Македонштина

Какво време, таков Коста Бургов

На нашиот Коста Бургов музи му беа Мерлин Монро, Натали Вуд, Грејс Кели. На Лиде на Венко, муза ѝ е Филипче. Наш Коста на своите љубови им приоѓаше со чисто срце и искрена љубов, Лиде на Венко го чека Филипче мокра во када. Сфаќате ли како се имаме урнисано уздуж и попреку? Ли...ли...ли... липе цвату, не се издржува ова, сестро, брату.

Поликлинико и Кабинетлико

Уште Коља Мрак и пар други да им се придружат на Саше (куќна помошничка на Заеви) и Никса (филадендрон во кабинетот на Шилегов) па да земеме пуканки и да гледаме македонски римејк на „Der Untergang“.

Башка

Bo познатиот еп „Араукана” од 16. век, шпанскиoт патешественик и поет Алонсо де Ерсија и Зуњига (1533 - 1594) ги спомнува Македонците како посебни (ги нарекува нации). Очигледно, тоа било општопознат факт во 16. век и во Шпанија и во светот.