Видео

Сè е наопаку

Видео снимка од протести. Локација: Словенија. Цел: стопирање на муслиманската миграција. Што сакандираат анти-муслимански протестанти во Словенија? Доналд Трамп! Доналд Трамп!

 

Мајкл Џексон - now!

Онаа епска сцена од "Apocalypse now" не би била ни напола ефектна без музиката на Вагнер. Истото важи и за ова видео.

Спуштање со челични нерви

Хеликоптерот е британски (Lynx), пилотот Дански а местото на кое треба да слетаат е такво за кое и орел двапати би се премислил

Нема правда, нема мир

"Само сакам да сум свој, одбивам да бидам број" пее Бени во спотот кој го ц'цкаа бааги време но, ќе видите - вредеше. Бени самоуверено ја предводи својата Нон Стоп банда додека Бобан ја камшикува гитарата, Црни ја држи песната под конец, клавијатурите на Душко ја покриваат секоја пукнатина а зад бубњевите се и Хистер и Бумбар. Режисер на видео записот е видео маестро Чедо Поповски а снимано е по град -  тротоари и покриви, споменици и гулаби, луѓе и бројки и еден тон решителност и одважност.

Како пропадна Титаник, ама да бидеме реални

Без разлика колку ве занима таа приказна и колку пати сте го гледале филмот или пак документарци на темата, ова нема шанси да го изгледате поштено. А се работи за најреалниот приказ на несреќата на тој брод. Тоа е и проблемот. Видеото трае 2 ЧАСА и 40 МИНУТИ. Ќе пробате?

Дивизија - Стереотип

Дивизија постојат бааги време а последниве години се дополнително запнати и влезени во работна кондиција. Со спотот на својата најнова песна го најавуваат својот втор албум, а од насловот ви е јасно дека зборуваат за она во што со години се давиме. Ѕирнете како ним им изгледа атмосферата во која тие ја создаваат својата музика.

Колку сила има во една фотка?

Трибјут на фотографијата, која не се мери во лајкови пер селфи, туку колку историја има собрано во еден кадар.

За прекрасната уметност на губење време и како да се спречи

Како систем на верување губењето време / одлагањето се сведува на ставот дека сè може да се заврши попосле, и дека попосле е магичниот дел од временскиот континум во кој има време за сè што останало.

Колку илјади долари си во право?

Брилијантноста на Бил Нај околу различни научни теми не е ни тема на муабет, таму сè му е оверено. Меѓутоа воодушевува леснотијата со која човекот се справува со неписмени дрва кои го прозиваат (инаку многу спремниот научник) обидувајќи се да се огребат од неговото име за малку слава. Еве еден пак му мрчи за глобалното затоплување.

Мажот каков што е

Никогаш не сме тврделе дека се разбираме во мажи ама  - вака треба да изгледаат. Ѕирнете го спотот на Макс Гаце за песната "Животот каков што е" за да знаете на што мислиме. Мустаќ, гаќа, ципела, бербер, бунда на синдикалка, опуштеност, шеретлук, галантно лузерство.... сè во овој нивен свет е брилијантно дизајнирано. Кај живеат бе вакви луѓе?

Местење на коцките

Снимка од едно брзинско редење Рубикова коцка. А видеото од тоа трае цели 2:29 минути?? Ќе мора да ни верувате дека вреди да почекате.

Како да реметиш боди билдер

Некои не го можат тоа од што с(м)е целите укочени и фатени, а некои од што станале преголеми од вежбање. Во обата случаи човек треба да се пази да не му залепат етикета од зад грб.

Бегалска постмодерна

Ако ви кажеме дека бегалци од Дивиот Исток успеале својот мир да го најдат на Дивиот Запад и дека сето тоа се случува во Шведска, ќе помислите дека сме полуделе.

Анимал ишарети

Иако ќе насетите за што се работи, ако не сте зоолог, нема шанси да ви текне за кои видови се работи. Но ќе видите на крајот на спотот и ќе си кажете: Да бе, фламингоси! Инаку, реклама за кондоми.

Русија го прави најрускиот можен филм

Се вика "Заштитници" и еден од ликовите е набилдан маж со глава на мечка, не маска, туку има глава на мечка. Што поруско од ова би сакале?

Кој е за топен раклет?

Постои еден ресторан во њујорк во кој нема да ве занима што има во чинијата туку кога тоа ќе го поклопат со топено сирење. Може и на ѓон од кондура да го стават, пак ќе го сакате.

Како се кампува покрај река

Одамна познатиот изум, овојпат искористен да ги искористи природните сили за добробит на човекот.

И да врне и да вее, ЈСП Еквадор

Затоа што луѓето што се качиле во автобус треба да стигнат на време каде и да тргнале, и затоа што шоферите не планираат да се замараат со една обична поплава.

Иде цунами

Кога пред неколку години се вртеше она "Иде Дунав', сите го гледавме како чиста заебанција. Денес, да си ебеме матер, не можеме една странска анимација да погледнеме а да не ја поврземе со нашето срање, со години кумулирано и спремно сите да нè поплави. Еве, пробајте вие, можеби сте понормални од нас.

Lytro, најфакерската камера на светот

Бидејќи може да фокусира на која било длабочина на кадарот, само ѝ кажуваш до каде те интересира снимката а од она позади Lytro ќе ти направи што сакаш. Не е битно да се разбере како го прави сето тоа, ама го прави, и тоа во реално време! Ау, магија! 

Британија нема памет

Тоа форите со голтање мачеви се толку стари што не постои начин како да возбудат обична публика, а не па жири на Британија има талент. Да, а?

Како Бугарките вапцаат јајца?

Видео рецепт од бугарската Фејсбук група "Обичам да готвя". Не контаме дали ова успева само со бугарски текстил ама па битно јајцата на крај добро да изгледаат.