Изјава

@koronom_zarazen

На сонце е исто како и во животот - кој не е намазан, ќе изгори.

@koronom_zarazen

@MarijaDanilovs1

Додека ја преминеме границава, ќе треба пак да се депилираме.

@MarijaDanilovs1

 

@NoLuckMakedonec

Коа ми е досадно, возам со корсата низ Велес, им запирам на рандом луѓе, отварам прозор и им викам "Гледа Госпооод", затварам прозор и продолжувам. Нека му ја мислат понатаму шо како.

@NoLuckMakedonec

@Volis

Пред три месеци си кажав дека ќе ослабам 10 кила. Уште 12 кила до целта!

@Volis

@crnogorskikum

- Драгице, кажи ми нешто да се осеќам ко прав маж!
- За сè си ти крив!

@crnogorskikum

@DavajLamu

Јуни е, а јас уште се немам пребацено од ракија на пиво.

@DavajLamu

@SestraTi

Генерации што пораснаа на гумени бонбони, мразат пача.

@SestraTi

@kontra_vazda

Опишете го својот живот во три збора.
- Блендер без поклопец.

@kontra_vazda

@bejbiboy2

Права жена е „што ќе ти направам, тоа ќе јадиш“.

@bejbiboy2

@karadza999

Од Преспа до Бехтел и Енка, единствена "логика" и "аргумент" што го смислија е овој второоделенски kafkatrapping: „Ако не си ги пресечеш јајцата, значи поддржуваш силување“. Тоест за Русите си.

@karadza999

@2_zlo_1

Најмногу кошта кога на некој евтин ќе му ја дигнете цената.

@2_zlo_1

@_Trilian_

Не ми е јасно зошто се кријам кога им ги јадам чоколадите на децата, кога реално сум појака.

@_Trilian_

@RedDevil_xoxo

Не може животот да ме ебе толку, колку што јас можам да свршавам.

@RedDevil_xoxo

 

@ta_ce_on

Вчера во ресторан во Требиње го прашувам келнерот што би ни препорачал.
- Бегајте за Германија!

@ta_ce_on

@2000_rumun

Од што паметниот се срами, фудбалерот го жени.

@2000_rumun

Кирил Стоименов

Земјо Македонијо,
Со лекови поробена.mp3

Кирил Стоименов

Борна Сор

„Нас со шамари нè воспитуваа и немаше видео игрици,“ зборува генерацијата во чие време се спроведуваа етнички чистења.

Борна Сор

@DejanKnicks

Единствено позитивно што имаме видено од Бугариве е Замунда.

@DejanKnicks

@gorskivenec

Ти мислиш потенцијален татко на твоите деца, он со тротинет се движи низ градов.

@gorskivenec

@natasavb

Што и да му се случило на Исус, ние се собираме и се прејадуваме.

@natasavb

@crnogorskikum

- Мамо, во колку саат сум роден?
- Сине, почни да излегуваш со нормални девојки.

@crnogorskikum

Ина Многуфина

Македонија е лидер во јадење благо и пушење. Се понашаме ко да имаме здравство.

Ина Многуфина

@MaliZokica

Сте пробале безалкохолно пиво? Има вкус како никој да не те сака.

@MaliZokica

@2_zlo_1

Ако децата ви бараат поголем телевизор, доближете им ги столчињата до стариот.

@2_zlo_1

@BIKI0609

Никогаш не ми стана јасно зошто мајката на седумте јариња одела по млеко кога е коза.

@BIKI0609