Двајца сопружници кои комплетно различно гледаат на животот и меѓусебните односи. Ништо ново, ништо необично, нели? Освен тоа што тој лежи како мумија а таа пишува писма по весници. Замислете си во каков страв живее мумијата!
Во 2,5 минути Лане Гутовиќ прецизно ја сецира транзицијата и оние нејзини аспекти кои социолозите ги опишуваат со термините негативна селекција, социјална мобилност, вертикална подвижност....