Разно

Сè што не треба да направите кога пиете

Ќе го видите како изгледа Стив Карел откако Колбер го носи на пијачка, во истражувачки цели, за да покажат како влијае алкохолот на скоро па нормален човек. Па по ова имате една рецензија на сите негови грешки.

Бетонски спијачи

Најава за хрватски документарец во 4 епизоди "околу модерната архитектура во Хрватска и регионот на поранешна Југославија, подрачје кое е единтсвено по бројот на напуштени и разрушени згради од 20-от век, со исклучителна архитектонска вредност. "

Стив Ирвин за катастрофи

Човеков има исто понашање спрема катаклизмични природни ситуации, како што Стив имаше спрема докажано нечовекољубиви суштества од типот "пазете, она таму е најотровната змија на светот... и сега ќе одам да ја допрам!"

Bullshit!

Американскиот филозоф и автор на бестселерот "On Bullshit" Хери Франкфурт, и неговата теорија за срањата како алтернатива на вистината.

Иднината на сообраќајот е кинески автобус

Нема приземје, туку има само горен спрат. Нема гуми, а може и да има. За сега е само концепт што беше претставен на меѓународниот Хај-теч саем во Пекинг, а според луѓето што го смислија, тој би функционирал како метро, само што би чинел 20% поевтино да се произведе и постави.

Универзумот во 4 минути

4-минутно објаснување по кое работите ќе ви бидат подеднакво јасни како и пред да го изгледате видеово, најмногу затоа што не дечково не му чуе дали и што си разбрал.

Се враќаме веднаш по рекламите?

Ако ве нервираат долгите блокови тв реклами или флеш банерите по веб сајтовите, запамтете го ова време, бидејќи еден ден ќе бидете носталгични по него. Како ќе изгледа кога физичката и виртуелната реалност ќе се спојат а вашата околина ќе биде само простор на кој ќе можат да се закачат нови рекламни пораки? Ќе се вратите од рекламите, ама папсани. 

Куќа се од корен корнеше, буквално

Во делови од Кина периодов се случуваат поплави кои направија прилично штета, а имаше и жртви. Ако е нешто позитивно околу видеово, е што тука немаше жртви.

За американскиот изборен систем

Еден од најуникатните изборни системи влече опашки од време кога било попаметно да не се остави на народот сам да избира, бидејќи баш и не е најдобар во тоа, или пак не знае што прави, или пак и двете. Официјалните партиски кандидатури почнаа минатата пролет (иако Хилари уште од почетокот на вториот мандат на Обама), и сето ова ќе заврши летово на партиските конвенции кога ќе биде избран партискиот кандидат за изборите. Појаснување за правилата по кои ова ќе се случува.

Кога Американците видоа европски прозори

Заради некоја причина Американецов е подеднакво воодушевен од прозори во една куќа во Германија, како Индијанец што прв пат држи огледалце во рака. А прозорите стварно не се ништо вонредно, прозор ко прозор, се отвора.

Без очи. Без раце. 10.000 чуда.

Двајца најдобри пријатели од едно кинеско село. Едниот го изгубил видот, другиот уште од детство нема раце. Но, имаат заедничка мисија. Да садат дрвја. Тоа го прават уште од 2002 година, досега шума имаат засадено.

Карл Саган за вонземјаните

"Таму некаде, нешто неверојатно чека да биде откриено", има кажано најпознатиот астроном на светот. Ова е едно анимирано интервју со него. 

Крадци против Јелен пиво

Некаде низ Србија пијани крадци сакаат да ограбат фрижидер со пиво. Клучен збор - сакаат.

За пиво без грижа на совест

Она што кај нас е гајба како количина за пиво, во американските навики е малку поиндивидуално димензионираниот "6-pack". Иако мерката важи и за 6 шишиња, најчесто станува збор за 6 лименки пиво, кои меѓу себе се врзани со едни навидум безазлени пластични кругови. Кога ќе пресметаш дека минатата година Американците испиле 6,3 милијарди галони пиво, од кои 50% биле во лименка, овие пластични кругови веќе не се така безазлени. Луѓево веруваат дека го решиле проблемот.

Исидора Бјелица за ракот

"Кога ми приоѓаат на улица луѓе кои ја имаат истата дијагноза и кога зборуваме за тоа, сфаќаме дека никој од нас не пушел, се хранеле здраво но сите имаме една заедничка особина - сите сме доживеале некои големи таги, големи стресови и ако ме ме прашувате тоа е она што го покренува ракот- големи таги, големи стресови. А на тоа никој не работи", вели српската писателка која досега упорно го победува канцерот што неколкупати ѝ се враќаше.

Рецензија на роден град

"Добродојдовте дома криминалци и неписмени," е воведот на оваа телешоп презентација за тоа како еден Американец не може да го смисли сопствениот град.

Кога Бордејн го сретна Рамзи

Бордејн се уште млад, се уште фенси и се уште воспитан водител на Фуд нетворк, Гордон Рамзи поеднакво гневен шеф како и денес, ама ни од далеку така познат.

Огледалце, огледалце 2.0

Без разлика колку ти изгледа непоправливо глупо огледалото, како и сè друго и тоа станува повеќекратко покорисно во моментот кога ќе му додадеш софтвер и ќе го направиш да работи на допир. За сега, на него нема од оние магичните апликации кои прават да изгледаш како да си симнат/а од насловна.

Мојот филм за Скиентологијата

Инсерт од документарецот на Луи Теру околу Скиентолошката црква. Може стварно не е фер што сите едвај чекаат да удрат на Скиентолозиве, ама па и они како да даваат сè од себе да му се одмилат на човек.

Кај сме ние, кај е Холандија

Не сме сигурни дали на ова денес повеќе ќе завидува еден нормален македонски граѓанин, или еден нормален македонски полицаец. Видео од официјалниот канал на полицијата од Ротердам: патрола добива пријава за полесна сообраќајка во која има и дечиња. Брзата помош е повикана, стигнуваат и тие и - трк во гепек!

Како да заштедите 30% струја по еркондишн?

Какво време дојде, повеќе струја да трошиме летно време отколку зимско. Климатизерите сркаат бесно затоа што претопол македонски воздух треба да оладат на поднослива скандинавска температура. Но. зошто воздухот да биде претопол? Ова се инсталира за 5 минути и обезбедува заштеда на електрична енергија од 20 до 40 проценти. Само што, не е баш џабе.

Разликата меѓу произведено во Кина и произведено во Германија

Првиот лагер е кинескиот, вториот што го тестира е германски. Кинескиот чини една триестина од цената на германскиот. Нормално секогаш постои можност првиот да е подмачкан, а вториот не, а постои можност и дека стварно е до квалитетот.

Зошто летањето со авион е скапо?

Ако ферски ги поделат трошоците за гориво, патниците на еден лет од Њујорк  до Вашингтон би требало да платат само по 2,50 долари од човек. Зошто тогаш авионските карти се онолку изгор?

Брилијантниот Џон Оливер за звучните научни студии

Дури и угледниот Тајм имаше статија со наслов: "Смрдливите прдежи можат да спречат рак". Во студијата за која зборуваат не е ни приближно така, ама, насловот си бара атрактивност. Иако редакција подоцна прецизира и ја поправа грешката, уште долго време добиваат покани во емисии да зборуваат за прдежи. Ова е само мало парче од најдобрите 20 минути кои со кои можете да се почастите за да ја расчистите медиумската магла околу науката и срањето што некогаш се пакува како наука.