Разно

Магичниот круг на ужасот на социјалните медиуми

На Фејсбук и посебно Инстаграм луѓе изгледаат како да имаат подобар и посреќен живот отколку што стварно имаат. Луѓе ги гледаат ваквите фејк претстави, потајно мислејќи си - нит сум толку среќен, нит така добро изгледам, значи сигурно не ме бива. И кругот се повторува. Во реалноста, првите ниту се толку способни, ниту се толку среќни (добар дел страдаат од депресија и слично), а и никој не изгледа добро цело време; вторите, не се ни толку несреќни, ни толку грди. Дослушајте што друго имаат да кажат Елон Маск и Џо Роган на тема социјални медиуми.

Како се „крпат“ туристи, Прага, втор дел

Истиов човек пред некое време ја објаснуваше измамата со жолтите банкомати во Прага (и низ цела Европа). Овој пат измамата е полокална и се однесува на трафики и продавници за цигари и ситнурија во Прага, а се сведува на тоа дека имаат две различни цени, една за локалци, една за вас прекрасни туристи.

Митови за храна стари само 25 години

Како поле во кое митовите и новите трендови се во констатен галоп, прегазувајќи се еден со друг, колку да излезат на површина барем на некое време, малку е веројатно дека она што денес сметаме за „бибилија“ во исхраната, во некои следни 25 години нема да биде слично смешно.

Еден век непушење

Во Хаваи е предложен закон за постепено зголемување на старосната граница за купување цигари. На крај на „прилагодувањето“ (во 2024 година) треба да испадне дека е забрането за секој под 100 години.

И филмското е платно

Како за две визуелни уметности, не е чудно што ликовната и филмската често се „дирну“ (од дихотомијата кај Звонко Богдан „Ил се дирну ил се не додирну“). Филмски сцени со референца на некои ликовно уметничко дело.

Планета на крчкање

Видео приказ на температурните аномалиии во светот (нè има и нас) од 1880та година до денешни времиња. Почекајте да дојдат 90-тите, да видите како почна да се вари жабата.

Јака воспитна за Џон Оливер, со лева

Ако на здрав начин го сакате Оливер, на здрав начин ќе ве фасцинира и ова педантно рашрафување на неговата емисија за Венецуела. Што сокрил, што кажал погрешно, што извадил од контекст, што спинувал.... Колку само многу време, енергија, знаење и информации се вложуваат во обид да се дебатира со политички неистомисленик! Кај нас би било доволно да го прогласите за небањат или продаден. Гледајте на раат, многу се дознава и за Венецуела.

Дечкото кој ги прозва милијардерите од Давос

Млад историчар првпат се среќава со елитата од Давос па на еден панел им вика дека ситуацијата на тој самит му изгледа исто како на состанок на пожарникари да е забрането да се зборува за вода. Преведено на давоски терен: никој не зборува за вистинската тема: како милијардерите да не избегнуваат да плаќаат поштени даноци.

До последен милиметар

Од врвни човекови достигнувања издвојуваме - работи што се упасувани во милиметар. Веројатно меракот да ги гледаш е надминат само од меракот да направиш вакво совршенство.

Водич за измами на банкомат низ Европа (и посебно Прага)

Не е класичен грабеж ама сепак е грабеж, а целата измама е во курсот и надоместокот што го плаќаш за вадење пари од банкомат. Во видеото станува збор исклучиво за банкомати на Еуронет (жолти со сино лого) и ги има низ цела ЕУ, вклучително и низ градови од локалниов дел од ЕУ (Бугарија и Грција).

МЛК: За ова ли се боревме?

Американската национална митологија денес го третира Мартин Лутер Кинг како дел од наративот за исклучителноста на американската нација. А неговата борба со капитализмот? А неговите барања за радикална промена на економскиот поредок? Професор од Принстон за тие замаглени делови од животниот ангажман на човекот кој не беше само „црн херој“.

Кристина, наш чоек

Кристина Кузмиќ е Хрватка од Осијек која живее во САД и има еден од најпознатите блогови за родителски совети. Како на убава и популарна жена, во коментари и во пораки ѝ се става секаков џган и олош, главно од оние „јаките ебачи“. Бидејќи игногирањето не секогаш дава резултати, и бидејќи таквите џукели не го заслужуваат раатот на анонимноста, Кристина почнала да го прави она што и ние понекогаш го правиме: ги вади јавно, со слики, со имиња и презимиња. И сега, оние најдосадните почнуваат да ѝ звоцаат: ама приватност, ама немој така... Кристина, само така! 

Дедо, алал и на здравје, и на дух

Човекот по сопствена пресметка има 82 години, а по наша пресметка би било греота ако не истера уште толку, со исто здравје и исто расположение.

Кој сака да биде Клавдиј?

Инсерт од старата, одлична серија на Би Би Си, „Јас, Клавдиј“, колку да ги заинтересираме луѓето кои не ја гледале (заради младост или бесвест) или пак да го испровоцираме јавниот сервис да ја репризира. Сè што треба да знаете за човечката психопатологија кога е во прашање моќта, сè што треба да знаете за безграничната злоба, лакомост, бруталност и бескрулозност за доаѓање или останување на власт, сè имате таму.

Не-органска вс. органска храна

Една споредба вели: да се базираше потребата и корисноста на вакцините на приближно лабава наука како онаа на која се базира потребата и корисноста од органска храна, ќе гледавме како луѓе со вили и мотики бркаат доктори по улица.

Како ќе ја преживееме 2050-та, кога ќе нè има 10 милијарди?

Биологот Чарлс Мен потсетува на три факти кои ги знаеме за животот на оваа планета. 1. Популацијата на видовите е регулирана од природната селекција. 2. Одвреме - навреме некој вид знае да избега од ваквата регулатива па да му се случи експлозија на популацијата. 3. Експлозија на популацијата на еден вид никогаш не завршува добро.

Чистење кровови во зима: Норвешка вс. Русија

Делови од планетава кои редовно се зафатени со сериозни зими имаат развиено напредни методи за справување со истите тие зими. Некогаш методите успеваат, некогаш  само ќе научат како не треба.

Трите најпопуларни ТЕД бизнис говори од минатата година

Точно дека сè ова што ќе го чуете од четирите говорници (последниот говор е од дует) нема да може копи-пејст да го аплицирате на сопствениот случај и ситуација. Ама уште поточно е дека има многу што да научите од овие.

Родителство во време на новогодишна гужва

Не е спорно дека и ова е уште една „принцеза на тато“, само што оваа принцеза има избрано погрешен ден за да го тестира трпението на истиот тој тато.

Секој еден збор да се слуша со исклучително внимание

„Ви текнува кога овие пуритански, арогантни, цензорски напади на комедијата беа позицијата на читателите на Дејли меил? Е сега ние сме тие, Гардијан, Индепендент, Си-ен-ен,“ плус уште неколку клучни работи што Џонатан Пај има да сподели со вас околу монеталната состојба на комедијата и ловот на неподобни комичари. И да се ислуша човекот до крај со идентична посветеност.

Жена со хват

Самоуката Лора Кампф сака да ја почнува годината со рекапитулација на она што го сработела претходната година. 30 проекти во 10 минути. Лапајте идеи.

Оди па укради им го мемево на Кинезите

Главен проблем со изведбата е што ти се потребни 4 генерации од твоето семејство и тоа сите од ист род. Па ако си машко, освен ти, потребен е татко ти, дедо ти и прадедо ти (или кои и да се другите тројца во зависност од твојата позиција во семејното дрво).

Овошје за луѓе со јак стомак

Пробувате да ни го одмилите прасето кога ни викате да замислиме дека тоа некогаш било живо и мрдало? Рачунајте дека сме фитка.