Видео

Двоглавиот Ромеш

Британскиот комичар со индиско потекло бил во Албанија. Не можел да ги утне бројните бункери од времето на Енвер Хоџа. Некои напуштени, некои претворени во кафичи. Ромеш Ранганатан налетал на бункер во кој студио направил тату мајстор. Да ти направам една тетоважа? Да ми направиш. Што мислите, што му нацртале? Помош: на Рита Ора ѝ се бендиса.

А да кажете еднаш не?

Еве ви шанса да пробате. Нов Тикток тренд, стругање заби со турпија за нокти, заради која и да е причина. Ништо полесно од ова за да почнете да кажувате „не“ на се што ќе видите на интернет. Овие од клипот нема да се спасат, ама за вас уште има надеж.

Ако мислите Кинези работат за евтини пари, тек да видите Македонци

Кинеска фабрика за 26 работни денови месечно (само четири слободни дена), по 11 часа на ден, дава плата од 1.200 долари на месец, што би му дошло 4,2 долари од час (26 денови х 11 часа = 286 часови, поделено со 1200 долари = 4,2 долари).

Проект „Што знае Кинез што се 10 км. канал“

10-километарска делница од Фунан Техо каналот во Камбоџа, што го копаат Кинезите. Овие 10 километри ги завршуваат за 17 дена, со помош на 2.500 парчиња тешка механизација која работи 24 часа.

Јавен превоз во Финска

Ден пред започнување на новата учебна година, кога може да се очекува колапс на јавниот превоз во Скопје (градски автобуси нема доволно, приватни не возат од бунт), да ѕирнеме како тоа изгледа во Финска. За да не биде дека само си фантазираме, ќе дадеме и еден пореален и поблизок пример до нас, од Непал.

Магарето лета? Лета!

Уште во 50-тите години на минатиот век правени се експерименти на тема конформизам за да се дознае до кој степен луѓето се подготвени да не им веруваат на своите очи, само за да се согласат со групното мислење и да не штрчат. Познати како „Ешова парадигма“, тестовите покажале дека 75% од луѓето се спремни да се согласат со групата (за едноставна визуелна задача) иако пред очи им е сосема поинаква вистина. 

Ти си ќерко татин син

Теткиве советуваат никогаш да не му дадете на мажот да одбере име за детето. Даваат поучен пример: маж и жена од Австралија чекале бебе, идниот татко рекол дека има убав предлог за ќерката, да ѝ дадат име Ланесра. На жената тоа име ѝ се бендисало, и звучело уникатно и романтично. Сè додека еден ден не сфатила од каде потекнува тоа име. Било доцна. 1:0 за него.

Крис Куомо си олесни душа пред народ

Како тоа они ќе се борат против корпорациите, кога ене ги копорациите горе во ложа што ја платиле милион, милион и пол долари за да бидат тука? П.С. во 2000-та потрошени се 300 милиони долари на двете претседателски кампањи. Годинава се очекува сумата да биде околу 10 милијарди.

На толку напредок, пак до никаде не сме стигнати

Иако нема целосно познавање, сепак човештвото има прилично добра слика за тоа што се случува на површината на планетава и во воздухот. До некаде истото важи и за водата. Меѓутоа сме дибидус за тоа што сè има под земја. Најдлабоката дупка што ние како човечки вид (поточно СССР) ја има ископано е 12,2 километри, што е 0,02 проценти од радиусот на Земјата.

Што знае Камерунец што се 9 тони песок на ден

Корекција, овие 9 тони се за 1-дневна смена од 4 часа. Бонус, песокот не се претовара од куп во камион, туку се вади со нуркање и со кофа. Колку пати треба да се нурнеш за да извадиш 9 тони песок за 4 часа? Околу 300 пати. И сето ова за 12 долари на ден.

Резилот не е незаслужен

Австралиската брејкденсерка Рејчел Ган едногласно беше прогласена за најлоша спортистка што се појави на годинешната Олимпијада. Овој статус го потврди и натпреварот во брејкденс од Параолимпијадата која е во тек.

Едни бројки да чуете

Американскиот ланец супер-маркети, Костко, успева 12,4 пати годишно, значи нешто повеќе од една месечно, да ја продаде целата своја залиха. Ако се земе предвид дека просечниот рок за плаќање на добавувачите е 30 дена, тоа значи дека Костко има врзано 0 долари во залиха.

Сите асоцијации се на ваша душа

Ако мислите дека насловот на ова видео е „Офицери на Вермахтот ги разгледуваат опциите на фронтот, 1944 година, колоризирано“ - грешите. Тоа се само двајца актуелни офицери на Бундесверот (германските вооружени сили) кои на германска телевизија деновиве ги разгледуваат бенефитите од украинската офанзива на Курск. Малку е ежење, нели?

Кошарката како опиум за црнците

И Чарлс Баркли е на линија на она што брутално беше опишано во статијата „Кажете му не на спортот“. Вика дека на црнечките деца им е испран мозокот со кошарката и сонот дека еден ден ќе играат во НБА. Додека кај белите деца, 90 осто сакаат да станат доктори, правници, што и да е, кај црните толкав процент мечтаат еден ден да станат НБА играчи. А од погрешни сонови, кога тогаш ќе те разбуди јавето.

Вести од новата Северна Кореја нагалено наречена Англија

Пресуда. За нешто што некој напишал на Фејсбук. Дека нејќе парите да му одат на мигранти кои „ги силуваат нашите деца и добиваат приоритет.“ Судијата ќе рече „ова е толку сериозно дело што не може да мине без итно упатување во притвор,“ па откако соопшти дека му ја намалил казната за една третина заради признавање на делото, го осудува ликот на единствена казна од дваесет (20!) месеци затвор!

Кажете му не на спортот

Сте размислиле за невидливите жртви на врвниот спорт? Пеле има упропастено безброј мали Бразилци. Како тоа? Понесени од неговиот глобален успех, се далдисааа и тие да стануваат фудбалери... останаа во фавелите, без образование, знаења и перспектива. 12.500 црнечки деца пропаѓаат за еден од нив да потпише за НБА. На ист начин ќе ги понесе и приказната за Ѓоковиќ, па ќе баталат книга, занает, било што што ќе им затреба во животот. Тачдаун.  

Фаучи фатил ковид по трет пат, после шест вакцини и бустери

Во 2021 година, првиот човек на американскиот (значи глобалниот) фронт против коронавирусот ќе рече: „Ако се вакцинирани, заштитени сте.“ Нешто подоцна истата година, ќе потврди „Кога луѓето се вакцинираат, тие можат да се чувствуваат безбедно дека нема да се заразат“. Три години и шест вакцинации и бустирања подоцна, Фаучи признава дека пред некое време третпат закачил ковид.

Брз тест за интелигенција

До половина од тестот му одеше добро: неговата тежина ќе го подигне товарот закачен на другиот крај на јажето кое минува низ чекрк. Во вториот дел, за жал, падна. И тој на тестот и товарот врз неговата глава.

Вие мислите на милијардери лесно им е, купи јахта и не ти чуе, а?

Седиш на твојата јахта од 120 милиони долари и од карши гледаш како се појавува друга јахта ко за инает 5 милиони долари поскапа од твојата. Ај налет тоа, ама како се појавува јахтата почнува да се движи кон тебе и се движи и се движи...

Сè што треба да знаете за дронови во војна

Тоа што лета на снимката е руски хеликоптер МИ-28 со некоја проценета цена од околу 18 милиони долари. Тоа што го снима МИ-28 и за некој момент ќе го собори е некаков си дрон со вредност не поголема од неколку илјади долари.

Не може да продаваш пица и да не ти оди бизнисот. Не-мо-же

Експериментот е следниот, дечко, во улога на трговски агент за пици, ненајавен се појавува на врата и ти нуди да ти продаде пица што воопшто не си ја нарачал. Еве, тргни од себе, би го вратил?

Мешање е бизарно, дури и кога е најлегално

За разлика од мешање мажи и жени, мешање категории во боречки вештини е сосема легално, востановено и обично се води како борба во апсолутна, или, на Олимпијади, во мешана категорија. Тука ги имаме легендарниот француски џудист Теди Ринер со своите 145 килограми и Јужнокореецот Ли Хун Хван, со 81 килограми. Без разлика како ви изгледа разликата од над 60 кг, оваа борба и понатаму е драстично порамноправна отколку која било борба меѓу жена и транс-жена со иста килажа.

Хиченс некогаш и Стармер денес

Некои луѓе не можат меѓусебно да ги соочат аргументите заради едноставни биолошки факти. На пример затоа што едниот е жив а другиот,за жал, веќе не е. Меѓутоа, има луѓе кои можат да видат и подалеку од својот животен век за да предупредат дека треба да се пружи отпор додека се може, бидејќи еден ден ќе биде предоцна.

Ричард Докинс се одјавува со турнеја

„Имам 83 години и патувањата не се пријатни како што некогаш биле. Ова е мојата лебедова песна“, вели прочуениот еволутивен билог Ричард Докинс, веројатно најпознатиот жив провоборец на атеизмот, најавувајќи негова финална турнеја во 10 американски градови, од Далас до Ванкувер. А ќе фали стариот "да прави бељи", исто како што фали Хиченс кој прв отиде да провери дали таму горе (долу) има нешто.