Македонштина

Љубов од Припор

Не го најдовме Ристе од Припор ама затоа ја најдовме оваа приказна за еден животен пораз кој само љубовта може да го претвори во победа. Вика: "Вие сте фамилија за пример на совршено семејство и горда сум што сум дел од вас, макар и како швалерка". Ако се прашувавте зошто Припор деновиве е светнат и чист, не е до градоначалникот.

Македонско семејство во два клипа

Меѓу двата клипа е период од цели 5 години. И што научиле тие за 5 години? Ништо. Нему му е побитно да ѝ се развика пред камери отколку да ја објасни маката а и таа па, да не се знаело да се заќути додека друг зборува.

О Тетово, вуд ју бај ми.....

На 28- јуни 1926-та година, компаниите Дајмлер и Бенц седнуваат на заедничка маса и викаат: "Дај заедно да правиме кола, да биде најдобра, да се гордеат луѓе што ја имаат". Речиси сто години подоцна, во Тетово....

Писмо од Иван Исцелителот

Ни пишал дека со амбулантно од возило од Србија (и стварно, има фотка од белградска Брза помош) му донеле човек од кого раце дигнале не само сите светски медицински центри туку и најдобрите српски лекари(?!). И Иван го воскреснал, тоест го кренал на нозе, шетал човекот, и сега "се договараат сите доктори од Европа да ме посетат и да ми се заблагодарат". Голема победа за Македонија.

Журките некогаш и денес

Како изгледало сценариото за една скопска журка пред 30 години а како тоа изгледа денес? Ѕирнете ги двете понуди па зборувајте ни за прогресот.

Брич он д бич

Доаѓаш на наша плажа. Конечно ти е одмор, имаш чувство дека ништо не може да ти го расипе денот. И онда ја здогледуваш таа до тебе. Побогу, жено блесава, па среди се дома!