Забава

ВИ ќе ги реши ваквите

Бидејќи вештачката интелигенција по прашање на родот е генерално агностик, нејзината искреност знае да биде брутална. Како со овој дечко кој пробува ТикТок апликација која од тебе создава аниме лик. Апликацијата и нејзиниот софтвер за препознавање лица секогаш го прави машки лик, а тој е убеден дека тоа што е чупан и има долга коса и нокти е доволен доказ дека е женско.  

Јапонците се од друга планета

Греат тротоари и капаци од веце шољи, во возовите имаат кади да си киснеш петици, доцнењето на нивните возови се мери во секунди (кај нас им се гледа на календар), во школите немаат хигиеничар(к)и туку децата сами одржуваат чисто, на работа можеш да дремнеш бидејќи тоа е знак колку си бил посветен и вреден.... И за да го маскираат своето вонземско потекло, сакаат безбол и фудбал. 

„Веганските војни“ на Грета Тунберг

ВИ пародија со младата климатска икона, Грета Тунберг (оди ли тоа дете некогаш на школо?), иако со неа никогаш не е јасно бидејќи и сама по себе често е пародија. Грета зборува за потребата од производство на одржливи тенкови, вегански ракети (имаат етикета, не можете да ги утнете на ракетниот пазар), воени авиони на батерии кои ќе носат био-разградливи бомби...

Хамлет, интераптед

Грегори Доран (режисер и еден од врвните светски шекспиролози), објаснува како се родил еден скеч со Хамлет и неговата најпозната реплика: „Да се биде или не, прашање е сега“. Поконкретно, што од тоа треба актерски да се акцентира. Да видите до каде можат да одат тие дилеми околу една обична реченица и кој сè упаѓа на сцена. Генијално.

Дебата на висока фреквенција

Дечкото сака да ја проповеда божјата реч, ама суштеството не му дава, бидејќи тоа било геј маало (гејборхуд; хау кјут) и затоа тој не бил добредојден таму. Откако овој побара да му објасни зошто тој не би можел да го каже тоа што сака да го каже како што му следува по устав и закони, суштеството почнува да пружа отпор со ултразвук. Ова дома да го имаш, џамови ќе ти попукаат. 

Дупи си ги, Трамп

Настапите на  Доналд Трамп веќе стануваат стандардни стендапи, и тоа добри. За загревање го зашлакува Бајден а потоа и еуфоријата по електрични возила, во која се замислува дека и армиските тенкови треба да бидат електрични. Ќе влезат негде, ќе направат крв и пепел, ама тоа ќе го сторат со еко-френдли тенкови, го закуцува Трамп тоа неосвестено лицемерие.

Или си за на уролог, или за на гинеколог

Ко што викаше еден, слободно нека се прават жени, ама кога после 50-та година ќе ги стегне простата, да не мислат дека им е до јајниците. Еве еден олдскул критериум за таа модерна дилема, во случај да ти се случи некоја несакана дешавка во меѓуножје. Додуша, работата е забегана и до кучиња и мачиња....

Сè за ќерка

Ќерка решава да го дрибла стариот. Од кола по телефон му јавува дека ја запреле за брзо возење, ама таа се правдала дека брза зашто татко ѝ дома паднал по скали. И сега таа вози дома а полицајците се зад неа, да видат да не лажела. - Па што да правам? прашува стариот. - Не знам, снајди се, му вика таа. Да видите само колку ревносно „се снајде“.

Што сè мора Путин да прави за една плата

Рускиот претседател го примил колегата Салва Кир, претседател на Јужен Судан уште од осамостојувањето во 2011 година. Кул некој фраер, само малку труп со техника. Кир имаше проблем со апаратчето за превод па Путин мораше ко на дете да му покаже како тоа оди. Ќути што не се сретна со Бајден, не ќе се знаеше кој кому повеќе треба да помага.  

Е да бе, нацисти

Одлична спрдачина со резилот кој си го приреди Канада поздравувајќи стар нацист како херој но и малку поширокото релативизирање на овој феномен, кога режими со апла наци елементи се слават како борци за слобода. „Толку измислувате нацисти, што еден ден ќе ви текне и Хитлер да го прогласите за нацист“.   

Кога размислуваш како чекан, во сè гледаш свое тело

32 годишниот „кубанскиот Ајронмен“ се мава со чекан по разни делови на телото уште од свои 15 години. Бил тој и боксер, успешен, за жал и преуспешен. Имал 27 борби, се откажал од бокс кога на последниот противник со бокс му го скршил черепот и вој умрел. Оттогаш, само тој и само чекан.

Кој тоа ни се журкал синоќа?

Мал зум во дешавките во главата на италијанската премиерка, Џорџа Мелони, од една скорешна прес конференција. По наша слободна проценка, направена е гипс, мада некој слободно може да тврди дека на жената само ѝ се спие и се бори да остане будна. „Аха, мене нон-стоп ми се спие“, би рекол борецoт за будност, Аца Лукас.

Превисока мода

Дечко ладно прошета по писта на некоја модна недела, по патики, натната мушама и капа за туширање, внимателно следен од погледите на модните зналци и сладокусци натопорени крај пистата. Требаше обезбедување да дојде и да го спакуваат мајтапџијата, за овие да сфатат дека не е дел од „линијата.“

Балканските верзии на познатите

Серијата се вика „Познати фаци после една недела на Балканот.“ А може и поинаку да се гледа, како ќе завршеа тие славни личности доколку имаа ксмет да се родат на Балканите. Има многу јаки дупликати најдено, може телевизиска серија со овие ликови да се направи, да се види можеа ли поинаку да завршат.

Ако Камала знае што зборува, еве на

Трамп пред некој ден ги шебаше Бајден и Камала, дека за првиот само чекаш момент да трокира (што главно и го прави) а дека втората е урнебесно смешна, бидејќи зборува во рими („Автобусите одат овде, автобусите одат онде, тоа прават автобусите.“) Земавме една изјава на потпретседателката, ја преведовме, еве нè, уште мозгаме што сакаше да каже.

Некои нови фајтери

Некои претходни генерации, во Стрит фајтер можеа да бираат меѓу Риу, Чун Ли, Јури... Нсдкои претходни генерации не може ни да бираат, кој ти се падне тој. Да ја погледнете новата генерација тепачи, од Бајден, преку Опра, до Илон Маск и Роналдо. И Стивен Хокинг го имаат, бе! Какви специјалки ли има тој во тепачка?

Тие се еден и се викаат Сара (?)

Како изгледа да се живее во 2023 година во напредни општества (кај нас нешто доцнат, што е права штета, грохотом ќе се смеевме). Покрај биологијата, дур не ја поебат и граматиката, нема да бидат задоволни. На македонски ќе биде уште поголема пишурија. Пробајте да составите реченица со извесен нон-бајнари Ѓоре: „Ѓоре отидоа да се измоча“(?)

Мис Геостратегија

Прашање: „„Неодамнешните истражувања велат дека една петтина од Американците не умеат да ја најдат Америка на карта. Зошто мислиш дека е тоа така?“ Одговор: „Мислам дека е тоа така затоа што немаат карти“. Остатокот од изјавата на Мис Јужна Каролина влегува уште подлабоко во суштините на овој свет.

Диета на денот: две тепсии трилече

Не е препорачана од апсолутно ниту еден доктор или нутриционист, ама треба да функционира само заради најосновни столбови на логиката, а таа вели - ако јадеш три тепсии трилече на седнување, неизбежно ќе почнеш да слабееш ако намалиш на само две.

Има ли уметник во авионот?

Редовен лет на Луфтханза од германски Франкфурт до Катанија, на Сицилија. Приближувајќи се до дестинацијата, авионот го пренасочуваат кон Малта, бидејќи околу Катанија беснеат пожари. Пилотот, кому очигледно Малта не му е омилено место, постапува по насоките на контролата на летање и заминува кон Малта, но не пред да нацрта нешто на небото. 

Роденден кој се памти цел живот

Во Бразил малолетници можат да бидат уапсени но после регистрирањето, биваат пуштени. Следи сцена во која во полициска станица му се слави роденден на еден млад кримос, со торта, со песна, со сè. Му го слават полицајците, само затоа што дента му е 18-ти роденден, што значи дека ќе можат да го задржат во апс. Славеникот не е нешто еуфоричен околу своето полнолетство.

Најглупиот во Париз

Чул тој дека во цел оној париски хаос и безредија луѓе влегуваат во продавници и земаат што им душа сака, при што никој ниту ги спречува ниту ги гони, па решил и тој да се поднови во продавница за спортска опрема. Додуша, со намален избор на артикли и што е поважно, со ужасно лош тајминг.  

Кога тато навреме ќе дојде

Двајца братчиња се закачаат, поточно помалото братче на шала пробува да го фати поголемиот брат одзади, да му направи зафат за давење. За среќа, сцената навреме ја здогледува нивниот татко, во вистинско време да му одржи поучна лекција на помалиот син. Сакате да ја видите таа татковска лекција?

Е, вака глупо изгледате од страна

Социјалните медиуми се хранат од нарцизам на едни и воајерство на други. Исцрпувачка е нивната лакомост, редовно да се храни „ѕверот“ и што почесто да се става нешто од себе за после да се проверуваат лајкови и шерови. Кога ќе видите некоја од тие гламурозни и исфилтрирани фотки, само помислете колку туфкање и местење требало и како тоа мора да изгледало пресмешно од страна.