиен царот Константин XI и со тоа и официјално престанува постоењето на Римската империја.

Го знаете Бензион Милковски?

Занимлива забелешка околу сите досегашни израелски премиери - сите се со фејк имиња. Бен Гурион звучи најеврејски во свет, само што основачот на државата Израел не е Гурион туку Грун. А Нетанјаху во оригинал е Милковски (роден е во Варшава). Веројатно за да се подзаборави дека тоа се главно доселеници од Европа па да звучат како автохтони староседелци на древната Палестина.

Каков лик е овој Трамп!

„Мајка Тереза ќе ја осудеа во ваков случај,“ рече Трамп по пресудата дека е виновен дека мувал со финансиски документи за да покрие дека на порно актерката Сторми Даниелс ѝ дал 130.000 долари за во изборната 2016-та да си ќути за нивната наводна секс афера. Една афера од судницата (не сме сигурни колку е автентична ама ептен го личи) и уште неколку рикошети од овој случај.

Што куќа се купува за 2 милиони долари во Калифорнија

Се работи за една од најскапите локации, Пало Алто, а за парите отприлика добиваш нешто поголема од оние картонските бараки во Козле и Тафталиџе. Во случај да ве бендиса а немате веднаш 2 милиони евра да ги платите, куќата можете да ја земете на 30 годишен кредит со месечна рата од околу 13.500 долари.

14 години од една финансиска трагедија

Мај 2010, биткоинот е уште во зародиш, а еден крипто-ентузијаст во желба да покаже дека концептот функционира решава да нарача пица и истата да ја плати со биткоин. Нарачува 2 пици кои по тогашен курс вредат 10.000 биткоини. По денешен курс 10.000 биткоини се 630 милиони евра.

Американци на другата страна на депортацијата

Мексико одлучи да почне да депортира Американци од земјата не само затоа што се неподносливи туку затоа што се насобрале толку многу што го поскапуваат животот за локалците, а и се неподносливи.

Тролање на Де Ниро

Легендарниот актер е познат и по својот анимозитет кон Доналд Трaмп. Вчера одржа прес на отворено, го прогласи Трамп за тиранин и предупреди дека ако Америка дозволи тој повторно да влезе во Белата куќа, никогаш нема да излезе од таму. Трамписти му спакуваа дипфејк видео од настанот.

Уште на Пол Њумен му беше јасно

Империите и нивните постапки отсекогаш биле лицемерни, само, кој кога ќе го сфати тоа. Легендарниот холивудски актер потсетува на два истоветни момента, кога Израел срушил патнички авион и кога истото тоа го направиле оние од СССР. Американската реакција била комплетно различна. Зошто? Затоа што на империите им треба непријател. Како инаку ќе се изнудат пари за оружје? 

Џефри Сакс: Војната беше испровоцирана

Несреќата започна кога Вашингтон реши да ја придобие Украина за да добие 2.100 километри граници со Русија каде ќе може да носи војници на НАТО, оружје, бази... потсетува Џефри Сакс, еден од топ трите најбарани говорници на светот (можно е скоро да го видиме и на конференција во Македонија). „Самите си поставивме стапица буткајќи ја Украина сè подлабоко во овој безнадежен хаос во кој сега се наоѓа“.

Разбуденоста како кенкање кое не води никаде

„Животот станува многу оптоварен, а не сакаме да се движиме во таа насока,“ ќе им порача премиерот на Сингапур на сите непотребно превозбудените претставници на религијата на разбуденост, притоа многу внимателно дијагностицирајќи го проблемот и лекот за истото.

Каде за колку се добива државјанство

Дечкото дава преглед на држави во светот кои овозможуваат да купиш нивно државјанство. И кажува во која земја колку пари треба да дадеш или инвестираш. Кога се зборува за набавка на државјанство, глупо е да не се спомне и Македонија. И дечкото ја спомнува, само со скроз погрешна информација. Некој треба да му каже дека тоа кај нас се добива и со сметка од ЕСМ.

Рамштајн во Белград, рекапитулар

Викендов во Белград беа ѕверовите од Рамштајн, убедливо најголемата светска концертна атракција. Се довлекоа со 77 шлепери опрема, го монтираа чудовиштето од бина и на 60 и кусур илјади публика кои шлапаа во кал, со цистерни децибели и потрошени над илјада литри бензин, им ги запалија ушите и очите. Рамштајн не мора да ги сакате, ама мора да ги видите. Чекајте да чуете со која песна Србиве ги враќаа на бис.

Кинеско решение за мобилни на часови

За потемелно и поуверливо спроведување на забраната за користење и носење смартфони во училница Кинезите одлучија да употребат една десетици векови стара технологија - кофа со вода.

Сега и ЧетГПТ трошел многу

Уплавот од CO2 и фамозната енергетска ефикасност се два столба на стравот поврзан со климата. За првото ќе бидеме до крај коректни дури кога ќе престанеме да дишеме а за второво постојано се наоѓаат нови непријатели. Еве сега дознаваме дека еден ЧетГПТ муабет трошел енергија колку 17 Гугл пребарувања. Што значи дека енергетски најефикасно би било ако почнеме да бараме одговори од некој кој гледа на гравчиња.