Net Roulette

Конечно ни се разјасни

Поедноставен приказ на мозочните функции.

 

РИП Корнелие Ковач

На 81 годишна возраст во Белград почина Корнелие Ковач, еден од најплодните автори на музика на просторите на екс Југославија. Кратко беше член на Индекси, па ја имаше Корни група па подоцна напиша неколку дузина песни и хитови. На Здравко Чолич му има напишано најмногу.

Домашна работа на денот

МКД.мк пренесуваат домашна работа на осмоодделенец од Кичево, на тема „Мојата татковина“. За буљашките изроди допрва расте непријатна публика.

Тркалезен бетонски инает

Дечко шутира препрека за да може да излезе со кола. Препреката не мисли така.

Што потпишале „нашите“ за 24-ти мај?

Денот кој во Македонија е државен празник како Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј, на состанок во Бугарите „нашите“ го ребрендирале како „Ден на бугарското образование и култура и словенското писмо“.