Македонштина

Каде сте сега вие кучките?

Најгангста баирски трап кој можете да го замислите. Пиштоли, мрежасти чорапи, бесни коли паркирани, текст кој се пресметува со неименувани шмизли кои растеле со кукли. Нејасно! Има таму и еден киднапиран, тој најдобро прошол на кастингот, пошто цел спот го поминува со качулка на глава.  

Едно комбе, илјада благодарници

Во функционална држава нема ни да се приметиш неправилно паркирано возило бидејќи надлежните веќе го виделе и го решиле и пред тебе. Во полу-функционална држава треба да пријавиш за тој проблем да се реши. Третата фаза е Македонија. За тоа што некое возило е отстрането, тука лично им се заблагодаруваш на премиерот и градоначалниците.