Македонштина

Пријавете ги, масовно!

Граѓани, Невладини, кој и да е, почувствувајте се повикани. Ќе ви покажеме една грозна интернет снимка. Од оние глупави, крвожедни, тажни, апсолутно идиотски борби со кучиња, овојпат организирана некаде во Струга. Не гледаме начин како поинаку да дигнеме паника.

Протест на денот

"Симит погача за Филе". Не, не е скеч од "Топ листа надреалиста".

Сакаме избори!

Изборите се како досаден секс: едвај чекаш да заврши, а после, кога го немаш, некако ти фали. Три сентиментални зборови од штотуку завршените локални: Пласница, Преглово, Лисичани.

Рецепт за "Богати и славни"

На некои им доаѓа да пцујат, на некои да ги сликнат па ние да ги објавиме, некои им пишуваат пораки... Читателка решила да ја омасови последнава техника и да ви состави тнр зналепници, со упатство како се подготуваат. Печатите и имајте ги секогаш при рака.

Рецепционерка за секое семејство

Дали сте женска особа со завршено филозофија, историја, археологија, македонски јазик и книжевност, етнологија или класични студии? Ако да, кажете драгичка, пред вас се отвора прилика која не смее да ја пропуштите. Вие мислевте од љубов студирате а видете сега ова! Секирата само што не ви паднала во мед.

На исток ништо ново

Не знаеме за која наставничка и школо се работи ама збунетиот родител ни тврди дека сите тестови во одделението биле корегирани на ист начин. Да се најде образовниот работник и да му се врзат две воспитни (од исток и од запад), колку да му се наштелува ГПС-от.