Разно

Двоножни пријатели

Краткото филмче "Подарок" за кученцето инвалид има учествувано на преку 180 фестивали, има собрано 59 награди а авторот добил покана за работа во студијата за анимација на Дизни. Ќе го погледнете, ќе ви се бендиса и на крај ќе речете: Биваше ли бе ваков наслов да ставите?

Како се враќа белата во билијар?

Видео анализа на тоа како функционира масата за билијар; жетоните, важноста на матинелите, зошто топките паѓаат дури откако ќе ја пуштиш рачката па сè до интригантното прашање од насловот.

Животот на Смртта

Старински, тоест рачно анимирана приказна за Смртта која се вљубува во Животот. А како што знаете од песните, сите љубови се тажни.

Работи што не влегоа во Дедпул

Алтернативни сцени, реплики, блупери и слични моменти што не се квалификуваа во конечната верзија на филмот, ама завршија во ДВД изданието.

Девојката со дух и Ченинг Тејтум

Карли Флешман е аутистична и не комуницира вербално, што значи дека претежно овие работи ги врши преку куцање и пишување, односно преку таблет. Карли седнува на интервју со Тејтум.

Сè е во нејзини раце

Порт Хурон, Сад, 1855 година. Малиот Томас Алва Едисон на мајка си ѝ предава писмо кое му го дале на школо. Таа го отвора и чита: "Вашиот син е гениј. Нашето училиште е премало за него а нашите учители не се доволно добри да го научат нешто. Ве молиме, сторете го вие тоа."  23 години подоцна, Едисон го наоѓа писмото.

Сељаците знаеле што прават

Уво не се чепка со стапче за уво, туку со мал прст - Др. Оз. Не баш со овие зборови, ама тоа е поентата (има објаснување и не пробува ништо да ти шитне).

Човекот против Земјата

Ако вкупното постоење на планетава се собере на еден ден (24 часа), тогаш вкупното време што човештвото го минало на планетава изнесува околу 3,5 секунди. Ај да видиме што сè имаме забрљано за овој период.

Северна Кореја вежба воена авијација

Се што треба да знаете пред почеток е дека ова е автентично видео, објавено од северно корејските медиуми, од обука на воената авијација на земјата. По видеово веќе ништо нема да биде исто.

Дрон рибарење од плажа

Оние од Викед Туна да го гледаат видеово има со сидро по глава да се маваат додека им држат раце. Што е фората? Момциве земале дрон, закачиле јадица на него (веројатно е малку покомплицирано од закачување) и го летаат дронот над море барајќи јата со туна. Кај што ќе најдат ја пуштаат јадицата, а тој од плажа врти ко блесав на трската.

Жената што ѝ е работа да гледа порно

Бугарка е од Софија, се вика Силвија Николова и секој ден цело работно време гледа порно барајќи пиратски клипови од филмови на нејзините клиенти. Како што сама кажува "веќе почнав да ги познавам продукциите според снимката, флеката на каучот или пукнатината на ѕидот." До сега има тргнато од интернет милиони пиратски клипови.

И мајмун да си, па не ти е сеедно кога те прават мајмун

Два мајмуни во оделни кафези, треба да завршат некоја работа за која добиваат надомест во форма на сецкана краставица. Одеднаш работите се менуваат и едниот за награда добива зрна грозје, кои се далеку повредни во нивниот систем на вредности.

Пример како треба да изгледа секое интервју

Еден водител, еден или двајца гости. Зборуваат за што и да е темата, ама има само 5 или 6 прашања. Пред секое прашање сите јадат по едно пилешко крилце. Секој пат со повеќекратно полут сос од претходно. До крај, на никој не му е ни паметот во лажење, само гледа да преживее.

Биди маж, опцуј ја во лице

Група навивачи од најразлични спортови собрани да им читаат навредливи твитови на две американски спортски коментаторки. Навивачите не се автори на твитовите, само ги читаат. Коментаторките веќе ги имаат прочитано твитовите за себе, навивачите не.

Неодолив бунт на денот

Потеклото на конфликтот е тоа што татко ѝ и мајка ѝ цело време ја ругаат дека била не умна, по што оваа неодоливост од девојче е спремно во име на својот бунт од Русија да се отсели во Африка, мада ако треба ќе оди и во Лапонија (има некои дилеми околу кои татко ѝ ни најмалку не и помага). Од татко ѝ бара само да ја однесе до Африка, он и вика дека навечер нема намера никаде да ја вози.

Не е човек во ништо да верува

Според ова видео на Базфид испаѓа дека не само дека мапата на светот која ја знаеме не е прецизна, туку и дека  - следува шок - Земјата не е рамна како што изгледа на мапата.

Како знаете дека сте вљубени?

Њујорчани од различни возрасти одговараат на ова едноставно и вековно прашање. Кога ваква анкета би се правела кај нас, најчестиот одговор би бил: А вие од кој медиум сте, од режимски или од соросоиден?

Човекот кој ја направи последната гитара на Принц

Гас (od Gus Guitars) ја изработил специјалната виолетова пред 9 години но таа во рацете на Принц дошла неколку недели пред да почине. Но и во тоа кратко време во кое ја имал, на Принц очигледно му било мерак што ја има.

Како тоа го гледа Скорсезе

Прекрасно анимирано старо (1990) интервју со легендарниот филмаџија Мартин Скорсезе.

Спуштање со челични нерви

Хеликоптерот е британски (Lynx), пилотот Дански а местото на кое треба да слетаат е такво за кое и орел двапати би се премислил

Како пропадна Титаник, ама да бидеме реални

Без разлика колку ве занима таа приказна и колку пати сте го гледале филмот или пак документарци на темата, ова нема шанси да го изгледате поштено. А се работи за најреалниот приказ на несреќата на тој брод. Тоа е и проблемот. Видеото трае 2 ЧАСА и 40 МИНУТИ. Ќе пробате?

Колку сила има во една фотка?

Трибјут на фотографијата, која не се мери во лајкови пер селфи, туку колку историја има собрано во еден кадар.

За прекрасната уметност на губење време и како да се спречи

Како систем на верување губењето време / одлагањето се сведува на ставот дека сè може да се заврши попосле, и дека попосле е магичниот дел од временскиот континум во кој има време за сè што останало.

Колку илјади долари си во право?

Брилијантноста на Бил Нај околу различни научни теми не е ни тема на муабет, таму сè му е оверено. Меѓутоа воодушевува леснотијата со која човекот се справува со неписмени дрва кои го прозиваат (инаку многу спремниот научник) обидувајќи се да се огребат од неговото име за малку слава. Еве еден пак му мрчи за глобалното затоплување.