@dezhurenkrivec
Стариот беше многу во право кога велеше дека старите учебници не треба да се фрлаат.
@dezhurenkrivec
@BapsiBoban
Ние кога би се вратиле 40 години назад, би отишле 50 години напред.
@BapsiBoban
@DeboraSkunk
Шарената револуција си ја изеде сопствената држава.
@DeboraSkunk
@izvini_betmene
Мојата козметичарка дигнала цени, ко лично да има завојувано со Украина.
@izvini_betmene
@BlackTaurus7
Шубаво си рече амбасадоркава, вие сте првата држава што си го сменила името за да влезе некаде. Во превод: глупи сте ко кур и затоа сте у гомна до врат.
@BlackTaurus7
@dzonvice
Ве молам, не пишувајте веќе дека сакате чварки, сè поскапи и поскапи се.
@dzonvice
@Sigma257
Ја мислев мистериозен е, а тој само мутав.
@Sigma257
@mr_nirvanas
Јас прашав да се најдеме на кафе, ми закажа за јануари, ко да ќе одам на магнетна резонанца.
@mr_nirvanas
@seljabelja
На жената која ме сликаше за пасош имам да ѝ кажам дека мојот срам ќе трае 10 години а неа цел живот треба да ја пече совест за ова што ми го направи.
@seljabelja
@KerberTheGreat
Ако сте се смириле со бившиот повеќе од два пати, дозволено ви е да паркирате на место за хендикепирани.
@KerberTheGreat
Сашко Коцев
Да одиграме пријателска со Јапанциве, да помогнат со ѓубрево колку-толку.
Сашко Коцев
Александар Јанкулов
На 80 денари млеко, треба кокаин да има, а не афлатоксин.
Александар Јанкулов
@ispredsam
Можеби човек со годините не созрева. Можеби само станува поуморен за некои работи.
@ispredsam
@Filipco
Закажал состанок во 7:30. Па што да си кажеме бе бато, кој што сонувал?!
@Filipco
@Misteriozni1754
Ми се жали баба ми на дедо ми, дека овој ноќе станува и со нејзините заби јаде лук.
@Misteriozni1754
@Slavka1771
Му викам на маж ми дека и без шминка не сум лоша, ми вика „стави малку, ништо не те кошта“.
@Slavka1771
@Preduhitrivach
Пострашно од бубашваба во купатило е само мртва бубашваба во купатило. Зашто, кој ја убил кога живеам сам?
@Preduhitrivach
@jocoska
Они каишите ги направија да се собираат после некое време за да купуваш нов, не па батериите на мобилните...
@jocoska
@MadEptenLud
А да пробаму Македонију да гу искључимо и па да гу укључимо?
@MadEptenLud
Ина Многуфина
Вечер се враќа саатот и од утре е цел ден ноќ.
@atortevski
Странциве кога доаѓаат треба право у магацинот да ги носат и сами нека си го бараат знамето.
@atortevski
@evo_me_ovde
Тековните трошоци ни се како сите по дома да се дрогираме.
@evo_me_ovde
@djedovicandreaa
Ме прашува една девојка како да тргне некого од фоловери. Ѝ објаснив. И ме тргна бе!
@djedovicandreaa
@donkey_fist
Не разбирам зошто некој би пренасочувал астероид кој оди накај Земјата.
@donkey_fist
@prezupcila
Ако сте тажни, одете да трчате. Ќе видите дека вашата физичка состојба е полоша од менталната.
@prezupcila