Разно

Багдад берберс клуб

50% мерак колку се добри, 50% трепет колку се брзи со тоа бричот. Без гајле никаде нема да згрешат (барем не на видеово).

Мајки за естетско стишување на куклите

Хиперсексуалноста на куклите за девојчиња е еден од фронтовите на кои се судираат (дел од) родителите и индустријата за детски играчки. Две австралиски мајки, сакајќи нешто да направат околу ова, решаваат да им ја извадат шминката на куклите на нивните ќерки. Несакајќи започнуваат комплетно нов бизнис.

80-ти, ерата пред здравиот разум

Експериментот чини 40 милиони долари, а негова намена била пренесување на исечени дрва од недостапни локации. Со капацитет од околу 25 тони, леталово би требало да предизвика револуција во индустријата за сечење дрва. Кога ова би успеало исто така би било и револуција во физиката и гравитацијата.

На интернетот не може да му се верува

По она што можевме да го заклучиме од пребарувањето по архивата на сајтов, немаме паднато на ни едно од овие видеа (најверојатно). Видеа од типот мечка брка сноубордер, Гопро паѓа од авион и функционира и сл. Сите видеа пуштени како реална снимка, сите видеа монтажа на една австралиска компанија.

Ако рекламите за кафе беа искрени

Старкава ќе каже едно чудно факти и научни откритија околу кафето и зависноста од него, кои без разлика колку страшно звучат нема никако да ве спречат утре денот да го започнете со шолја кафе.

Аплауз за Крива Река

Југословенско драмско позориште решава малку да прошири својата публика, па цел автобус го полни со луѓе од малото српско село Крива Река и го носи во Белград на претстава, чисто да видат како ќе си пројдат луѓето. Пред некоја година истиот овој театар им даде на своите глумци да возат такси низ Белград и со патниците да разговараат за театар.

Како е да се биде Џон Оливер

Без подлабоко навлегување во интимата, запознавањето ќе се сведе на читање пошта од фановите на Оливер, која заради актуелните навики на сè што сака да каже нешто се сведува на интернет коментари. Во конкретниов случај, најлошата можна форма на интернет коментари - Јутјуб коментари.

Што е Покемон ГО и зошто?

Кај да е по тајмлајн се повеќе ќе почнете да читате за луѓе што играат Покемон ГО (Pokémon GO!), а на улица се повеќе ќе гледате избезумени луѓе како одат и зјапаат во мобилниот (ок, ова не е нешто ново). На кратко станува збор за игра за смартфон, во која ловиш Покемони шпартајќи по улици (или па пробај со точак, ама полека), планини, плажи или што и да е. Играта ја нема во Гугл плеј стор за Македонија (освен ако не си доволно упорен и да ја инсталираш од мобилен).

Активист во полициска кожа

Свештеникот Џерет Мопин, активист, поборник за човекови права и гласен критичар на прекумерна употреба на полициска сила, се става во неколку реалистични сценарија во кои тој е полицаец и во дел од секунда треба да реши дали да потегне оружје или не. 

Политички матрјошки

Дел од Индија кој се наоѓа во делот на Бангладеш кој се наоѓа во Индија? Два идиота на малку идиотски начин но многу ефикасно ќе ви го објаснат овој државен инсепшн.

Зошто се случи Брегзит, и што да се прави

Од Британец кој кога се буди на 24 јуни гледа дека неговата земја гласала за напуштање на Европската Унија, премиерот поднел оставка, а Шкотска размислува за референдум кој потенцијално би ставил крај на постоењето на Обединетото Кралство.

Американски вс. британски хумор

Консензусот е дека главната разлика е оптимизмот. Американците имаат, Британците не баш. Авторот на видеово не се согласува со ова, ама па и не дава некој друг конечен одговор.

Нивата од твое маало

Кога Алумина не би била срамнета за да биде претворена во нов расадник на згради, со технологијава слободно би можела да биде претворена во "вертикална нива" што ќе храни добар дел од Скопје со најтазе можен зеленчук.

Како архитектурата во Сирија доведе до бруталната војна

Како добар дел од проблемите на Истокот, сè започнува кога западните колонијални сили се обидуваат да го модернизираат општеството по своја мерка, притоа игнорирајќи сè што таму се случувало со децении. Зборува сириска архитектка која се уште живее во Хомс.

Филозофијата на Бил Мареј

Не негово филозофирање, туку демонтирање на човекот и како му успеа од заебант да се претвори во легендарен комичар.

Саглам кинески тест

Кинезите по дифолт имаат проблем да покажат квалитет кај што било од нивно производство. Сега треба да покажат и уверат луѓе дека мостот од стакло што го направиле над еден кањон е издржив и квалитетен. Како се тестира стакло? Со токмак.

Како функционираат маските на Снепчет?

Некој впрегнал сериозна наука, технологија и софтверски ум за да може некој друг сето тоа да го користи - за да си стави магарешки уши.

Френк Запа за политиката и жените

1) Политичката освестеност е вештачка. Тоа е само уште еден начин да бидеш дел од групата. Некој ќе рече "политика" и групата ќе каже "Дааа, политика". Друг ќе каже "Grand Funk Railorad" а неговата група ќе повтори "Дааа, Grand Funk Railorad!". 2) Секоја жена е за себе, мразам да се гледаат како една група. Не можеш така да судиш за нив. Но, во повеќето примери сфаќам дека тие се глупи луѓе, само што носат сукњи.

По брегзит

Обраќањето првично е до американската публика, ама доживувањето е чисто британско: "Обединето Кралство, место чие име по овонеделните настани почнува да звучи малку саркастично."

Мајсторка

Луи Ц.К. против Џеј Лено, во "не мора да се сакаме, ама барем може достоинствено да се ругаме" расположение.

Барнли и брегзит

Екипа на Бибиси ги минува последниве неколку денови во Барнли, каде две-третини од гласовите отидоа во корист на брегзит, за да види што ги мотивира тамошните гласачи и како размислуваат околу референдумот.

Како правилно се четкаат заби?

Зошто Натали Портман е онолку слаба? Затоа што главно јаде попара. Зошто главно јаде попара? Зашто е слаба со забите. Зошто е слаба со забите? Затоа што погрешно ги четка. Не баш така, ама, ѕирнете.

Откажете се од пушење со помош на печурки

Конечно да наидеме метод за одвикнување од цигари на кој би му дале шанса. Неколкупати. Да, да, ТИЕ печурки.

Иде Дунав, сред трговски

Поплавата во провинција во Кина во голем дел е предизвикана од Ел Нињо, Ел Нињо пак во голем дел е предизвикан од Кина.