Та не е само Влатко, та не е само Мирослав. Македонска песна пасент ѝ стои и на класичната гитара на Бошко Јовиќ од Зеница, кој понекогаш звучи како Патакот и Тадиќ заедно. Овој босански гитарист разбира што е севдах, а тој што разбира што е севдах, нема шанси да ја утне Македонија.
Од последниот албум, цели 36 години од нивното деби во 1977-ма. Триото Леми (67г.), Фил Кембел и Мики Ди, со цел арсенал во раце, бучни како праведници, се уште посилни од убиственото комбо "текила -пиво- цигари". Накратко, Моторхед, рокање газови.
Уште од 1986-та, Нил Јанг и неговата сопруга Пеги секој година организираат хуманитарен концерт за Bridge School, непрофитна организација за иновативни начини на помош на деца со пречки во говорот и инвалидитет. Годинава дојдоа 25.000 луѓе и имаше многу добри музички моменти.
Знаете она, од првиот Волверин, кога ги убиваат надарените мутанти па им земаат крв за оној злотворот да ги соедини сите нивни дарби во еден супер мутант? Во музичка смисла, го имаме!
Овој апокалиптичен израз на лицето во кој се меша шок, паника, очај, изгубеност и желба да се пропадне во земја ѝ припаѓа на португалската пијанистка Мариа Жоао Пиреш, во моментот кога сфаќа дека оркестарот почнува да свири друго дело а не она кое таа го спремала. Ноќна мора! Сè е фатено на видео снимка, брилијантно парче реална драма кое - пази спојлер - завршува со хепиенд.
Дечково ја свири Бумбаров лет на 220 bpm. На тоа темпо звучи фасцинантно. Ама после забрзува на 260... 300.... 325... и на крај, на 350 bpm звучи перверзно! Да сум јас оној што го снима со видео, на крајот би му рекол: Ок, оваа ја знаеш.
Пол Макартни прави нова песна (Queenie Eye) и по тој повод решава да си го направи меракот, па спотот му изгледа ко на Гугл да пишал "celebrity" и потоа рандом поканил едно 20 - 30 познати ликови.
Веднаш да се разбереме, универзалното правило број 1 на оваа тема гласи вака: ако некоја песна имa повеќе верзии, најдобра од сите (вклучувајќи го тука и оригиналот) е онаа на Џони Кеш. А сега, избор од останативе, со кој не мора да се сложите:
Само вокалот и тишината околу него, без ниту еден инструмент. Интимност на ниво како Боуви или Марвин Геј да ви пејат во ваша соба. Сите песни се земени во оригинал како што биле за спот и потоа им е тргната целта музиката.
Јунуз на гитара и Рон со својот глас, двајца од 'оние луѓе кои сè уште сакаат да го почувствуваат мирисот на душата, или барем да ѝ го слушнат гласот'.
Музичко катапултирање во подобрите години од нашите животи. Музиката на Скот Бредли за Том и Џери, изведена во живо од оркестарот (симфониски плус џез) на Џон Вилсон. Со цел арсенал инструменти и дрангулии за ефекти. Парчето е составено од музика за осум цртани со Том и Џери. Шест ипол минути уживање, а после седнујте да пишувате тоа домашното.
На некогашната прва дама на Франција среде настап и се случи бланк - за момент ги заборави и текстот и акордите на една од нејзините омилени песни, Quelqu'un m'a dit. Ништо особено, само што тоа и се случи на донаторска конференција за Алцхајмерова болест. Не сме сигурни, може е финта, а може... што ни беше муабетот?
Бендот Red Fang имаат 5.000 долари буџет да снимат видео спот. И прават видео спот во кој ни покажуваат како се потрошени парите од буџетот. Генијална идеја, речиси како онаа од спотот со спојувалката.
- Копиљаци, што ќе отсвирите за нашава раја на Оффнет? - Па, планиравме Tool. - Не се заебавајте, земете нешто полесно за свирење. - Само 7 минути, може?
Гигантот Гугл постојано сака да ни се претстави како другарче од маало и овојпат - успева да нè убеди. За промоција на својот медиумски дуќан Гугл плеј објави промотивeн 5 томен видео документарец за Клеш, групата за која музичкиот печат од островот едногласно смета дека е "the only band that matters". Гугл, е па баш си другарче.