Македонштина

102,5% Фериде

Јавна благодарност ама за што? За медицински персонал кој спасил живот на близок човек, за таксистот кој го вратил новчаникот, за непознатото момче кое ѝ помогнало на бабичката да се врати дома? Далеку сте. Ви текнува на СЦЕНАТА КОГА ФЕРИДЕ ГО ПРАШУВА ТАТКО НАЗИФ ДАЛИ МАХИР ГО УБИЛ СЕИД?

Заврши летнио одмор

Заврши одморот на иселенициве и сеа сите со приколките си одат, пошто ако го вози Ламборџинито до Австрија, многу ќе потроши. Вака и му ја собира цела фамилија и ќе заштеди. Сликава е од Прилеп.

Љубов од Припор

Не го најдовме Ристе од Припор ама затоа ја најдовме оваа приказна за еден животен пораз кој само љубовта може да го претвори во победа. Вика: "Вие сте фамилија за пример на совршено семејство и горда сум што сум дел од вас, макар и како швалерка". Ако се прашувавте зошто Припор деновиве е светнат и чист, не е до градоначалникот.

Македонско семејство во два клипа

Меѓу двата клипа е период од цели 5 години. И што научиле тие за 5 години? Ништо. Нему му е побитно да ѝ се развика пред камери отколку да ја објасни маката а и таа па, да не се знаело да се заќути додека друг зборува.