Македонштина

Животна околина од паралелниот универзум

Крај на месец април, година 2013-та. Македонско министерство за животна околина и просторно планирање.

Кирил, Методиј и Зоре

Нема да ви се верува, ама после сè што прочитавме од описот и понудата на мултиталентираната Зоре, имаме силa да издвоиме само дека таа пишува на латиница. За да ви се верува, ќе мора сами да ја прочитате оваа огласна епопеја.

Пријавете ги, масовно!

Граѓани, Невладини, кој и да е, почувствувајте се повикани. Ќе ви покажеме една грозна интернет снимка. Од оние глупави, крвожедни, тажни, апсолутно идиотски борби со кучиња, овојпат организирана некаде во Струга. Не гледаме начин како поинаку да дигнеме паника.