Забава

Диета на денот: две тепсии трилече

Не е препорачана од апсолутно ниту еден доктор или нутриционист, ама треба да функционира само заради најосновни столбови на логиката, а таа вели - ако јадеш три тепсии трилече на седнување, неизбежно ќе почнеш да слабееш ако намалиш на само две.

Има ли уметник во авионот?

Редовен лет на Луфтханза од германски Франкфурт до Катанија, на Сицилија. Приближувајќи се до дестинацијата, авионот го пренасочуваат кон Малта, бидејќи околу Катанија беснеат пожари. Пилотот, кому очигледно Малта не му е омилено место, постапува по насоките на контролата на летање и заминува кон Малта, но не пред да нацрта нешто на небото. 

Роденден кој се памти цел живот

Во Бразил малолетници можат да бидат уапсени но после регистрирањето, биваат пуштени. Следи сцена во која во полициска станица му се слави роденден на еден млад кримос, со торта, со песна, со сè. Му го слават полицајците, само затоа што дента му е 18-ти роденден, што значи дека ќе можат да го задржат во апс. Славеникот не е нешто еуфоричен околу своето полнолетство.

Најглупиот во Париз

Чул тој дека во цел оној париски хаос и безредија луѓе влегуваат во продавници и земаат што им душа сака, при што никој ниту ги спречува ниту ги гони, па решил и тој да се поднови во продавница за спортска опрема. Додуша, со намален избор на артикли и што е поважно, со ужасно лош тајминг.  

Кога тато навреме ќе дојде

Двајца братчиња се закачаат, поточно помалото братче на шала пробува да го фати поголемиот брат одзади, да му направи зафат за давење. За среќа, сцената навреме ја здогледува нивниот татко, во вистинско време да му одржи поучна лекција на помалиот син. Сакате да ја видите таа татковска лекција?

Е, вака глупо изгледате од страна

Социјалните медиуми се хранат од нарцизам на едни и воајерство на други. Исцрпувачка е нивната лакомост, редовно да се храни „ѕверот“ и што почесто да се става нешто од себе за после да се проверуваат лајкови и шерови. Кога ќе видите некоја од тие гламурозни и исфилтрирани фотки, само помислете колку туфкање и местење требало и како тоа мора да изгледало пресмешно од страна.   

Офтиката наречена прогресивност

Убитачно точен опис на различните тежини во квалификациите да се стане десничар и да се стане левичар. Првото е лесно, и да не мислиш нешто како нив, ќе научиш. Ама, ако не си доволно лево кoлку што квази-левичарот мисли дека мора да си лево, тогаш си нацист. Тие луѓе, просто, не можеш да ги задоволиш.

Полни кофи уметност

За жал, не постои снимка од обелоденувањето на Давид на Микеланџело или пак од откривањето на Мона Лиза на Леонардо Да Винчи. За среќа, постојат снимки од модерната уметност, во случајов, од жанрот инсталации. Напнато, храбро, бескомпромисно, ама успешно! Се придружуваме кон аплаузот. Браво, маестро!

Зошто Арнолд почнал да билда

Во емисија на Карсон, Австриецот се пува дека еден ден стоел гол пред огледало, се гледал и сфатил дека еден негов орган е многу поголем од остатокот од телото. Па решил со вежбање остатокот од телото да го доведе во големина која ќе одговара на органот кој, ете, штрчел. Чекајте, има еден поинтересен момент. 

Го знаете ли правилото 20-20-20?

За да се ослободите од стресот на работа, пробајте да го следите правилото за три 20-ки. Значи вака: дваесет минути работете. Потоа дваесет минути гледајте во нешто што е оддалечено 20 метри. Ако првите две дваески ви се лесни, ви останува само уште третата.

Силвио Берлускони, дефиниција за куроболие

Да потсетиме на едналегендарна сцена со него, кога стигнува со службена кола и Ангела Меркел, која е таму за да го пречека, ја остава да кмиши, пошто е на телефон. Замислете му ѕвонел мајсторот и му рекол дека бојлерот не се прави, а овој фатил да му објаснува дека само термостатот треба да се смени.  Е, до толку му беше до Меркел и протоколите.

Брачни секс игри

Маж и жена разговараат за тоа малку да го размрдаат својот сексуален живот, па за почеток се договараат жената да дојде во спална облечена како медицинска сестра. Како е договорено така е и испорачано, само сега оди прибери го мажот од смеење.

Берлускони, фала ти

Кога на стартот на независна Македонија овдешниот етер беше „50 нијанси сиво“, врз него кофи бои и убавини ненадејно истури една италијанската вариететска емисија. Non e la Rai. Од 1991 до 1995 година, од две медиумски платформи на Силвио Берлускони (Медиасет и Италија 1). Њему хвала, иако тогаш првпат се прелажавме дека „шо знаеш, може еден ден и кај нас вака....“ Аха, да.

Ако на планетава живееја 100 луѓе

Занимлива и многу прегледна анализа на статистиките на човечкото население на Земјата. Да бевме 100 луѓе, само 11 ќе беа Европјани, 15 Афиканци, 14 Американци и дури 60 Азијати. 30 луѓе ќе ги зборуваа петте најголеми јазици (кинески, шпански, англиски, хинди и арапски) а остатокот (70 луѓе) ќе имаа на располагање 6.500 живи јазици. И уште многу интересни пресеци.

Што им стана на BBC?

Нивните новинари во последно време одат на интервјуа решени по секоја цена да го фатат соговoрникот во тесно, но толку се фиксирани и коцкасти во тoa посакувано сценарио што ако малку ги изместиш од замислената траекторија на разговорот, им се кочи софтверот. Прво налетаа на Илон Маск а сега на Ендру Тејт. А овој па, една вилица, да не почне да збори.  

Транс-сè живо и диво

Jako тролање на најбрзо растечкото движење на прогресивниот Запад (сè ќе се направи само да не му текне на човек на битните теми). Дечкото шалта идентитети пошто му се може. Еден од омилените му е да биде Саша Петров, 45 годишна руска проститутка, кога може да го користи женското веце на работа, за што наидува на разбирање од колешките. „Саша сере ко дива свиња,“ вели една од нив. 

И вака се води емисија

Постојат различни стилови на водење емисија, во зависност од жанрот и посакуваните ефкти. Може тоа да биде лежерно (Роган), а може да биде и напнато (Ефтов), да се испровоцира гостинот, па ако стане и напушти емисија - жив ќар. Генерално емисиите се сведуваат на мачење од гостинот да извлечеш одговор кој тој би го избегнал. Но, не сите се мачат до толку.   

Дилан испадна дека е лезбејка

Дилан Малвени, транс-инфлуенсерот кој финансиски го изгоре Бад Лајт со бојкотот кој им се случи откако маркетиншки го ангажираа како „фаца“, им кажал на родителите дека во последно време е романтично заинтерисан за - жени. Мораше ли бе дете цел круг да свртиш за да дојдеш до истото ? Чекајте, и затруднување е на дневен ред... Сè за внимание.

Нема веќе вакви муабети по телевизии

Јадачки, спуштања, клизачи, прцања, сарказам на ангро... 10 прајслес минути од гостувањето на шармантниот Чарлс Гродин (почина во 2021) кај неприкосновениот Џони Карсон (починат oд 2005). Ман-га-ши! Не се ни обидувајте да споредувате со некои од муабетите на овдешните ТВ магазини. Дури тогаш ќе ве фати туга.

На разбудениот мозок, секое влакно му пречи

Пазете ја оваа збирштина од млади прогресивци, собрани на конвенција на која се ословуваат со „другари“ . Нема на што не закенкаа. На еден му смета што луѓето шушкале меѓу себе а тоа му ја зголемува анксиозноста. Друг моли да не се мафта со знаменца, аутист бил. Трет бара да нема аплаузи за да се редуцира бучавата (наместо тоа, да мафтаат ко Констракта). Ах, златни работни акции... 

Рускиот волк и трите наивни прасиња

Пошто волкот го лоциравме, уште само да кажеме дека трите прасиња се Украина, ЕУ и НАТО. Во оваа верзија на басната, не издржува ни најслабата куќа (на прасето Украина), ни посилната (на ЕУ-прасето), но, за жал, не издржува ни најцврстата куќа, онаа на НАТО-прасето. За среќа, овие прасиња добиваат шанса да се засолнат кај Американецот. За среќа.

Пусто турско, и прво матријархално

- За кого ќе гласате? - прашува турски новинар една двојка од улица. Машкото мава од прва: - За Еердоган. Таа исто мава од прва, ама мава појако.

Младите, пред ТикТок и Задруга

Малку на курац ни оди ова силно морализирање наоколу во врска со новите генерации и нивното „немање компас“. Оти па Зеко и Пиже (бог да ги прости) беа прочуени филозофи од скопско. Еве ви едно видео од пред 10 години, со млади Холандези кои немале ТикТок, не сркале отрови од Пинк и Задруга... Гледајте џанам вашето дете да не биде со оние без памет. Реално, барем да не биде секој ден.

Руска верзија на Њутновите закони

Третиот Њутнов закон отприлика гласи: „За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција.“ Така е и во Русија, само што тоа таму функционира со одложено дејство. Имаме два расни боксери. Едниот успева со еден единствен моќен удар (ќе видите) да го ничкоса другиот, но, од силината на сопствениот удар, и самиот паѓа. По некое време.