Балканштина

Путин беше само загревање

После интервјуто со Путин кое ги скандализираше чуварите на западното ендоумие, еве го правиот соговорник по кој бил тргнат Такер. Ако доволно долго сте на интернет (или барем сте го гледале она ѓубре шоу „Парови“), ќе знаете за кој лудак станува збор: Илија Граховац, попознат како Змејот од Шипово. Како што еднаш пишавме: Ако верувавте во датумот, што па во ова да не верувате? Камео улогата- најјак.

Да ве запознаеме со Љубиша Кобас

Иако и кај нас имa ликови кои раскажувањето измислени приказни го имаат доведено до ниво на врвен занает, кај Љубиша Кобас тоа е арт форма. Си ги памти лагите и само ги надоградува: за петелот кој тежи 180 кила, за кучето кое јаде лимени буриња неделно пошто има дефицит од железо во крвта.... Во Приједор има натпревар кој се вика Лажијада. Таму Кобас настапува како почесен гостин, вон конкуренција.

Револуционерна етида за Бугарка и бас

Она кога успеваат и во говор да ја најдат музиката па го отсвируваат на кој било инструмент, генерално ни се фасцинантни креации и ги имаме расфрлано на доста места по сајтов. Ова е посебно драгоцено затоа што се работи за онаа легендардна средовечна бугарска другарка и социјалистка која со три каранфили во раце го пафта жарот на класната борба. Џезиран Rage Against the Capitalism.

Овде е нешто многу погрешно

Наставник (во Србија) ги натерал децата да си го соберат ѓубрето кое го оставиле зад себе. Тетката што чисти му била благодарна но го замолила другпат да не прави така. Зошто? Затоа што на друг наставник, за истата работа, после некој ден му се згнале незадоволни родители. Зошто незадоволни? Затоа што не ги праќале своите деца да ги учат за ѓубреџии. Hommo homini roditel est.

Разбрано од а до ш

Мајстор кој се занимава со графики и натписи на возила и слично, на својот син му оставил да сработи едно комбе. Му пишал прецизни упатства на наследникот на кој еден ден треба да му го предаде бизнисот. Да го стави името на фирмата (таа и таа), да го стави телефонот за контакт (тој и тој) и на крај му пишал и детално за фонтот кој треба да го користи (тој и тој). Како малиот ја разбрал пораката, ќе видите понатаму:

Спартанските домати од Санторини

Грчкиот инает и упорност не се покажаа ефикасни само кога трпеливо чекаа наша постава која ќе им го предаде името и брендот Македонија, туку и во случајот со овој агроном кој натерал патлиџани да растат практично без вода во сувата и вулканска почва на островот Санторини. Жбунести, мали и неугледни, ама се кладиме дека се вкусни како оние некогаш. Браво за Петрос Иконому.

Дајте пишете ги во Устав, ќе биде забавно

Во 1995 година, илјадници Бугари чекале да слетаат вонземјани. Дојава дошла од Бугарките Здравка Крумова и Ратка Трифонова кои воспоставиле контакт со вонземјаните и требало во секој момент да слетаат на аеродромот крај Русе. На 11 септември цело Русе било на нозе да ги пречекаат вонземјаните кои требало да ѝ помогнат на Бугарија, а настанот го пренесувала државната телевизија. Меѓу домаќините се раширил муабет дека ќе даваат и пари.

Рамбо Амадеус - Тони Монтано

На прав правцат ринг, на стадион на отворено, со дечурлаана наоколу, бокс меч меѓу Рамбо Амадеус и Тони Монтано. И не се фолираат него стварно шибање. Рамбо добро почна ама после Тони фино го полнеше пошто очигледно има повеќе искуство од противникот. Тука е и Оливер Мандиќ како секундaнт на Монтано а судија во рингот е Душан Прелевиќ Преле. А мислевме сè имаме видено.