Македонштина

Ајвар, скоро па савршен

Да потсетиме, Орсон Велс во Третиот човек: "Во времето на Борџии, Италија имаше крвопролевање и терор а сепак го даде Микеланџело, Да Винчи и ренесансата. Швајцарија имаше 500 години мир и љубов и што даде? Часовник со кукавица". Време е историски да се ревидира оваа неправда кон Швајцарија. Благодарејќи на македонски гурбетџии, оваа земја на планетата и го открива својот втор револуционерен пронајдок.

Пакетче плус

Некои работи просто крикнуваат да се издвојат од своите стандардни пакетчиња. Како ова, кога ќе помислите на цела количина немислење кое е употребена при пишувањето.

Македонска психоделија

Слободно на рипит, слободно! На крајот од денот ќе зборувате онака како што оваа возрасна машка сирена пее. Некако течно, некако на бранови, некако како грамофон со не баш константна брзина на вртење. Верувајте, нам ни е втор ден како зборуваме така.

Многу сме напред

Светот летово го гледаше отворањето на Дени Бојл, го проследи стигнувањето на Марс, читаше за откритијата во ЦЕРН.... Во меѓувреме, во Македонија: