Разно

Лаптопот за кој нè отекоа дека е руски

ФБИ конечно призна дека фамозниот лаптоп на Хантер Бајден е реална приказна. Пред четири години, Твитер и Фејсбук ја цензурираа приказната на Њујорк пост за лаптопот на синот на американскиот претседател, по сугестии дека се работи за руска намештаљка дизајнирана да прави предизборна конфузија. Сето ова време ФБИ змнаеле дека не е така. 20 минутна компилација како се лажеше, и тоа на големо, и тоа од високо. 

Некој ќе мрзне, некој ќе копа јаглен

Питер Хиченс троа ги шокираше панелистите на BBC зборувајќи за фарсата наречена „Нет зеро.“ Вика, ние не само што ги затворивме електричните централи на јаглен туку и ги растуривме, убедени дека сме на прав пат. Во меѓувреме Кина гради две такви неделно, а и Индија не е покусо. „Ако ви се живее во земја во која не можете да си го загреете станот, тогаш верувајте дека нет зеро е интелигентно и промислено решение“.  

Кога ќе го запознаете Клаус Шваб и сличните, сфаќате дека се идиоти

Такер Карлсон за (уште малку) првиот човек на СЕФ: „Тој е како стар идиот, се чини и малку сенилен, појма нема што зборува, тотално невпечатлив... Колку подобро ги запознавате, толку повеќе сфаќате дека луѓето кои го водат светот се медиокритети. Кловнови. Викторија Нуланд на пример, онаа која ја започна војната во Украина, а во суштина е глупа, тажна, дебела жена. Блинкен? Не ме зезај....“

Спиеш ли мирно Еуро 6?

Ова што гореше пред некое време е Газипур депонијата, најголемата депонија на 28 милионскиот главен град на Индија, Њу Делхи. Пожарот не беше ништо невообичаено за Њу Делхи бидејќи секое лето кога ќе дојдат пеколните температури во тамошните депонии избувнуваат пожари. Во меѓувреме ти треба на секои 10.000 км да дотураш Адблу, за да не ти се блокира колата.

Кој прв ќе попушти?

Како што ќе каже непознатиот автор од интернет „живееме во епизода на Саут парк“, а зборува за тоа што во Филаделфија на улица се судрија Прајд парадата со протестите за поддршка на Палестина.

На маркетинг кампањата кратки и се нозете

Американскиот синџир ресторани за брза храна „Чипотле“ решава да ќари на неброените инфлуенсери и обични корисници на социјални мрежи што го сликаат секој залак што го јадат, со почнување на нова пракса на давање далеку пообоемни оброци на секој што снима дур му се прави јадењето, без тоа никаде да го објави. Е па, луѓе разбраа за фората.

Пржење на Фаучи

Роастинг на познати фаци е еден од најурнебесните ритуали на американската култура кој тешко да  може да се изведе на други места. Политички еквивалент на тоа се конгресните испрашувања. На тапет дојде главниот плејмејкер на пандемијата, Ентони Фаучи. Му вадеа снимки што рекол, му покажуваа слики како тоа изгледало, му викаа дека е за во затвор. Поштено го спржија.

И жена знае да жали

36 годишната Далиа Диполито била мажена за љубовта на својот живот само 6 месеци кога полицијата ѝ ја соопштува најлошата вест: дека нејзиниот сопруг брутално е убиен. Ова е снимката од тој емотивен момент. Само што, убиецот кого таа го нарачала бил полицаец. Мажот ѝ е жив и здрав. Додуша и таа е жива и здрава, само на долгогодишна робија. А добра, мајку му!

Како изгледаат овие од интернет, во вистински живот

Реакцијата на извесна госпожа кога ја дознава информацијата дека Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки во обивниението.

570 години од падот на Ѕидините на Теодосиј и крајот на Римското царство

Додека западното Римско царство доживува несреќен крај во 476 година, источното Римско царство (Византија) напредува, функционира и издржува уште речиси 1.000 години до 1453 кога турските јаничари ги прекачуваат Ѕидините на Теодосиј и влегуваат во Цариград. Во борбите, на 29 мај 1453 е убиен царот Константин XI и со тоа и официјално престанува постоењето на Римската империја.

Го знаете Бензион Милковски?

Занимлива забелешка околу сите досегашни израелски премиери - сите се со фејк имиња. Бен Гурион звучи најеврејски во свет, само што основачот на државата Израел не е Гурион туку Грун. А Нетанјаху во оригинал е Милковски (роден е во Варшава). Веројатно за да се подзаборави дека тоа се главно доселеници од Европа па да звучат како автохтони староседелци на древната Палестина.

Каков лик е овој Трамп!

„Мајка Тереза ќе ја осудеа во ваков случај,“ рече Трамп по пресудата дека е виновен дека мувал со финансиски документи за да покрие дека на порно актерката Сторми Даниелс ѝ дал 130.000 долари за во изборната 2016-та да си ќути за нивната наводна секс афера. Една афера од судницата (не сме сигурни колку е автентична ама ептен го личи) и уште неколку рикошети од овој случај.

Што куќа се купува за 2 милиони долари во Калифорнија

Се работи за една од најскапите локации, Пало Алто, а за парите отприлика добиваш нешто поголема од оние картонските бараки во Козле и Тафталиџе. Во случај да ве бендиса а немате веднаш 2 милиони евра да ги платите, куќата можете да ја земете на 30 годишен кредит со месечна рата од околу 13.500 долари.

14 години од една финансиска трагедија

Мај 2010, биткоинот е уште во зародиш, а еден крипто-ентузијаст во желба да покаже дека концептот функционира решава да нарача пица и истата да ја плати со биткоин. Нарачува 2 пици кои по тогашен курс вредат 10.000 биткоини. По денешен курс 10.000 биткоини се 630 милиони евра.

Американци на другата страна на депортацијата

Мексико одлучи да почне да депортира Американци од земјата не само затоа што се неподносливи туку затоа што се насобрале толку многу што го поскапуваат животот за локалците, а и се неподносливи.

Уште на Пол Њумен му беше јасно

Империите и нивните постапки отсекогаш биле лицемерни, само, кој кога ќе го сфати тоа. Легендарниот холивудски актер потсетува на два истоветни момента, кога Израел срушил патнички авион и кога истото тоа го направиле оние од СССР. Американската реакција била комплетно различна. Зошто? Затоа што на империите им треба непријател. Како инаку ќе се изнудат пари за оружје? 

Џефри Сакс: Војната беше испровоцирана

Несреќата започна кога Вашингтон реши да ја придобие Украина за да добие 2.100 километри граници со Русија каде ќе може да носи војници на НАТО, оружје, бази... потсетува Џефри Сакс, еден од топ трите најбарани говорници на светот (можно е скоро да го видиме и на конференција во Македонија). „Самите си поставивме стапица буткајќи ја Украина сè подлабоко во овој безнадежен хаос во кој сега се наоѓа“.

Разбуденоста како кенкање кое не води никаде

„Животот станува многу оптоварен, а не сакаме да се движиме во таа насока,“ ќе им порача премиерот на Сингапур на сите непотребно превозбудените претставници на религијата на разбуденост, притоа многу внимателно дијагностицирајќи го проблемот и лекот за истото.

Кинеско решение за мобилни на часови

За потемелно и поуверливо спроведување на забраната за користење и носење смартфони во училница Кинезите одлучија да употребат една десетици векови стара технологија - кофа со вода.

Сега и ЧетГПТ трошел многу

Уплавот од CO2 и фамозната енергетска ефикасност се два столба на стравот поврзан со климата. За првото ќе бидеме до крај коректни дури кога ќе престанеме да дишеме а за второво постојано се наоѓаат нови непријатели. Еве сега дознаваме дека еден ЧетГПТ муабет трошел енергија колку 17 Гугл пребарувања. Што значи дека енергетски најефикасно би било ако почнеме да бараме одговори од некој кој гледа на гравчиња. 

Солзи со бекграунд

Ако некој ви раскажува како е во неговиот/нејзиниот брак или врска, можете да завршите убедени дека СТВАРНО знаете што се случува таму. Додека не ја слушнете другата страна. Ова е таква приказна: расплакана самохрана се снима како сама си прави роденденска торта, само за да можат нејзините деца да се радуваат додека ѝ пеат хепи брдеј. Тоа проаѓа масовно на интернет. А потоа се јавува таткото.

А ние први да го пробаме ова?

Стариот Ворен Бафет тврди дека може да го реши дефицитoт на државата за пет минути. И навистина идејата е генијална: усвојуваш закон кој вели дека во оној момент кога дефицитот во земјата ќе надмине 3% од БДП, актуелните пратеници и владата автоматски биваат дисквалификувани од учество на следните избори. Па да видиме кој ќе се прави галантен со наши пари!

Има луѓе кои уште веруваат

Трамп испаднал тежок сељак пред јапонскиот амбасадор... Путин признал дека има компромитирачки материјал за Трамп... Трамп држи мигрантски деца во кафези... Трамп не ставил слушалки за превод зашто не го интересирало што има да каже италијанскиот премиер... Сето ова е објавено во угледни меинстрим медиуми. И ништо од тоа не е точно или барем е јако изманипулирано.

мРНК пишман аџии

Научници, доктори,  влијателни медиумски лица, политичари... мала компилација од оние кои беа апостоли на задолжителното вакцинирање за подоцна, поради личен или сличен пример да се предомислат. Нормално, не беа сите тие дел од заговор, туку така ни беше кажано (а некој па и знаел, така ли е Фаучи?). Чисто за некој следен пат, да се намали со чаталење кога се верува дека се поседува конечната вистина.