@kamijon007
- Што се исплаши, девојче?
- Не сум исплашена, така ми се нацртани веѓите.
@kamijon007
@JankoIlkovski
Не е јануари долг, вам не ви е зголемена платата за 78%.
@JankoIlkovski
@taklabaz
Ја местите паричката да се падне кај детето и после се чудите како се местат тендери.
@taklabaz
Мартин Толовски
Првото родено бебе во Мала Речица веќе е вработено.
@_karirana
Мене новогодишна еуфорија не ме фаќа, не па ти.
@_karirana
@into_the_flame
Јас во полиција имам влегувано по шорцеви и папучи. Додуша, не по своја воља.
@into_the_flame
@GjuraStotiga
Мајка ми ми купила исти пижами на штрафти ко на татко ми. Кога ноќе во два со него ќе се сретнеме пред веце, изгледаме ко да лежиме на урологија.
@GjuraStotiga
@obsesamit
Сменивме име за Украина и Молдавија да влезат во ЕУ. Ма нема појако!
@obsesamit
@Shusantoroj
Каде за Нова година?
- Не замарај!
@Shusantoroj
@mitard1995
Комшиката денес толку му викаше на маж ѝ, што и јас измив садови и веш - за секој случај.
@mitard1995
Familiar_Anywhere815
Само бидете битолчани и сите викајте ги на „му“. Нема поголема родова еднаквост од една заменка за сите.
Familiar_Anywhere815
@TheFitzzz
Главна придобивка од самитот: дознавме дека без администрација, градов дише нормално.
@TheFitzzz
@N_TheCableGuy
Колку добро пијам кафе, штета што не работам државна работа.
@N_TheCableGuy
@_pixie_k
Како живееме, малку ние пиеме.
@_pixie_k
@okleznam
Денес да се спукаат две племиња во бразилските шуми, кај нас утре би поскапело горивото.
@okleznam
@AntovSr
У градов е полесно да најдеш швалерка отколку мајстор. А и поевтино.
@AntovSr
@kazi_tibi
Сум приметил дека на Германците им е исклучително важно да доаѓаш на работа ако ти даваат плата.
@kazi_tibi
@julijaroberts
Оболевме од сееднотија. Тоа тешко се лечи.
@julijaroberts
@svoja_na_svoeto
Овие што не можат да изедат цело парче торта се дојдени од друга планета.
@svoja_na_svoeto
@Tetoevsky
Животот во Македонија е супер сè дур не ти затреба болница, суд, полиција, вадење документи, паркинг, парк... другото е супер.
@Tetoevsky
@IvyGreyD
Почна сезоната на ладна WC шоља.
@IvyGreyD
Иван Станаќев
Заради сеопштото срање во светот, морам да прашам. Пази ли некој на Бугарите?
Иван Станаќев
@LjubisaTrivic
Малку што друго може наш човек да го трзне од апатија и да го мрдне од место, од она: „Може на оваа каса...“
@LjubisaTrivic
@KrkljusBrothers
Кога купив нова кола, две години не викав „пријатно“ туку „полека со вратата.“
@KrkljusBrothers
@Vito0241
Кој во овие времиња сочува возачка дозвола и брак, алал му вера.
@Vito0241