Разно

"Пржењето" на Доналд Трамп

2011-та, Обама е пред крајот на својот мандат а Доналд Трамп е еден од најголемите кловнови на телевизија, кој се заканува дека ќе стане претседател на САД. Без разлика на сличностите, 2011-та е и никој не го сфаќа посебно сериозно, дури ни самиот тој, па решава да се појави на Комеди Централ.

Пикачу го возвраќа ударот

Таму кај што вие гледате "фино им текна, некој и овие со покемониве да ги здрви со топка", швајцарски Базел гледа беспрекорна разгледница за градот што сите ќе ја изгледаат и ќе бараат уште.

Блиски средби од турско-курдски вид

Околу 1.200 Турци излегуваат на плоштад во Виена за да му изразат поддршка на Ердоган по неуспешниот пуч. Виена ко Виена, на плоштадот има и курдски дуќани, во конкретниов случај курдски ресторан.

Трамп во две видеа, за два дена

Самиот Стивен Колбер признава дека најголемиот проблем што го има со Трамп е што едноставно не може да го пофатиш човекот, таман за едно се избламирал, не поминал ни ден, прави нова глупост. На пример во вторникот избрка бебе (вистинско, автентично, оригинално човечко бебе) од прес-конференција, во средата изјави дека Хилари е основач на ИСИС. И така, веќе година и кусур.

Викиликс упатство за трите штетни договори на кои САД работи во моментот

Во прашање се ТПП, ТТИП и ТИСА чија крајна цел, колку и да звучи параноично, е создавање на нов глобален правен и економски систем, во кој транс-националните компании се ставаат над државите.

Зошто твојот сервисер те мрази, или лаптоп не е за јадење врз него

Поглед на човек што ја има изгубено сета надеж во човештвото, и човек што одамна ја има спукано со Епл.

Катастрофалните вс. Ужасниот

По републиканската конвенција демократите имаа прилично лесна задача и се што требаше е нивната конвенција да не изгледа како природна катастрофа, ама им се случи скандалот со мејловите, па ја изгубија целата предноста што ја имаа, така да почнуваат од исто.

Нај 90-ти видеото на Хилари

Демократската конвенција 1996-та, повторно Клинтон претседателски кандидат, ама овој пат е Бил. Хилари како бекап со цела сила се обидува да покаже дека човек, и дека и она е дел од народот, па макар ако тоа значи и играње Макарена и гледање на остатокот од партијата како се глупира на истата песна.

Кечапот на Самоил

Се јадело низ цела римска империја а рецепти има и од Цариград, од времето на Самоил. Така што, ако сте патриоти со длабоки корења, фер е да пробате. А лесно е: рибата (најдобро скуша) се чисти од внатрешните органи. Потоа рибата можете да ја фрлите а тоа цревата ќе ги посолите и ќе ги оставите да гнијат на сонце, едно три месеци. Да оќориш од сласт.

Како му изгледа "диктатурата" на Западот на човек што живее во диктатура

Хенри Јангмен (американски комичар од времето околу Втората светска војна) објаснува секогаш кога ќе го прашаат "Како е жена ти?" неговиот одговор е "Во споредба со кого?" Исто е и со диктатурата. П.С и се друго.

Братски солзи

Моментот кога Лари Сандерс како делегат на демократите од дијаспоратаго дава гласот за својот помлад брат Берни Сандерс. Срцки и двајцата, се расплакаа кога си спомнаа за прерано починатите родители. Инаку, Лари и Берни имаат растено во оние семејства во кои имало што да се јаде ама царувале дилеми од типот "дали да се купат завеси или тепих'.

Асфалтирање на клоновите

Како да реновираш главна улица сред Москва, а да не ти се случи народна буна, линчување сред плоштад и клетви за идни 7 генерации? Лесно, ќе ангажираш 300 парчиња механизација.

Јаболкото да ви каже нешто за уметноста

Едно обично зелено јаболко и една минута му се доволни на генијален автор ефектно да ги опише главните правци во уметноста. Федерико Монзани.

Краток курс по административна самоодбрана

Зборува за Србија, ама концептот е универзален и може секаде да се примени, вклучително и МКД. Одма ќе го познаете дека зборува од лично искуство, заради што и може така детално да ви го пренесе ката по ката секој потег што треба да го направите во неизбежниот спаринг со шалтерот. Прилично добра збирка шамарања мрзливи / незаинтересирани административци.

Во умот на врвен денгуба

Одлично забавен ТЕД говор кој почнува духовито околу сите лоши навики што ги имате насобрано околу губење време и бегање од обврски, и завршува со уште повеќе нервоза околу сè што немате завршено. Барем не е до тебе, до мајмунот е.

Жетва трејлери, Комик-кон 2016

Конвенцијата заврши, а филмските студија за мерак на публиката успешно истурија сè што до сега го криеа за 2017.

Попот кој носи добри вести

Добро е да го слушнете целото парче а главната поента - неочекувано со оглед на изворот - прилично марксистичка. И гласи: "Не постои пеколот, тоа го измислиле црквите за преку страв да владеат со масите". Не, тоа не значи дека можете да убивате, да крадете и на човек да му ја изедете последната Јафа од Ресаната.

Доналд Трамп и идиотот

Иако насловот звучи како тавтологија, не е. Доналд Трамп е Доналд Трамп а идиотoт, во случајов, е екранот од кој читаше на Републиканската конвенција.

Покемон во Стејт Департментот

Брифинг за новинари во Стејт Департментот, портпаролот Џон Кирби чита изјава за борбата против Исис кога забележува дека новинар на пресот е далдисан по Покемон. На крај, оној кој имаше на нешто да се пожали беше - новинарот.

Како бесплатните игри прават (многу, многу) пари

Работејќи на фримиум моделот, Покемон Го само во САД имаше приходи од 14 милиони долари за неполна недела од објавувањето. Фримиум значи дека можеш слободно да ја играш играта без да потрошиш ни пара, ама пак ти доаѓа да трошиш.

Сите нови серии што ги најави Нетфликс

Во Сан Диего веќе се случува Комик кон, веројатно најголемата конвенција за стрипови, суперхерои и видео игри. Нетфликс на конвенцијата ги пушти трејлерите за три сосема нови серии со суперхерои, плус трејлерот за новата сезона од Наркос.

Точак проаѓа улица во Русија

Не проаѓа кај што треба и му попречува на Порше Кајен. Од Кајенот излегуваат двајца спремни за делење правдина, и после ова не може ни да претставите во кој правец се развива видеото. Не, не е тоа.

Турчинот преку кој минаа два тенка

Турција не е Тијанмен па да ти застанат. Турчинот кој проба да запре два пучистички тенка. И заврши само со проблеми во раката.

Џонстујартјавление

Во длабочините на американската прерија Колбер успеа да го пронајде некогашниот водител на Дејли шоу, за да му ја соопшти информацијата околу тоа кој е републикански кандидат за претседател.