Македонштина

Фокусираност на денот

Додека луѓе масовно се летаат по едни исти теми и по социјалните мрежи глодаат иста коска (додека не им биде нафрлена друга), некои Хајлендери си ги знаат приоритетите и не дозволуваат да бидат заведени од заводливите сирени на жешките дневно-политички скандали и афери. Молим лепо, чиста работа.

Корчагин, решен проблем

Во Фејсбук верзијата на нашите „Богати и славни“ (Ѕид на сообраќаниот срам) беше објавено како некоја фаца од Корчагин (погодете која?) паркира среде трева во дворот на школото. Ама, ете, луѓе се побунија па проблемот е надминат.