Балканштина

Меша Селимовиќ на стари години го сфатил Иво Андриќ

За духовниот стриптиз на јавните професии со кои човек се соголува и се прави достапен на туѓата пакост, мрзовоља и желба за нечиј неуспех. И за кавгите со Андриќ дали писателот треба да биде дежурен коментатор на случувањата (Селимовиќ) или да брка своја работа (Андриќ).

За ова ли бре Никола се бореше?

Јаден Тесла кај го напикале. Ја гледа сценава и си вика: За ова ли струја им дадов, па уште и наизменична!

Je Suis Курчевит

Генералниот секретар во кабинетот на Александар Вучиќ, Никола Селаковиќ, објаснува што народ се луѓето од Косовска Митровица. Чиста етнологија.

Како е можно сите тие исто да размислуваат?

Пазете го вие овој класичен потег на балкански шеф на јавно претпријатие. Дава изјава за телевизија па нарачал позади него камион безвезе да врти кругови, да се види дека работат без одмор.

Ве интересира временска прогноза?

Парче од Ноќна мора на Жељко Малнар во кое дежурен синоптичар е Хуснија Брзоја која кажува какво ќе биде времето гледајќи во шоља кафе. А после Хуснија, вратете назад видеото, да видите како Јаран ко грешен ѓавол се изнамачи со телепромптерот. Какви неповторливи цареви беа тоа!

Давор, порфавор!

Давор Павуна е хрватски физичар, доктор на науки, универзитетски професор во Швајцарија, зборува 5 јазици, советник е на неколку  влади за енергетика, ангажиран бил од Барак Обама, свири џез во една формација, има 33 години помлада Французинка за жена... И ништо од сево ова - ама баш ништо - не може да ви долови каква лепенка е тоа. Замислете да треба да зборувате цел саат, ама услов да ви биде, секоја искажана реченица да е на друга тема. Павуна би рекол: Ок, пали камерите.

Српска ситуација

„Луѓе, ова е срамота што ни се случи во наше село. Недела, 11 март, 2018 година. Свештеникот Ненад се напи и не можеше да оди пешки да го испрати покојникот туку луѓето го уфрлија во приколката и го возеа до гробишта. Тој, нормално, заспа ко топ. А иогата ја дигна на страна како да се сунча“.

Не е само Бојко јак, јак е и Радев

Бугарија во моментов ја водат дваjца суптилни интелектуални гиганти. Екс бодигардот и каратист Борисов го знаете, едно-две ете ти го габаритниот Бојко кај нас (ќе дојде ли на концертот на Марија Шерифовиќ?), но не е за потценување ни претседателот Румен Радев. Тој обожава предизвици кои го јакнат здравиот дух. А до здрав дух знаете како се доаѓа.