Разно

Ким во Русија

Ги памтите оние неговите бодигарди кои трчаат околу кола кога тој се вози? Ок, ама тој некогаш се вози и со воз. Душа мила, ризик јак, колко можеш, ќе пребришеш тоа рачките.

Овие да тргнат со ќотек ќе го освојат цел свет

Забезекнат, новинарот на Би-би-си објаснува: додека ние ги снимавме од блиску, формите што тие ги правеа можеа да бидат видени и од сателит. Ништо ЦГИ, ефекти, фори, чисто кинески масовна демонстрација на кунг-фу.

Марвел си гази

Графички приказ на заработката на филмските франшизи во период од 20 години. Актуелниот победник се појавува дури некаде на половина пат.

Сета твоја болка, сето твое разочарување

Од големите порази секогаш се учи нешто, а знаат добро да влијаат на карактер, ужасни се тоа секојдневните ситници што педантно ги шмирглаат твоите нерви.

Тандем на денот: камионети и трупци

Ваква пракса може да се развие само во земја со многу камионети и многу Американци, и многу е важно овие вториве да се упорни наспроти сите препреки што би ги поставил здравиот разум.

Работи глобално, копај локално

Изгледа како некаков симулатор на кој се учи да се управува со багер. Само што е нешто посериозно: багерист од Германија вистински копа и работи на вистинска локација во Јужна Кореја. Ќе биде интересно кога нечија бавча во Вајоминг ќе биде уништена затоа што на багеристот од Лаос не му бил денот. Глобализација, јеби га.

Кога син ти е „инфлуенсер“, а тебе не ти е сеедно

Ако сакаш мерка за тоа колку не му е сеедно, само види што е спремен да ѝ направи на сопствената кола чисто заради сеир.

Зошто мажите не врцкаат со кукови кога одат?

Не дека нема и такви мажи кои мешаат со колкови додека одат, и затоа, ова видео е најмногу за нив. Немојте бе дечки, ќе се повредите. Анатомски не сте градени за врцкање.

Раката која одмора не се суши

Кинези направиле машина која се вика „Екстрактор за сперма“ која им помага на донатори на кои им е неугодно да мастурбираат по болници да го изнудат семенскиот материјал од себе. На установи продаваат по 10.000 машинчиња годишно, што не е ништо во споредба со бумот кој можат да го направат ако понудат домашна варијанта на Али Експрес.

БТР да имаа вакво...

Ние сме контент типови па резултатот баш и не нè одушеви, но, техничките перфорфманси на оваа шклопоција се импозантни. Прстен од 24 камери (Кронос 1,4) кои можат да снимат 68 гигапиксели во секунда, 720p на 72.000 фрема во секунда.

Непотребно комплексна дилема на денот: колку дупки има цевката?

Попросто прашање веројатно и нема да чуете во скоро време, барем така изгледа додека не почнете да го гледате видеово.

Битно сакаше да помогне

По системот „важно е да се учествува“, мајсторот во тракторот стварно влезе со најдобри намери во работава, и тоа треба да му се памти.

Трамп се прави на удрен за Викиликс

„Не знам ништо за Викиликс, не ме занимало, не е тоа моја работа,“ изјави американскиот претседател за апсењето на основачот на Викиликс во Лондон, по  потерница од САД. Истите тие зе кои не знае ништо, во текот на кампањата ги има спомнато преку 140 пати.

Готварски лаги и измами

Да пробаш ова да го повториш нема да ти успее во 10 од 10 случаи, ама затоа што нема да пробаш да го направиш туку само ќе го гледаш, меракот е неизмерлив.

Современа математика вс. пазарџиска математика

Веројатно новава има некои многу понапредни примени и не е фер да се руга, ама сепак, барем во видеово заслужува.

Најдобрата учителка на светот

Добитничката на глобалната награда за 2018 година се вика Андриа Зафираку и работи во еден проблематичен кварт на Лондон. Децата во тоа школо имаат 35 различни мајчини јазици и над 80% се со проблеми со англискиот. Па сепак, на Зафираку не ѝ се троши ентузијазмот да го подбутне секој ученик да извади максимум од она што го носи во себе.

Иде глечер

Туристи се шлаат на брегот на Исланд и зјапаат во глечери, кога еден од глечерите паѓа жртва на глобалното затоплување. Интересно, само за тој што снима.

Нуклеарки 3,2,1...

Што ќе бидне ако сите нуклеарни бомби во светов бидат детонирани одеднаш? 4.500 градови (оние со над 100.000 жители) и 3 милијарди луѓе можат да се убијат инстантно. И - драгичка! - ќе останат уште 1.500 нуклеарки. Што ако тие се соберат на купче и се детонираат негде џенем, во Амазон?

Л.А. има свое Баиро

Со помош на медиуми доволно сте прошетале по црвените оскаровски килими, холивудскиот гламур или луксузните вили на Прекардашијанки. Чисто за да одморите очи од тој блескав свет, елајте да се повозиме, денски и полека, низ еден кварт во Лос Анѓелес кој се вика Скид Роу (во Даунтаун).

Римејк од длабокото

Лимонадата од 90-ти со Вил Смит, Принцот од Бел-Ер, преадаптирана во мрачна драма како денешниве. Исто сценарио, исти ликови, само без музиката и траката за смеење.

Како е да имаш 19 деца?

Не туѓи, внуци, посвоени или како френдови на социјални мрежи, туку лично родени 19. Затоа што вие сигурно не знаете, а не ни познавате некој што знае, да ја чуеме Свитлана Ковалевич, мајката на овие 19. Бонус, селото (Глијне, Украина) има над 100 семејства со повеќе од 7 деца, а вкупно селото брои 3.000 деца.

Ситуацијата во која државата е главен работодавец е совршен терен за секој облик на деспотизам

Разговор со Небојша Ромчевиќ, српски драматург, сценарист и театролог. За вистината, хуморот, незадоволството, читањето, театарот... Смирено, умно и педантно расчистување на купиштата во кои секојдневно се фаќаме себе си затрупани.

Најнемирната градинка на светот

Подобро е дете да се качи на кров отколку да го мине детството под покрив, поентира архитектот Такахару Тезука порачувајќи дека на денешните деца им е потребна мала доза опасност, за да научат да живеат во овој свет. На ТЕД објаснува како дошол до дизајнот на бучната, растрчана и разскокана градинка која на децата им нуди една маргинализирана опција - да бидат деца.

ИСИС, последната линија

По нивниот пораз во битката за Багуз, прогласен е крај на калифатот и се случува досега најмасовното предавање на ИСИС, нивните борци и логистика. Само да ја видите таа колона.