Разно

Бајден против Бајден

Колку што Џо Бајден има кажано и направено против дилерите на крак, излезе дека син му Хантер толку има направено за дилерите на крак. Некому му текнало да ги спои овие две достигнувања.

Товариш Фау Чи

Ако против САД и Западот се води хибридна војна со пропаганда и лажни вести кои внесуваат збунетост и немир на населението, тогаш доктор Ентони Фаучи, со оглед на тоа што сè има кажано само на тема маски, е еден од највредните тајни агенти на руско-кинеската агентура.

Приказна за лека брачна ноќ

На свадбата му пришла мајката на жената со која се венча и старата му шепнала во уво: „Сега таа е твој проблем.“ Ова го сведочи Рамон Соса, човекот кој морал да ја лажира сопствената смрт за да биде уапсена жена му која нарачала негово убиство.

Тешки муабети за Унгарија

Стивен Сакер го води познатиот, тензичен и но булшит формат на BBC, „Hard Talk.“ Спроти себе го има шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Се зборува за блокираните ЕУ пари за пост-ковид рехабилитација на Унгарија, за сексуалното образование, за извештаите на Фридом хаус, за Пегаз софтверот, за тоа што е популизам а што демократија....

Доењето не е решение!

Просто е невозможно толку да се глупи и потоа со таа своја глупоќа да одат кај Карлсон за да ги мајтапи и шеба како сака. Еве ја неа, тврди дека доењето е релативно нова појава (?) и дека постојат други природни начини да се прехрани бебе. На пример? прашува Такер. На пример со некоја бебешка формула, одговара овој учебнички примерок на инсифуциенција на сиви клетки во мозок.

Митот дека Њујорк нема слободни паркинг места

Како што ќе покаже видеото во Њујорк може без проблем да се најде и целосно слободен паркинг, со десетици празни паркинг места, сместен сред фреквентно маало. Што е тајната на ваквите паркинзи? Цената. Половина час паркирање е 16 долари, еден час паркинг е речиси 45 долари, ама па за тоа до 10 часа можеш да ја оставиш за само 49 долари. П.С. за сите џипови и лимузини подолги од 4,5 метри на сите цени се доплаќа по 12,67 долари.

Френсис Форд Попола

Многу работи во животот се сведуваат на тоа да знаеш точно во кој момент да престанеш со една работа и да почнеш со друга. Во видео монтажата ова важи посебно. Дечкото ефектно се претвора во објекти и плус објаснува како се прави магијата.

Како се градеше Прага

Најстариот сочуван прашки мост, познатиот Карлов мост преку реката Влтава во Прага почнало да се гради во 1357 година а завршен е во 1402 година. Што толку? Ќе видите зошто.

Видео разгледница од Портланд

Една година откако прогресивните власти на градот решија дека е нехумано да се дислоцираат бездомниците заради некаков ризик по јавното здравје во ек на пандмијата, некогаш прекрасниот Портланд е претвореен во дистописка ноќна мора. Антифа владе со улиците, бездомниците владеат со парковите а криминалците владеат со сè друго помеѓу.

Хазарде, педеру

Не е само Александар Вучиќ бахат и надмен со новинари. На австралискиот министер за здавство, Бред Хазард, му укажуваат дека по грешка биле вакцинирани 160 средношколци. Овој ги обвинува дека таквото прашање е јако безобразно и пред да замине, им нафрла: „Тоа беше грешка, па што? Бркајте работа.“

Роди ме мајко идиот и само не ме фрлај во Америка

Улична сцена од Киев во која некој избезумен полугол дечко, со нож во рака им тера инает и им се заканува на украински полицајци. Пазете само колку лежерно еден од џандарите се појави со мотка а друг со конус за обележување на сцената. Во Америка ќе го наполнеа со олово пред да почне да се соблекува.

Не сте имале вие драма

Следен пат кога ќе мислите дека ви се случува драма во животот угледајте се на дечково (па макар и да е фејк) искулирајте и адаптирајте се. Беар Грилс вака се нема снајдено во животот.

Како после вакцината ги изгубив прстите

Одбрав да се вакцинирам заради моите деца, за да не паднам мртов пред нив. Одбрав АстраЗенека бидејќи беше од Оксфорд. Бев многу наивен“, вели гитарскиот маестро Ерик Клептон во искрената исповед за неговото искуство со вакцинацијата.

Дали Линуксаш ќе му даде шанса на новиот Микрософт?

Линуксас го трола Микрософт 11. Сарказам и иронија на најјако. Иконите се во редина, уау! Микрофонот нон-стоп ќе ве слуша што правите по дома? Дупло уау!

Може ли да се договориме дека нема носење бомби на тепачки?

Веројатно самото тоа што кога си излегол од дома заедно со клучевите и новчаникот си ставил и кашикара во џеб, навестува дека си спремен истата да ја употребиш во „ферка“ дури и ако наоколу има 9-годишни деца.

Ламборгини за 65 дена

Ако имате пари, на синот можете да му купите вистинско Ламборгини Сиан Родстер. Ако немате пари, а ве бива за дрво, можете како на видеото. А можете и како нас, да му купите Киндер јајце, па, ако му се падне, падне.

Апдејт: Пластичните кеси и не се така штетни за околината

Ситуацијата е вонредно комплицирана, бидејќи пластичните кеси остануваат штетни, ама не толку штетни на пример како памучните торби или торбите за повеќе користења. Ама за ова да држи треба да се земе предвид која кеса / торба колку пати ќе биде искористена, и на крај што ќе се направи со неа, а и тогаш ќе треба малку штимање на равенката за да добиеш некој резултат.

Мис Стон пута илјада

Конзервативниот кандидат за претседател на Иран, Мохсен Резаеаи, има „веќе виден“ ама набилдан план за решавање на иранските економски проблеми. Со активно учество на Американците. Да киднапираат едно илјада комада и после да бараат пари. Јане Сандански би рекол, брат, многу малтретирање ти е тоа.

Оди па објасни дома

На неброени метри квадратни, на неброени возила, на неборени милиони народ треба да си уникатен тип на баксуз ова на тебе да ти се случи. Снимката е од Мумбаи по неодамнешните обемни врнежи на дожд.

Френк Запа: Како ме одраа Ленон и Јоко

Запа раскажува како му е дрпната песната Кинг- Конг откако ја отсвириле на негов концерт ( а и пуста Јоко се качила на сцена, оти без неа свирка не бидува), но е мастрален со каква луцидност го затепа корпоративниот менталитет на МТВ. Дражесен момент и е самото запознавање на Запа и Ленон, кога Ленон му рекол дека не е грд како што мислел, по што Запа се посомневал во диоптерот на Ленон, пошто вика дека тој секогаш бил грд колку што може да се биде грд.  

Кинески татко на денот

Тежината што Гаокао испитот (кинескиот приемен за на факултет) го има во одредување на животот на Кинезите до сега е опишана на долго и на широко, меѓутоа речиси и да не постои текст кој може така успешно да го долови пеколот на овие три дена полагање како татко на средношколец што полага кој со сатар ги брка колите што свират на улица пред училиштето.

Камала била-не била Харис

Ја прашуваат кога ќе одите на граница. „Ние сме биле на граница, сме биле на граница...“ повторува таа. „Ама вие лично не сте биле,“ ја потсетува новинарот а Харис, мртва-ладна, одговара во стилот „е добро де, јас не сум била ни во Сарамзалино, па што?“ Ете, и тоа еден ден ќе стане претседател на Америка.

Мајтап со времето

Кога би знаеле да си играме со времето, вака би изгледало тоа. Пошто не знаеме, мора да се учат видео техники.

Виљушкар за секој дебармаалец

Некој на некого во Британија му паркира на влез во фарма. За несреќа на некој, некого има виљушкар ама нема некои дебели нерви.