Видео

Кинеско решение за мобилни на часови

За потемелно и поуверливо спроведување на забраната за користење и носење смартфони во училница Кинезите одлучија да употребат една десетици векови стара технологија - кофа со вода.

Сега и ЧетГПТ трошел многу

Уплавот од CO2 и фамозната енергетска ефикасност се два столба на стравот поврзан со климата. За првото ќе бидеме до крај коректни дури кога ќе престанеме да дишеме а за второво постојано се наоѓаат нови непријатели. Еве сега дознаваме дека еден ЧетГПТ муабет трошел енергија колку 17 Гугл пребарувања. Што значи дека енергетски најефикасно би било ако почнеме да бараме одговори од некој кој гледа на гравчиња. 

Солзи со бекграунд

Ако некој ви раскажува како е во неговиот/нејзиниот брак или врска, можете да завршите убедени дека СТВАРНО знаете што се случува таму. Додека не ја слушнете другата страна. Ова е таква приказна: расплакана самохрана се снима како сама си прави роденденска торта, само за да можат нејзините деца да се радуваат додека ѝ пеат хепи брдеј. Тоа проаѓа масовно на интернет. А потоа се јавува таткото.

Тајната на хармоничниот брак

Оваа среќна двојка ја открива формулата која нив им завршила голема работа да нема кавги, недоразбирања и натегања. Уште кога се земале, се договориле кој за какви одлуки ќе биде одговорен. Таа ќе ги носи сите мали одлуки, тој ќе ги носи сите големи одлуки. Заедно се 40 години и почекајте да ви го откријат епилогот од таквиот нивен договор.  

А ние први да го пробаме ова?

Стариот Ворен Бафет тврди дека може да го реши дефицитoт на државата за пет минути. И навистина идејата е генијална: усвојуваш закон кој вели дека во оној момент кога дефицитот во земјата ќе надмине 3% од БДП, актуелните пратеници и владата автоматски биваат дисквалификувани од учество на следните избори. Па да видиме кој ќе се прави галантен со наши пари!

Има луѓе кои уште веруваат

Трамп испаднал тежок сељак пред јапонскиот амбасадор... Путин признал дека има компромитирачки материјал за Трамп... Трамп држи мигрантски деца во кафези... Трамп не ставил слушалки за превод зашто не го интересирало што има да каже италијанскиот премиер... Сето ова е објавено во угледни меинстрим медиуми. И ништо од тоа не е точно или барем е јако изманипулирано.

мРНК пишман аџии

Научници, доктори,  влијателни медиумски лица, политичари... мала компилација од оние кои беа апостоли на задолжителното вакцинирање за подоцна, поради личен или сличен пример да се предомислат. Нормално, не беа сите тие дел од заговор, туку така ни беше кажано (а некој па и знаел, така ли е Фаучи?). Чисто за некој следен пат, да се намали со чаталење кога се верува дека се поседува конечната вистина.

Уште Бугарите во уставот и да пуштиме џигерици

Да беа ова снимки од 80-тите, ќе беше тоа еден сосема вообичаен викенд во Нови Пазар во кој е закажан концерт на Синан Сакиќ или Шемса и Јужни ветар. Ама, ова се снимки од оваа ера на ЧетГПТ, од Белгија, од европски фестивал на горди носители на фамозната „тарзанка/џегерица/ џигерица“. Тоа е една грдотија која боли, ама па од друга страна, ги заболе нив што другите мислат за нивната фризура.

Магнетна резонанца на вашето сурфање

Ако досега не бевте сигурни за својата приватност додека сте на интернет, гледајте што е на ред. Микрософт и нивната „Recall“ опција која функционира вака: компјутерот непрекинато прави скриншотови од сè што се случува на вашиот екран и потоа тие податоци ги обработува ВИ, за да ви даде сè што ќе побарате, дури и да не ви било напишано туку само видено. Да де, може и некој друг да побара. 

Пиење на полн и на празен стомак

Експериментот на девојката ги потврдува претпоставките, особено во поглед на спуштањето на промилите и трезнењето во кое разликата испаѓа дупла (ама и забавното трае дупло). Додуша, нејзиниот експеримент се сведува на само четири шота вотка. Ние познаваме луѓе кои пијат четири ракии пред да решат дали дента ќе се напијат нешто.

Доктор Никотин

Се сеќавате на оние збунувачки вести во пандемијата дека пушачите многу подобро се справуваат со ковид отколку другите? Доктор Брајан Ардис вели дека тоа е само мал дел од фантастичните медицински и здравствени придобивки од никотинот кој го содржи тутунот. И за превенција и за лекување. Алцхајмер, Паркинсон, аутизам, мозочни тумори, артритис...

Ете зошто Вашингтон се вознемири од Хаг

Сенаторот Линдзи Грем има многу  причини да се срами од своите ставови но познат е баш по тоа што не се срами, па затоа знае најдиректно и најсоголено да го каже она што другите американски политичари го виткаат во обланди. Така беше со задоволството што гинат Украинци ослабувајќи ја Русија, така е и сега, за хашкото барање за апсење на Нетанјаху: „Ако го дозволиме тоа, ние сме следни“.

Оглас со печатна грешка

Американец дал оглас во кој, покрај останатото, на крај наведува дека „Азијати не доаѓаат предвид.“ Бидејќи е тоа крајно необично и идиотски да биде напишано, новинарска екипа тргнува дас го најде расистот. Стварно така напиша? Стварно. Ама зошто? Затоа што се идиоти.... Пар секунди подоцна, се открива пресвртот.

Овој човек го советува Бајден за економија

Ако ова не е некоја ујдурма со вештачка интелигенција, тогаш видеото е многу, ух. И страшно и бурлескно истовремено. Човекот се вика Џеред Бернштајн и е прв човек на Советот на економски советници, главното тело кое го советува Џо Бајден за економски политики. И прашањето кое му се поставува е од тој домен. А одговорот? Ко Славјанка да си ја прашал за Шопенхауер.

Нафтата е испиена, санкциите стоо

Пред војната во Украина, уделот на руска нафта во Индија бил помал од 1%. Денес изнесува речиси 40&. А сега за другата страна на равенката која расветлува зошто Европа економски издишува: пред војната, Европа не купувала нафта од Индија, денес таа е најголемиот купец. Русија лајкс дис, Индија лајкс дис, а до кога од ЕУ ќе си пукаат во нога, не е јасно.

Колку треба да си џукела да ти текне ова?

Извонредно дебилна ама и уникатна идеја. Некој Азијат е во прашање, неговото куче и мајка му. Идиотот ќе направи беља по дома и после панично ја вика мајка му, товарејќи го кучето за бељата. A пустово, едно паметно и убаво, точно знае што е финтата, ама, од што не може да се објасни, му останува само да му ржи. А искрено, му треба адвокат.

Ходорковски: Украина веќе ја изгуби војната

Ако некој е против Путин (важен услов: а да е жив), тогаш тоа е Михаил Ходорковски,  рускиот олигарх пребегнат во Лондон, кого официјална Русија го смета за сопственост на МИ6. Тој и таков Ходорковски вика: ги молам моите украински пријатели да затворат уши, ама, морам ова да ви го кажам... И безмилосно реди бројки кои го носат до заклучок дека до крајот на годинава, Украина го губи Харков, до средината на следната Одеса...

Вадете тоа магарињата

На воени паради не се парадира само со тенкови, хаубици и друга моќна опрема што ја поседува таа армија. Секој вади што има. Еве ги Индијциве, извадија батаљон камили, што маскирни, што парадни. Можеби официјално ги викаат „повеќенаменски четвороножни теренски возила“ од моделите 1Г и 2Г (едногрби и двогрби). Ние бадијала ли ги трениравме она магарињата?  

Ќе се изнагледаме вакви клизачи

Како и секој стар човек, и Џо Бајден е греота да се закача заради староста ама па уште погреота сме сите ние на планетава ако остане (макар номинално) на таква позиција со таква физичка и ментална кондиција (кон крајот на тој мандат би бил комплетен холограм). Трамп го сподели овој спот со фановите. "Joe Biden & The Alzheimers", бе!"Keep falling", бe!

Книжевни совети од Буковски

Нашле кого да прашуваат од каде ја црпи инспирацијата за пишување и творење. Стариот одма покажува на боцата која му е во рака како што куката му е на капетан Кука. Накратко: вино и пиво - да, виски - не. Второво пребрзо те пијани и стануваш премногу драматичен и онда срање. Со пиво или вино можеш со саати. Проверено.

На маргините на големите средби

Еден дражесен детал “од втор план“ на големата и битна руско-кинеска средба на ниво Путин- Џинпинг. Двајца бодигарди од руското и кинеското обезбедување. Застанаа еден покрај друг, се видоа, си климнаа со главите и се разбраа дека сè е ок. Колеги и професионалци, со почит за лебот што го јаде другиот.

Да се потсетиме?

Ако идните генерации не испаднат уште поголеми овци од нас (а натаму е тргната работата), гледајќи ја ова видео компилaција од ерата на пандемијата, ќе си помислат дека ние сме биле најголемите бруки во историјата. Но, ако сепак испаднат поголеми овци од нас, ќе го изгледаат видеото и ќе si речат, блазе си им, колку лабави биле тогаш.

Силување во најава

Бокс мечот Мајк Тајсон (58 години) против Џејк Пол (27 г.) е закажан за 20 јули и ќе биде глобално стримуван преку Нетфликс. 8 рунди по две минути. Веќе извесно време трае маркетинг загревањето за настанот од кој се очекува да генерира приход и до 300 милиони долари. По наше, ако не е договорена работата, Тајсон има да го здроби бившиот Јутјубер. А и тој па си го бара. 

Овие ако ја спукаат нема да има кај да бегаме

Едно од крвните ривалства на планетава кое за цело чудо со децении нема еруптирано е меѓу Кина и Индија. За ова помага и еден договор меѓу двете држави од 1996 кој забранува користење оружје од граничарите од двете страни на границата.