Македонштина

Она што нè снеможува

Без разлика која опција овде ќе победи, кој ќе направи влада и сличните големи теми и дилеми, ние и после тоа ќе останеме овде со истите луѓе. 

Време е за Ристо од Торонто

„Јас сум Ристо Петревски, најсилниот маж од Македонија“, вели Ристо Петревски, најсилниот маж од Македонија. А освен што е најсилен, Ристо знае географија подобро од Влатко Ѓорчев. Кога те бива, те бива.

Пазете наслов на македонска народна песна

Живееме во тешка постмодерна. Степенот на кој овде сè е испомешано достигнува невидени, бравурозни висини. Во други околности (и со други нерви), есеј ќе напишевме за ова. Ама ние веќе сме седнати на софра, паднати во севдах и само чекаме ова да ни го пуштат за - како што е ред - да си зачукаме флаша во глава.  Ајде Виданка, уште еднаш онаа, нашата!

Како полицијата е пали-гаси?

Го знаете оној момент кога полицаец ќе го отвори тоа уличното шкафче, ќе пробуричка нешто внатре и ќе ги изгаси семафорите за да продолжи тој да регулира? Секогаш нè копкало каква е таа полициска технологија, што матична плоча се крие таму, каква ли шалт табла има на тој команден пулт.

На што се греат овие луѓе?

Кај што има чад, таму има и сиромаштија. Снимка од Прилеп.

Како се асфалтира улица во Битола

Битолчани да бидат спремни, кај и да е, ќе дојде некоја екипа од Национална географија или Дискавери за снимање на некоја следна епизода од „Екстремно инженерство“ или „Мега структури“. Не.