Македонштина

Ни помал мост, ни поголема помпа

Тоа што новиот мост во Штип е скромен градежен објект не ѝ пречело на општината да замисли грандиозна културно- забавна промоција. Да бил мостот пола метар поширок, можеби и слет ќе направеле! Погледнете ја фоторепортажата од оваа штипска севернокорејштина.

Monty Python: Life of Ace

Не, не е тоа. Ова е многу полудо. Македонци во Мелбурн направиле преработка на традиционалното оро со античка кореографија, се вика 'Александрово оро'. Браќа прекуокеански, сакате да гласате? Може, ако донесете од тие дрогите. Не, озбилно, нè дупат ли овие?