Разно

Зошто се празни скапите станови?

Како и во Скопје, и во Њујорк или Лондон зјаат празни многу скапи, тазе купени станови. Разликите во причините се во нијанси; во крајна линија се работи за легализирање некакви црни  пари. Таму купуваш прескап стан од десетици милиони долари, го заложуваш за да добиеш кредит и после тие легални пари ги ставаш во акции. Чиста работа.

Вицот наречен Обединети Нации

- Присуството на американски воен персонал во Сирија без покана на таа држава, не ве потсетува ли на една друга актуелна ситуација на друго место за која постојано се повикува на Повелбата на ОН, меѓународниот поредок, се цитираат резолуции? - Нема американски војници во Сирија! - Ако нема, како беа повредени петмина во напад во Сирија?

Цената на полската помош на Украина

Русите сакаат да ви го земат Донбас, ама ние ќе ви помогнеме да го браните. Тие највероајтно на крај сепак ќе го земат Донбас, ама заради тоа што ние ве браневме, ферски е да ни го вратите Лвов. Анкета со Пољаци кои имаат предлог за компензација.

Како функционира банкомат во Украина

Ако побараш да бидеш услужен на руски јазик, добиваш порака „Слава на Украина!“ (и толку од услугата). Ако сакаш банкоматот да ти ја врати картичката, ќе мора да ја одобриш украинската порака „Слава на хероите“. Многу елегантна демонстрација дека актуелната војна е и битка за западните демократски вредности. 

Кога Зеленски го бранеше рускиот јазик

Зеленски стана претседател со мека реторика за враќање на раатот на луѓето кои живеат во источна Украина и сакаат да зборуваат руски. Во тоа време, и самиот тој зборуваше руски. Поради јазот меѓу ветеното и она што реално се случи, некои го викаат „најдобро платениот актер на светот.“ Оти па Заев послаб беше.

Бабо, возбудена ли си?

Еутаназијата е премногу деликатна и интимна работа за да носиме ригидни морални ставови околу тоа. Ама, да се прават инспирациони видеа на темата? Еве една „инфлуенсерка“ која ја снима својата баба на која веќе и е закажан датум кога ќе биде заспана и умртвена. Па онда ја прашува како се чувствува што ѝ се ближи денот и дали е возбудена околу тоа.   

Вести од вакциналниот мамурлук

„Во целата моја кариера во која сум препишувал секакви лекови, немам видено нешто што е помалку ефикасно а прави поголеми белји отколку вакцините“, вика доктор Асим Малхотра кај Роган. Информира и за ова: ги повториле студиите кои ги правел Фајзер и Модерна, ама овојпат независно. Добиле резултати кои на вакцинираните нема да им се допаднат.

Асад мора да замине! Да, а?

До пред само неколку години, на Запад постоеше консензус дека сирискиот претседател мора да биде отстранет од сцената. Консензус силен и челичен како оној што моментално на Запад постои во врска со руската инвазија на Украина. И каде е сега Асад? Ене го, после 12 годишна забрана, галантно им држи лекции на Арапската лига дека само обединети ќе ги биде.

Рајли Рид е пишман околу порното

Жената која повеќе од 10 години е еден од носителите и најпрепознатливи ликови на порно индустријата деновие се отвори за проблемите во животот што и ги создала професијата од која направи милиони долари. Главно се работи за семејството, кое или не сака да ја види или ја сака за пари, ама и по двете основи и е смачено.

Метафорите на Грета Тунберг

Грета Тунберг стана глобално позната после драматичната порака: „Сакам да паничите! Сакам да го осетите стравот која јас го чувствувам секој ден!“ Некој чичко сега ја прашува, врз основа на која тоа студија или научен извештај таа го формулирала апелот за паника. Грета вика, не постоеше таква студија, тоа беа метафори. Е, па, добро.

Чекај да чуете приказна

Девојката има Онлифанс на кој има еден изразито активен и анонимен претплатник кој во рок од 2 месеца троши околу 2.000 долари на најразлични нарачки (видеа / слики). По некое време истото корисничко име и се појавува и на Тикток, каде и покажува дека корисникот и е од контактите на телефонот.

Не е Маск толкав фраер колку што новинарите се станати мизерни

Журналистот сака да разбере зошто Маск на Твитер пишал што мисли за Сорос (види овде). Демек, можел тој така да мисли, ама зошто морал да го напише тоа јавно, нема ли така да изгуби пари, нема ли да изгуби реклами... Баш онака како што размислува секој полтрон и мекотел на планетава Земја, мислејќи повеќе на својот задник отколку на својата кичма.

Обединети нации, тешки гмизавци ве газат

Поштено станаа кога од нив се побара минута молчење за жртвите во Украина предизвикани од руската инвазија. Потоа рускиот амбасадор го побара истото, ама за сите жртви таму, почнувајќи од 2014 година. И овие седат ко кленови, ко најмизерни полтрони од селски партиски комитет, сè додека некој не им климна со глава и им даде знак дека, ете, може да станат и за тие жртви. 

„Женски оркестар“ од новото време

Да им го направиш ова на лица со Даунов синдром во кој било друг контекст освен оној „прогресивниот“ и „разбудениот“, инстантно ќе бидеш прогласен за пис оф шит поради манипулација и злоупотреба на нивната ранливост па ќе тргнат во линч и твоја екскомуникација од јавниот простор. Ама, ете, им се може, да ги претстават овие срцки во дрег-кралици за да им парадираат на некој ЛГБТ Прајд.   

Мат Волш разговараше со трансџендер обоената лезбејка Рајан Веб

Веб е советникот од Делавер кој пред некое време објави дека се чувствува како небела жена лезбејка. Волш седна да разговара со Веб за неговата храбра трансформација, смелоста да излезе во јавност и како воопшто му дошле сите тие чувства.

Овие со „згрешената траса“

Инфраструктурна интервенција во кинескиот град Кингдао: рушат еден голем надвозник, прават ново сообраќајно решение и нормалниот сообраќај продолжува после прекин од само пеесет и четири часа.

Колку многу е важен ТСМЦ за глобалната економија

За време на Глобалната конференција на Милкен институтот на еден панел американскиот конгресмен Сет Мултон ја нафрлува идејата во случај на кинеска инвазија на Тајван САД намерно го уништат ТСМЦ (најголемиот производител на чипови на планетава), на што инстантно од кожа се извади неговата соговорничка поранешната американска заменик-министерка за одбрана Мишел Флоурној.

Страшно, пострашно, фентанил

Рангирање на дроги според тоа колкава грамажа / количина им треба за да убијат просечен човек. Според ова мерење, доволно е да пројдеш покрај фентанил за да те убие. Отприлика.

Султан Сулејман немал ваков митинг

Во кампањата за изборите на 14 мај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган деновиве одржа митинг во Истанбул. Според бројките од неговиот изборен штаб на митингот имало 1,7 милиони луѓе.

Умни зборови на слободоумно лице

Се тргнав од ЛГБТ движењето кога почнаа да буткаат хормони, кастрација и стерилизација на деца. Тие веќе не се борат за еднаквост и вклученост туку за културна доминација. Од мали нозе, земав облека од сестра ми и се облекував во неа. Да беше сега тоа, ќе ме убедуваа дека сум во погрешно тело. А само сакам да сум слободен, да сум геј, да носам перика и да се забавувам.

Дечкото со приоритетите

Фатил на ТикТок да рецензира храна: кечапот бил полн со шеќери, варените јајца не биле излупени, компирите се полни со јагленхидрати, овесот е токсичен, амбалажата воопшто не е еколошка.... Што храна е тоа, во Мериот, кај Џејми Оливер? Не, се работи за порција храна која ја добил како хуманитарна помош во шелтер за бездомници.

Сам себе го абортирал

Ако абортусот произлегува од правото жената слободно да располага со своето тело, значи ли тоа додека е бремена може слободно да зема метрамфетамин (една од најопасните дроги за плодот)? Не, инстинктивно ќе одговори дечкото па после ќе се самоотепа во објаснувањето зошто не.

БЛМ психотерапија: Истреси му се на цајкан

Краток увид во тоа низ што често минуваат црни полицајци во сојузни американски држави кои се водени од квази - прогресивни сили. Ова е во Њујорк (во кој Бил Де Бласио се фалеше дека за 93% намалил полициски легитимирања, ама не и дека за 65% е покачен бројот на оние кои живеат во шелтери). Брат црнец му се сука дека е предавник и пичка затоа што е црн а носи униформа. Во Ајдахо не може баш вака.

Едно гледиште на колапсот на Вајс

Анализата вели: Медиумот што тврдеше дека е тука за да ги пренесе вестите, всушност цело време се занимаваше со измама и манипулирање на јавноста, и на луѓето им се смачи тоа. На сличен начин страда и Дизни со постојаното инсертирање на „разбуденост“ во нивните цртани. Пораката е не е важно дали тераш крајно лева или десна агенда, само ако си се одлучил за такво нешто прави го тоа отворено, а не да глумиш дека си објективен.