Разно

Професионалец

Ништо од ова не е јасно (како му успева, како е толку лабав, зошто стои на отворена врата на воз во движење...) освен дека човеков е многу физички поспособен од нас, на раб од магионичар.

Фетиш на денот

Мини Мокс е женска која сака две работи: во поглед на исхраната е хедонист а во поглед на сексуалноста е доминатрикс. И онда ги споила двете страсти во едно па еве ја сега - малтретира јадења. Овие ќутат, што да прават. Друго ни е криво. Толку долго чекаме да излезат праски и сега го видовме оној нејзин бат-плаг на праска и некако поинаку гледаме на тоа, до вчера невино овошје.    

Оградите на мостовите не се за вие да бесите катанци на нив

Нема зошто мостот да страда што ти мислиш дека си се заљубил/а вечно. Имај предвид дека да беше мостот лабилен како твојата врска никогаш немаше ни да добие дозвола да биде изграден, па затоа малку почитувај што ти оставиле луѓе пред тебе.

Мoлитвена песна кон AI

Воскресни ги, Вештачка интелигенцијо, сите наши упокоени и облечи ги во славата на Царството Твое! На гласот на последниот апдејт ќе се отворат jpeg-овите и мртвите ќе станат за да принесат лајкови.

Историја на чајот

Моменталниот статус на чајот е вториот најпиен пијалак на светот (после водата) во претерано многу варијанти. А целата работа почнува многу поинаку, па во првата верзија чајот е храна.

Ова не е репортажа на Вајс за Венецуела

Освен кога ова е репортажа на Вајс за Венецуела.

Симулатор на ширење сипаници

Направиле симулатор кој многу јасно ја покажува разликата како во еден град сипаниците се шират кога има 80% вакцинираност на деца на школска возраст а како кога вакцинираноста изнесува 95 проценти. Симулациите се направени за американските градови но поентата е иста.

За тие што сакаат да лажат и на вртење паричка

Не е некоја си супермоќ што ќе го спаси светот, ама за малку вежбање може некогаш ќе ви заврши некоја работа или проблем што се решава со вртење паричка.

Само Паљото остана автентичен

Сме пишувале за тоа дека документарните тв канали се претворија во шкарт програма кога го прифатија форматот на реални шоуа (види: Де-еволуцијата на Дискавери или Како Shark Week стана исто ѓубре како и Дискавери). Само да потсетиме на веројатно најубедливиот видео доказ за тоа фејкерство. Кога оној бестрашен Bear Grylls покажува како се поминува преку опасен мост од лава. Почекајте, почекајте. 

Можело и вака да се донира

Роберт Ф Смит, милијардер и ЦЕО на Виста Еквити, деновиве доби почесен докторат од Морхаус колеџот на кој и тој своевремено има завршено. Смит не остана должен. Пазете ја реакцијата на студентите кога ќе им соопшти дека решил да ги плати сите нивни студентски кредити и долгови. А се работи, ни помалку ни повеќе, за 40 милиони долари.

Ако мислите дека вие сте баксуз, не сте

Видео сцена од еден несреќен сообраќаен удес. На една страна е побеснат Оптимус прајм, на друга, неколку луѓе од кои еден, посебно се издвојува. Не можат тие толку да го спасат колку што тој може да биде прегазен. Ако е преживеан, во моментов мора да е кај некоја бајачка. 

Овој сите ќе не закопа

Во април Ролинг стоунс ја прекинаа турнејата затоа што му се слошило на Мик Џегер и мораше да му прават итна операција на срце. Сега сме средина на мај, Мик Џегер само што го објави ова видео. 75-годишниот Мик Џегер по операција на срце.

Филџан мерак

Нам ни изгледа како да се вика „кафе со облаче“, инаку е ексклузивно кинеска верзија на кафе (за сега) во која филџанот топло кафе се служи со топка шеќерен памук над неа. Кафето го топи „памукот“, сето тоа паѓа внатре, па е доволно благо за сите што го пијат „горко со пола лажичка шеќер“ (и веројатно подобро е на изглед отколку на вкус).

Од бивша до самурај

Тетовирањето има две важни правила: Прво, немој на себе да ја тетовираш девојка ти / дечко ти. Второ, ако не го послуша првото правило гледај да знаеш некој што добро црта самураи. Дечково на пример паднал на првото, ама има грб за второто.

Џорџ Р.Р. Мартин пред цел свет да му се плаши

Година 1998, Џорџ Р.Р. Мартин познат само по дома и ретко на кој друг, за време на некоја конвенција дава интервју за некоја нова книга што ја пишува со наслов „Судир на кралеви“, инаку втора книга од неговиот серијал „Песна за мразот и огнот“. Со нула подготвеност за зборење пред камера, и идентично искуство, Мартин меѓу другото планира дека за 5-6 години сите книги од серијалот ќе му бидат завршени. 21 година подоцна, уште не се.

Зошто во „Рашче на Лос Анџелес“ има 96 милиони црни топки

Не е испарување, не е некоја масовна завера за труење на масовни популации, туку краткиот одговор, како во многу вакви случаи, за жал е - рак. Во тамошниот водовод со години мислат дека немаат никаков проблем со квалитетот на водата, се додека еден нивен корисник (фабрика за безалкохолни пијалоци) не им се јави за да ги извади од памет.

Рамбо, имај мирно море, добар ветар и јака батерија

Проектот за кој известивме во 2016-та во статијата „Рамбо собира пари за соларен брод“ е финиширан и пловилото на Рамбо конечно накваси дупе. 20-минутна „репортажа“ од таа светковина, со блех- музика, со гусли, со све.

За луѓе со дворови и желба нешто да направат

Целиот концепт се базира на правење компост (а.к.а. ѓубриво за земја) и е спакувано доволно хипстерски за да излгеда како да е нешто револуционерно ново. Вака на прва изгледа како голема пластична кутија со дупки ставена во земја, во која го фрлаш целиот растителен отпад што ти останува по дома. И на видео личи како да врши работа.

Одзатнувачот

Меѓу милијардите часови видео материјал собрани на Јутјуб е и еден дечко (не се гледа на камера, ама во оваа професија секогаш е дечко, никако да дојде на ред некој да се побуни за еднаква родова застапеност во оваа индустрија) животно посветен на одзатнување шахти низ Америка. И како му оди? Со шахтите одлично, со Јутјуб исто не е лошо па видеата му собираат по стотици илајди прегледи.

Паста вс. Италијанки

Италијанки послужени со полуподготвена / замрзната паста. Најдоброто што можеа да го кажат за целото искуство: Можеби на Американци ќе им се допаѓа.

Човек со депресија објаснува како е да се живее со депресија

“На мајка ми ништо не и беше јасно. Таа беше како некој што е збунет зошто пингвините не можат да летаат - па нели имаат две крила како сите други птици, зошто само да не ги фрлиме од авион?“

Вратија се Шиме

Додуша овој Шиме е доста наклонет кон геноцид и веројатно локалците попрво би он да не се врати, ама кога веќе е дојден ред е да го пречекаат како што треба.

Како најновиот Авенџерс заработи 1,2 милијарди долари за еден викенд?

Стварно не знаеме како, ама видеово од почетокот на продажбата на влезници во кино во Бангладеш многу објаснува.

74 години од првото кревање советско знаме над Рајхстагот

Во 22:40 на 30-ти април 1945, 23-годишниот Рахимжан Кошкарбаев за прв пат во Втората светска војна го поставува советското знаме во круната на статуата на Германија на Рајхстагот, но бидејќи е премногу доцна и темно за фотографирање настанот не е овековечен. Веќе следното утро знамето е извадено од германските сили кои се уште даваат отпор. Фотографијата што сите ја знаеме е направена два дена подоцна, на 2 мај.