Македонштина

Македонскиот Кејп Канаверал

Американците ги имаат космодромите Кејп Канаверал и Кенеди Спејс Центар, Русите Бајконур, Кинезите Ѓуќуен. Кај нас одбројување се прави кога се пали елка. Тоа кај нас е ежењето. За оние како нас кои уживаат во својот хроничен недостаток на новогодишно расположение и еуфорија (славиме отприлика вака), сакаме да се организира одбројување кога ќе се гаси. 

Треба брза соба?

На влез на нова зграда кај Железничка станица

Работа треба! Без работа нема (кој сака нека речи)

Како што Мајкл Џордан неповратно е врзан со Најк, како што Стив Џобс е првата асоцијација на спомнување на Епл а Кока кола го ембедираше Дедо Мраз во својот бренд, така Албер од село Лажец е драгоцено заштитно лице на битолски дистрибутери на земјоделска машинерија. Подобар не можеле да најдат! Албер Рушидовски не е манекенска шасија, тој е лајфкоуч и мотивационен гуру чија љубов и страст кон работата е неодолива. 

Македонскиот Дејвид Атенбороу

Доволно беше негде на пазарче да го прашаат „Дали вие јадете карфиол?“, за нашиов зналац уверливо да образложи зошто неговиот одговор е „Бог да чува“ да опредупреди дека тоа „штеди на желудец“ и да ја изнесе биолошката логика на човековата исхрана. Накратко: имате ли очници (песјаци)? Имате. Тие заби за кинење карфиол ли се правени?