Разно

Замрзнати работи vs. чекан

Без разлика колку и да се труди дечково да го сврти видеово на наука, многу повеќе се работи за најосновен мерак да кршиш замрзнати предмети пред камера со забавена снимка. И излгеда баш така добро како што си замислувате.

Кратка туристичка хорор приказна

Не е немање клима, валкани чаршави или општо лошо сместување, не им се расипал автобусот или дека "шоферот не пушташе клима пошто му дуваче во грб", не е ниту лоша храна или "на 8-ми ден ни снема пиво во ол-инклузивот," туку е банкомат на плоштад, сред Виена, и како може да се разбудите без скршена пара на кредитната картичка.

А ова е твојот мозок на храна

Исто како професионалните маалски муабети за тоа која храна како ти влијае на трицепсите, бицепсите и стомачните, само на научна основа и наместо мускули избран е мозокот.

Девиците од бугарскиот пазар на невести

Новинарка посетува ромско семејство во Бугарија кое за кратко време треба да ги продаде своите две ќерки на пазарот за невести. Таа е загрижена како тоа родителите може да си ги продаваат ќерките, родителите се загрижени како тоа ќерките може да не ги слушаат околу тоа што тие им имаат одбрано за потенцијален зет. По ова, оди на прошетка со некои од девојките.

Брегзит според Британец во Америка

Почнува со "Британија, родното место на Битлси, а сепак Ринго Стар на светот," па натаму станува само посериозно како за сегашните последици пред Брегзит (минатата недела беше убиена пратеничка, која според нејзиниот убиец била предавник затоа што се залагала против излегување од ЕУ), така и за земјата вон ЕУ, која и како аутсјадер пак ќе мора да се води голем број правила од Брисел.

Шварценегер за денешните бодибилдери

Ситуацијата е дека еден од најголемите бодибилдери на сите времиња, е изваден од памет од тоа како изгледаат неговите колеги што денес се натпреваруваат.

1,2 метри широката куќа што чини 499.000 долари

За подобра перспектива 120 сантиметри е помалку од распонот на рацете на речиси секој што го чита ова. Инаку куќата се наоѓа во Сиетл, по цела должина е широка 1,2 метри, има вкупна површина од 80 квадрати и во 2014 беше купена од еден архитект за 375.000 долари. Архитектот ја разигрува малку и сега ја става на продажба по цената од насловот.

Арапско распролетување

Арапска фамилија на одмор низ Италија на главниот плоштад во Трст наидуваат на уличен виолинист. Ќерките застануваат да го слушаат виолинистот, таткото снима и одеднаш почнува да им вика нешто на ќерките. Што би им викал Арап на ќерките, сигурно не да фатат да играат на музиката? Епа...

Орландо и кога комичарите ќе стивнат

Го имавме Џон Оливер. Сега ги додаваме Конан, Саманта Би, Стивен Колбер, Џими Фалон и Сет Маерс. Сите со свој коментар, сите со идентично неверување за тоа што човек може да направи таков масакр, и за тоа како речиси кој било може легално да купи полуавтоматска пушка.

Платата на Голиот каубоец

Човекот 3 години свири по гаќи на Тајмс сквер пред да добие еден единствен долар. Сега, по негова проценка, годишните приходи му се околу 150.000 долари, сè од бакшиши.

Секој можен ТЕД говор

Гласот, кликањето, сакото, држењето на прстите, лаптопот и слајдовите, повторувањето на еден збор, приказната што нема никаква врска со тоа што го збори. Од една страна видеово е пародија, од друга видеово е одлично чекор по чекор упатство ако некогаш ви дојде да зборувате на ТЕД.

Трагедијата и по неа

Клучно видео кое може да биде водилка за секое понатамошно расудување околу правењето вицови на Твитер (или која и да е социјална мрежа) по трагедија од какви било размери или причинители.

Њујоршки микро-станови

55 нови апартмани за издавање, од основните модели од 25 па до "удобните" од 31,5 квадратни метри. Мали, компресирани и паметно дизајнирани од архитектите на nArchitects. Кириите од 2,5 до три и нешто илјади долари месечно. Локација: East 27th Street, Њујорк.

За норвешките работи

Еден од проблемите на Мајкл Мур во правењето на "Sicko" е документарецот да не им излгеда како научна-фантастика на Американците, а сепак во него да има факти од животот во Европа (конкретно Норвешка). Решение? Ќе стишиш малку тоа фактите, за да не мислат дека измислуваш работи. П.С. Мајкл Мур е на чекор од комплетна трансформација во Џаба Хат.

Лекции по филмско сценарио

Не треба само да имаш добра приказна туку треба да знаеш и да ја раскажеш. Вонредно добра анализа на сценаристичките мајстории во филмот Gone Girl. Грда пауза. Кликни за повеќе.

Зошто не треба да ја следите својата страст во животот

Наспроти сите длабоко мудри Тамблр цитати што ќе ги видите, го имате видеово од Мајk Роу со една многу проста логика: само затоа што имаш страст за некоја работа, тоа не значи дека нема да бидеш апсолутно ужасен во тоа.

Германски осврт на Британија и Брегзит

Ретко добро инсајдерско пердашење на Британија, нејзината умисленост дека уште е голема сила или дека некого плаши со излегувањето од Унијата.

Лет над новото седиште на Епл

Изградбата на Епл Кампус 2 треба да чини околу 5 милијарди долари, во него ќе бидат канцелариите на 13.000 вработени на Епл, сместен е на плац од 26 хектари, требаше да биде готов до средината на 2015, ама од тогаш рокот е поместен на 2017. Ова е статусот на градбата во јуни 2016.

Кој, кого и како се може да прислушкува?

Вајс во претпоследната епизода го обработуваат прислушувањето, поточно целиот механизам што го има на располагање американската влада и алатките што може да ги купат "приватњаци" или други влади. Како показна вежба за еден од методите се зафаќаат со мобилниот на еден нивен репотер кој во моментот е на задача преку пола свет (во Пакистан). Ниту имаат физички контакт со телефонот, ниту се во негова близина, а зошто би биле кога тоа им е комплетно непотребно.

Џон Оливер само што поклони 15 милиони долари

Како дел од сегментот за долговите во САД и што и како се прави со нив, Оливер основа компанија за купување на долгови и почнува да ја работи. Конкретната транша се однесува на долгови направени од болничко лекување, а компанијата за 60.000 долари купува долг од речиси 15 милиони долари.

Тест за вашето јаболко

Нормално дека јаболката кои денес ги купуваме по тезгите се мазни и совршени и немаат ниедна зуцка од црв. Црвот не е глуп, како инаку би преживеал илјадници години на планетава?

Никој нема право да живее без да биде навреден

Филип Пулман за правото на говор и твоето право да бидеш навреден и што можеш да направиш во врска со тоа, а можеш многу да направиш.

Кнедлите на баба

Краток филм од серијал поддржан од УНЕСКО а посветен на бабите од овој свет. Малку за фамозниот хрватски десерт од компири и сливи (ако се добро направени, да се удавиш во нив!), малку за судбината на една српско-хрватска фамилија расселена од војните во екс Југославија.