Разно

Ова не може да не е скеч, така?

Жена, веројатно комшика, доаѓа да зборува со еден сосед зошто тој своето бебе, инаку девојче, постојано го облекува во розево, а проблемот со розевото е што на тој начин таткото не му дозволувал на 2-годишното девојче само да избере кој пол сака да биде. Нели ова не може да не е скеч?

Ред се редат за Еверест

Ситуацијата на глечерот Кумбу, преку кој се стига јужниот базен камп на Еверест, вечерта на 2-ри мај. Отприлика како да се студентски прашања во испитна сесија.

Гесло на една надворешна политика: Сакале или нејќеле

- Дали е ок вие (ЦИА) да рушите демократски избрани влади во други држави? Какво право има ЦИА, американската влада или која било странска сила да го прави тоа? - Ако е тоа во наш национален интерес, ќе го правиме. Ќе интервенираме секогаш и секаде ако е тоа во наш национален интерес. Сакале или нејќеле. Свету, навикни се на тоа.

Како со два авиона се рушат три згради?

Од сите детали околу нападот на Њујорк на 11- септември, рушењето на третата зграда (Број седум) останува најнепријатното „камче во кондурата“ на официјалната верзија на настаните. Се срушила од „опожарениот мебел во неа“. Зграда од 47 ката, се срушила од пожар од намештај?

Како ќе стигнеме до мир, ако никој не зборува за мир?

Новиот бразилски претседател периодов беше силно притиснат главно од Западот, за тоа што со држави како Кина и Индија разговарал за постигнување примирје во Украина. Неговата контра дилема е како воопшто ќе се постигне мир, кога сите зборуваат за вооружување?

Нашите Јаран и Шева

Горан Баре и Цане Партибрејкерс, искрено за своите пороци и финесите во разликите меѓу нив. Баре признава дека од 58 години, од 15 години бил на хероин а 20 години на кокаин додека „„Цане Пикасо“ махерски ги дефинира неговите младешки дилеми, „меѓу игла и кригла“.

Жената која треба да лежи затвор заедно со Фаучи

Ренди Веингартен не се симнуваше од CNN, со мисија да се избори за затворање на школите и на смрт да ги преплашува родителите ако биде поинаку. Нема никаква медицинска референца, тоа го правеше во име на Асоцијацијата на наставници. А самата таа има предавано вкупно 122 дена во животот, последен пат во 1994-та. Ене ја сега, кмиши додека ја рендаат. Премалку и предоцна.

Први мај во Франција

108 повредени полицајци, од кои 18 хоспитализирани, уапсен 291 демонстрант. Низ целата држава, дента, според синдикатот ЦГТ, вкупно 2,3 милиони луѓе излегле на штрајкови.

Која Америка ќе победи?

Америка сè пожестоко се дели по идеолошки линии и се чини и на двете страни нема место за компромис како Америка треба да изгледа сега и во иднина. Едните ко да добиваат ерекција од оружје, другите толку излудени што се убедени дека и другите мора да учествуваат во нивните илузии. Имаме две репрезентативни видеа од двата табора. 

Човекот кој сам исчисти езеро

Загадени се 40 проценти од езерата и реките во светот. Едно од нив е езерото покрај кое пораснал Мино. Треба знаење, скапо е, ама не е невомозжно. Сега Мино се има намерачено да го исчисти најголемото слатководно езеро во Јужна Америка кое го делат Перу и Боливија, древното Титикака.

Хемијата како фејк њуз

„Сè е создадено од атоми,“ ќе ви каже секоја базична книга или учебник по хемија. Добро, го знаевме тоа одамна. Ама, еве го сега теоретскиот физичар Мичио Каку да ни плесне во лице дека цело време сме во заблуда. Ѕвездите се 4% од универзумот а ние, вишите елементи, само 0,03%. Па што е тогаш „тоа другото“? Црнила, браќа и сестри, црнила.

Кварните CNN

CNN своевремено весело ја дочека веста дека невакцинираниот Џо Роган закачил ковид. Освен што се ситеа на тоа среде пропагандната офанзива да се вакцинира и кој треба и кој не мора, освен што повторуваа дека Роган верува во ивермектинот кој пакосно го нарекуваа „лек за коњски паразити,“ мораа малку да си играат и со боите на снимката, па го направија Роган блед и никаков, мислиш поп треба да се вика.     

Ни ковид срам, ни вакцинално перде

Две „парарел слалом“ видеа од тоа што некогаш зборуваа за вакцините а што го зборуваат денес. Едното е од Трудо, другото од Шари Марксон од австралискиот Скај Њуз, Небаре не постои интернет за да потсети кој каде беше кога „вакцините спречуваа трансмисија a никој не беше за задолжителност“, па ќе се лажеме како да сме средсело.

Каде е, што прави Гуаидо од Венецуела?

Американскиот пулен кого Вашингтон не успеа да го инсталира за прв човек во во Венецуела (американската политика некогаш е Заев ама некогаш Заеб) доживуваше лоши денови во својата политичка кариера. Човекот кој мислеше дека не може да не успее затоа што зад себе ја има поддршката од Запад, едно време го ќофтаа кај што ќе стигнат, ама денес е раат. „Ноуан гивс а шит“ раат.

Европски парламент: „Она на А“

Импресивна е брзината со која ЕУ (со право) ја осуди драконската казна затвор за рускиот новинар и политички активист Владимир Кара-Мурза. Таа казна сепак е 150 години помала од онаа која му се заканува за Џулиjaн Асанж доколку биде екстрадиран и процесиран во САД. Ама за него, од угледните членови не Европскиот парламент ни зуц. Тука е да ги потсети само Клер Дали.

Градоначалник на денот

Идеолошките битки околу џендери/мендери беа подносливи па дури и занимливи за следење кога се однесуваа на возрасни лица, ама после некој посака да ja спушти битката меѓу децата и младите и да прави каша-попара и во тој свет. Не поминува тоа секаде лесно и мазно.

До пред некоја година овој ќе беше жив запален на лице место, денес објаснува

Колку ти е покомплициран одговорот на прашањето „дали 12-годишно дете може да даде согласност за секс со возрасен?“ толку повеќе треба со време да си бараш чаре кај надлежни институции.

Бизнис лекции од Илон Маск

- Како може да се отпуштат 80% од вработените и да се води Твитер со само 20% од луѓето? - Ако не се обидуваш да водиш глорифицирана активистичка организација која ќе се бави со цензурирање, сфаќаш дека добар дел од луѓето можеш да ги ослободиш од работните обрски, одговара Илон Маск. На овдешните активистички медиуми им е гајле за ова, покриени се тие со грантови.

Раус, раус, Аналено моме

Троа дебакл и резил ѝ се случи на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг. Откако почна да кажува кој е правилниот став за Ујгурите, Тајван, Русија... домаќинот ѝ кажа дека не им требаат лекции од Европа. А потоа ѝ беше покажано каде е вратата, без ракување.

Не прашуј ако не си спремен за одговорот

„Не мислам ништо, не се разбирам во политика“, рече жената обидувајќи се да го избегне прашањето на новинарката дали треба сите во Украина да се обединат против руските агресори. А потоа нешто се прекрши во неа па сепак реши да ѝ каже што мисли за војната. Според видеото, на крајот сепак некој ѝ затропал на врата. 

Маск го подзапука Закерберг

Такер Карлсон го потсети Илон Маск дека Марк Закерберг од Мета/Фејсбук себе си се смета за олд скул либерал кој е против цензурирање. На ваквиот опис Маск имаше да додаде една стара народна: Не го гледај што зборува, гледај го што прави. 

Како се чува француската демократија

Бидејќи лесно може човек да се помеша да појасниме, овие со шлемовите, штитовите и пендраците не се тие што ја чуваат француската демократија, туку тоа се оние со дуксерите и ранците.

Ќе викне ли некој „Експертот е гол“?

Све мој до моега експерти за зелени енергии доаѓаат на панел на конгресно сослушување и притоа биваат соочени со банално прашање: „Колкав процент од нашата атмосфера е составен од јаглерод диоксид?“ Зналците лицитираат со пет проценти, седум, осум проценти.... Не се ни приближно блиску. Уделот на CO2 не е ни еден процент, ни половина процент, туку  0.04%.

Назад, назад, трансџендер моме

„Зошто мислите дека транс-жените не треба легално да се третираат како жени?“ „Затоа што сум молекуларен генетичар “ одговараа таа и потсетува дека да се биде машко или женско е резултат на развоен процес кој не можете да го вратите назад. Леле бе ова научнициве, стварно ли мислат дека знаат повеќе за луѓето од идеолозите на новото време?