Балканштина

We Are The Pehars

Каква врска има асоцијација на песната на  Крафтверк со црногорска емисија со дечки наградени за роботика? Ќе видите, ќе видите.

Органска теретана?

Да беше Ѓоковиќ сеирџија што држи до себе, со време ќе се фатеше со копање во нива како негова основна фитнес вежба, само за да гледа како сите се борите со ашов и мотика. А не он се фати за тоа глутенот и нејадење месо. Затоа тука ја имаме Јована.

Аца Лукас версус Паркинг сервис

Му го дигнале аутото па дошол да се објасни. А тој е еден фин и господин човек (Малиот со кој се заканува е Синиша Мали, градоначалникот на Белград).

Работно место: Чувар на билборд на Вучиќ

Не е кромид туку ставарно некој пресметал дека е поевтино да вработиш човек да ти ги чува билбордите отколку нови да печатиш откако (неизбежно) ќе ти ги упропастат. Плата е 125 динари на час (околу едно евро), смената трае 12 часа и единствен предуслов е да немаш проблеми со проширени вени.