Деновиве се навршија точно 200 години откако Лудвиг Ван Бетовен ја напиша Осмата симфонија, едно од неговите најпотценети дела, меѓу другото затоа што претходи на неговиот завршен симфониски удар со Деветтата. Осмицава некои ја сметаат за брилијантна сатира, за гонзо подигрување со стандардите, за панк-рок во класиката. Кога ќе имате 25 минути за на само со Бетовен, бујрум.
Се вика Леон Луис а песната Candy Licker. Што е работата со него? Дечкото нема жив заб во тоа устата и решава таа своја мана да ја претвори во предност.
Мирсолав Тадиќ го знаете како космички близнак на Влатко Стефановски. Мерима Кључо е една врвна музичарка, магистер по хармоника која живее во Лос Ангелес. Ова е нивната Бона Чао, во знак на поддршка на граѓаните на Босна и Херецеговина.
Ова што ќе го чуете се вика Meshuggah - шведски есктремен метал бенд. Видеото, со сосема друго аудио, во оригинал го имате видено во далеку попитома верзија.
На почетокот на месецов, Брус Спрингстин свиреше во Перт, Австралија. Две работи треба да знаете за ова: a) Перт е родниот град на Бон Скот, починатиот пеач на AC/DC; б) Спрингстин го викаат Бос.
Едно девојче, свируцка по дома и Јутјуб. Џамирикваи го има приметено и покането да му свири бас на турнејата по Јужна Америка. Да ѕирнеме за што се работи.
Германскиот јазик убаво му стои на Хегел, на Меркел, на Шварценегер и знаете уште на кој. Како тој ист јазик звучи на соул песни од легендарната продукција на Мотаун?
Видео спот за французинката Боги и нејзината песна Nouveau Parfum. Импресивно ретуширање во видео. Останува уште во живо да можеме вака да си го разубавуваме светот.
Се вика Макс Мартин, и веројатно немате чуено за него, ама тоа е затоа што човекот не се појавува никаде и не дава интервјуа (во 2009-та има дадено интервју во кое кажува дека тоа му е второ интервју во живот). Затоа, сигурно имате чуено тоа што го пишувал. П.С. не е овој на тамбот.
Дин Зимер е најдобриот пример дека се свири исклучиво од - срце. Како инаку ќе го објасните фактот дека човекот боледува од една ретка болест на коските (артрогрипоза) поради која практично не може да ги движи зглобовите а истовремено е фасцинантен тапанар со уникатен стил.
За сите оние кои ги имате во друштво а кога сте излезени/заседнати редовно кенкаат дека треба да се оди дома пошто ова, она, денес биле уморни, утре имаат триста работи уште од најрано сабајле.... и такви работи. Бонус: консензуално весела публика, џигерици безброј, Конан Д Барбериан на хармоника.
Има 16 години, и се вика Дејвид Тибаол, а не Елвис Присли, ама нема да ни верувате се додека не го чуете. Пуштете го некому без гледање и да видите што ќе ви каже кој е.
Лекција за тапанари - каков звук вади еден ист тапан ставен во различни околини: гаража, стадион, паркинг... Дечкото одлично тропа, а и има најдено некој што одлично знае да монтира.
Затоа што цела година ги вртеа, сега ќе ви бидат доволни 3 секунди за да ви дојде песната. И сите овие 20 песни споени во 1 минута, во микс кој има некаква логика.
Песната е стара, фората е многу нова. Го пушташ видеото, почнуваш да вртиш по каналите и сите ти ја пеат 'Like A Rolling Stone' од Боб Дилан. Далеку подборо од други варијанти кога пушташ ТВ, а сите ти пеат иста песна.
Малку играње со потенциометри и Wrecking Ball на Мајли Сајрус од една, така банална поп песна, се претвора во хорор кој на времето комотно би го потпишала Лори Андерсон.