Балканштина

Шева во дијалог со себе

Еден од ненадјебивите моменти во историјата на телевизијата. На Шева (Бог да му дарува ракии небесни) му пуштаат снимка од него, тој не го сфаќа трикот и природно се впушта во муабет со себе. А муабетот му тече како и секој наш внатрешен дијалог: некогаш „јас“ ќе те замисли, некогаш ќе те испизди, ама бар знае песна да ти погоди. 

Каков цар!

Почнува со едно регуларно “дрогата ги убива луѓето“ а завршува со сочна пцовка и извинување. Меѓу тие две емотивни точки (од Цирипашина до најдолу) му требаа само 30-тина секунди.

Имале тие и химна на Македонија

Откако напрасно ја засакаа по нашето осамостојување, Грците направија сè за да ја опремат нивната идеја за Македонија. Денес разбравме дека имаат и химна. Ц ц ц, нигде не ги доведе тој нивен патриотизам.