Разно

Зошто за разбудените е природно да очекуваат некој да е на каиш?

Обидувајќи се да му накалеми на врат на Дејна Вајт се за што ќе проговорат борците на УФЦ, канадски „воук“ новинар, веројатно тргнувајќи од сопствен пример, прашува зошто толку им го пушта каишот на борците.

Самицата на Брејвик

Еден од најгнасните убијци во последниве децении, Андерс Брејвик, ја тужи Норвешка за нехуман третман бидејќи скапувал во самица од 2012, откако претходната година во терористички напад уби 77 лица (од кои 56 на возраст под 20 години). Да погледнеме каде тоа он скапува.

Чувајте си ги парите, ама и мигрантите и ЛГБТ активистите

Пораката од Орбан до централата во Брисел е: „Нема доволно пари на светот кои би нè присилиле да примиме мигранти... И нема доволно пари на светот за кои би ги ставиле нашите деца и внуци во рацете на ЛГБТ активисти. Тоа е невозможно.“

Француските земјоделци не се договорија со властите

Во Франција барем е едноставно, нема тивко страдање, кога на земјоделците не им е по мерак, на никого нема да му е по мерак. А тие па имаат средства и начин како да бидат уверливи.

Комедија, денес

Откако американската армија ги снижува стандардите за примање на нови регрути, магазинот Мад во август 2006 објавува карикатура за тоа како ќе изгледа армијата на иднината. Човек да помисли дека препишувале од книга.

Ова не постои

Ова што пред ваши очи го гледате како игра на видеото и што пред банкарски очи заработува по 30.000 долари месечно, а којзнае што се случува во нејзините пораки по социјални мрежи, не постои. Се вика Лекси Лов и е целосен производ на вештачка интелигенција, или по ново ВИ модел.

Авдивка, Бахмут ти ќе бидеш

Неодамнешна снимка од улиците на украинскиот град Авдивка во кој се случува реприза на ланската битка за Бахмут. Русите на сите загинати уште го немаат освоено, а во исто време не им е проблем да го бомбардираат без запирање.

Британската полиција почна да лови на пијаници

Користејќи ја една од најстарите финти британската полиција пушта на улица свои луѓе во цивилка, што глумат и се тетерават како да се здробиле вечерта, во надеж дека ќе им се налепи некој од локалните битанги што навечер патролираат по улиците. И им успева.

Интернетот како природна селекција

Ако некогаш природната селекција и преживувањето на подобриот зависело од тоа дали ќе можеш да се спасиш од волк или дали ќе бидеш доволно способен да снабдиш храна за да преживееш, денес зависи од тоа колку ти сече да прифатиш или одбиеш интернет предизвик и логика. Пример дека ако збрцаш две вилушки во два тостера тоа меѓу себе се поништува и ништо нема да ти се случи.

На Европа не ѝ излага рачунот

Тешко се пробива реалноста низ оркестрираните европски рефрени дека Украина нема што да се секира и дека во недоглед ќе добива оружје колку што ѝ треба за да изгине во војната против Русија. Само што, Русија самата произведува две милиони парчиња артилериска муниција, плус добива еден милион од Северна Кореја. Европа здружено не може да произведе еден милион.

Пробудете се морни гејмери и гејмерки на Ворлд оф Воркрафт

Видео од една кинеска фарма за ботови за Воркрафт. 6 големи екрани со по 64 отворени инстанци од игрицата или вкупно 384 ботови што собираат ресурси во ВоВ кои потоа ги продаваат „на црно“.

Невообичаена искреноста на Столтенберг

„Дали Украинците ја добиваат или ја губат војната во Украина?“ За разлика од Урсула фон дер Лејен која деновиве во Давос убедуваше Русија губи, првиот човек на Алијансата излезе со далеку потрезвен став. Само, како тоа Столтенберг се чуди што Русите имаат „отпорност кон бројот на дадените жртви?“ Не чул тој за битката за Сталинград?

Која е Ники Хејли?

Вивек Рамасвами (кој се откажа од трката) има теза дека оние што ги влечат конците во американската политика имаат намера републиканската трка за претседател да ја сведат на бинарен избор меѓу Трамп и Ники Хејли, за откако Трамп ќе биде елиминиран на некој судско- процедурален начин, да остане само Хејли, чирлидерка на воено-индустрискиот комплекс. Да ја чуеме неа.  

Да ти дојде да го гушнеш кој и да те малтретира дома со чистење и средување

Дечко сака да му покаже на светот како е да се живее со човек со екстремен уплав од сè од микроби и бактерии па нагоре. Се работи за пространа куќа, на два спрата. На вториот се нема качено откако се вратил од колеџ и тоа е најмал проблем.

Никој не е виновен, дури и жив да е фатен

Канада во иднина ќе го казнува со затворска казна секого што ќе објави видео од кражба затоа што без разлика што некој е фатен на видео како краде, тоа не значи дека не заслужува пресумпција на невиност.

Човекот што спаси 360.000 пити Пармезан

Една од омилените теми за Инстаграм видеа, шпагети што се вртат во пита Пармезан, всушност е изум од зорт на италијанскиот готвач Масимо Батура во моментот кога неговиот град има десетици илјади оштетени пити Пармезан кои не може никаде да ги продаде.

Во Холандија пробаа да го запалат Куранот, и добија ќотек

Може треба од холандска амбасада да пуштат пари и во Холандија невладини да поработат малку на разбирање, мулти-култи, соживот и што и да треба друго за да го стишат фетишот на Холандезите кон палење на светата книга на Исламот.

На пола од овие по дома не им вака средено како во рововите

Русите покажаа како изгледаат рововите што ги имаат ископано на фронтовските линии во Украина. Нормално не им се сите ровови вакви, и нормално овој служи и за деморализирање на другата страна. А изгледаат подобро веројатно од домовите на добар дел од војниците сместени во нив и како Русите уште долги години да не планираат да мрднат од нив.

 

Што имаше на ЦЕС 2024?

Неколку супер интересни идеи и продукти од неодамна завршениот ЦЕС, најголемиот саем за потрошувачка електроника кој се одржува во Лас Вегас. Годинава имаа 4.300 изложувачи, се претставија преку 1.400 стартапи и присутни беа преку 5.000 медиумски и контент креатори. Нешто како успешни приказни од фонд за иновации и технолшки развој, ама ова стварно.

Вие кога би копале до својата црква?

Тепачки и нереди меѓу њујоршката полиција и богобојазни Евреи откако властите дојдоа со камиони- мешалици за да ги пополнат со цемент неодамна откриените тајни тунели кои водат во синагогата. Се претпоставува дека тунелите биле ископани за време на пандемијата, кога верските објекти беа затворени  а овие сакале да се избањаат во миква, ритуално капење за прочистување на душата. Бог да чува.

Отаде слободата

Французинки спремни за искачанка, дополнително се спремаат за да можат вечерно време безбедно да пројдат по улиците на либералната Франција без некому да му дадат оправдание дека го испровоцирале со својот дрес код.

Разбуден катехизис

Како што на крштевка на бебе, поп од кумот бара да каже дека се откаже од сатаната, така доктрината на новата „прогресивна“ религија бара човек да ја докаже правоверноста со тоа што ќе изрецитира дека го осудува расизмот на белците. Ако, на пример, каже дека го осудува расизмот на белците АМА и секој друг расизам, повторно им е сомнителен. Вивек Рамасвами не е белец ама не паѓа на такви глупи финти. 

Бел супрематизам

Бел ориз или интегрален ориз? Интегрален, нормално! - ќе каже некој нов и неферментиран нутриоционист пошто има читано „за влакната“. А дека има 80 пати повеќе арсен, веројатно нема да спомне. „Секоја култура која јаде ориз, го лупи оризот, освен ако сте сиромашни да го лупите,“ гласи репликата. Значи, од интегрално, само интегрално прасе: сосе мрсното и сосе крцкавата коричка.

Сам свој Чебрен

Човеков педантно и зналачки изгради мини брана, покажувајќи ги сите основни чекори и операции потребни за еден таков објект. Сега кога е јасно дека Чебрен нема да го градат Грци ( и тоа поради нив а не поради нас, иако овдешните власти грчевито ја бранеа нивната понуда), ќе треба да се засукаат ракави, за, како што вика професор Димитров, оваа генерација сепак нешто да остави за оние следните.