Балканштина

Мечка страв, Блажо не страв

Ѕвездената интернет прашина над Балканите деновиве паѓа врз босанскиот селанец Блажа Грковиќ кој во бестрашна борба гради в гради успеал да совлада мечка. Носел само секирче и чадор (при што второво не ни морал да го употреби). Деновиве јунакот станува предмет на бескрајно забавни мемиња кои од него прават мит за балканскиот Чак Норис.

Бугарски матури, втора година

По којзнае кој пат (ок, сајтов има едвај една и нешто година) и годинава ја продолжуваме убавата традиција да известуваме за велелепните изблици на претераност и немање усул за време на матурските забави во братска и соседна Бугарија. Лани со фотки, овојпат имаме видео резиме. Ако сета оваа нападност ве прави малку тажни, да ви го најавиме прилогот на бугарски јазик: "Вижте как отидоха на бала си абитуриентите". Нели е одма посмешно?  

Српскиот Шрек на дугметара

Парче реалност од секојдневието на култниот градоначалник на Јагодина кој својот доживотен статус на убер сељак го заслужи со изјавата дека "од пеачите му пееле сите освен Бетовен и Шопен бидејќи тогаш бил мал". Ете, тоа е. А Ѓинѓиќ го утепаа.

Бугарска работа

Индикативен пример за нивото на политичката култура и медиумскиот амбиент во соседна Бугарија. Новинарот Веселин Веселинов од ТВ СКАТ тотално опколен од Волен Сидеров (екс новинар) и негови следбеници од националистичката партија Атака, која си одбрала баш прецизно име.

На пупку минѓуша

Дента можеш да прочиташ 50-тина статии од добри извори и да добиеш чувство дека малку од малку ти е јасно како функционира оваа планета, човечкиот мозок и слично. И потоа да налеташ на нешто вакво и да сфатиш дека ништо од тоа не важи.

Одземениот

Пред емисија, водителкава си рекла: "Ич не ми е денеска денот, ама ќути, барем не сум сама, колегата ќе помогне". Мда.
п.с. чујте кога ќе го каже она "апсолутно". Колку само тоа ѝ дава тежина на емисијата.

Боже правде

Откако утврди дека нема што да се дрпне, дечкото се повлекува, но само за кратко. Се враќа, зема свеќа и остава пари, веројатно за следниот пат да има повеќе среќа. Манастир Моравци, кај Љиг, Србија.

Осветување, бугарски стил

Како во секоја православна приказна и оваа има свое свето тројство: бугарскиот владика Кирил (од Варна, еден од фаворитите за следен патријарх на БПЦ), Линколн (МКЗ хибрид) и светата вода. Амин!

Види ги ти РТС

Па, од времето на Комраков (ако не го знаете, уште подобро), доста работи се смениле. Првоаприлско издание на дневникот на РТС, за продажбата на неколку тони кокаин од Јужна Америка по пониска цена (од тн социјална кошница), како и за Велики петок, денот кога на крст бил распнат Драган Ѓилас.

Навивање, стара школа

Пред навивањето да се сведе да вреѓање на национална основа, навивачите беа повеќе подготвени да ги воочат грешките и проблемите кај сопствениот тим и елоквентно да ги презентираат своите забелешки, како и решението на целата состојба. Плус, дечково некако недоливо потсеќа на Емир Хаџихафизбеговиќ (не е он).

Мраз од ведро небо

Ајде малку да учиме ономатопеја: ако од небото падне големо парче мраз, тоест стена во вид на тиква, кога ќе удри на земјата, што ќе рече?

Е.Т. во Бугарија?

Ќе ви покажеме една многу интригантна фотографија од Бугарија, неодамна снимена од сервисот на Гугл, во еден пловдиски двор, на улица Перуника. Иако Google Street дополнително ја едитирал фотографијата, сосема е јасно дека сме сведоци на една од овие две можности: а) или камерата на Гугл случајно открила шокантна посета од Вонземјанин па во моментов агенти на НАСА и ЦИА во најголема тајност го испитуваат дојденецот, или....

Босанка што пцуе, не каса

Врска меѓу човек и куче може да се оствари многу брзо и природно, освен во случајов, каде што врската нема никаква иднина.  Една возрасна традиционална Босанка и едно мало кученце, тoa сака да си игра со неа, таа не може да го поднесе.