Македонштина

Ама некој ми го прелажа?

Го имавме прво како Езел, а потоа како Долче и Рубинче. Таман помисливме дека овој ДНК ќе остане осамен на сцената, еве го - со синот. Рубинчо не додржал малиот да порасне па да одговара на текстот на песната (одлив на млади во странство, едни ваму, други таму, сјебана мк судбина и пропратно кукање на таа тема при што сцената со клучевите е марти мистерија!) па го направил малиов гурбетџија уште во основно школо. А каде ќе оди бе така мал? Освен ако со право не бега од музичката кариера која овде му се готви.

Скопски возачи

Полни линии, пешачки, семафори? Тоа е за во некои глупи и досадни земји. На скопјани им се брза, тие тераат милионски бизниси, секоја милисекунда им е битна и милидрага. Мала видео компилација за тоа како додека чекаме да влеземе во ЕУ, станавме Русија.

Ставревски на денот

Во целото она срамно дрпање микрофони, дерење и тегнење што се случи во Парламентот, министерот Ставревски се одвои по својата искулираност, смиреност и зен состојба. Или можеби човекот знае некои работи за Македонија кои повеќе го секираат од ова.