@mojokilington
“Се движиме кон силна економија, платите растат” - портпарол на СДСМ.
Еве, прво в партија си ја легализираа дрогата.
@mojokilington
@Kalabalak_
Кога ќе го гушкаме паркингот пред Холидеј Инн?
@Kalabalak_
@Mr_Lawyer_MK
Не би рекол дека сум мрзлив, но добро е што дишењето е рефлекс.
@Mr_Lawyer_MK
@Mrchatina
- На колку е осуден Мукоски?
- На 210 тендери!
@Mrchatina
@ArsZek
Седи во мерцедесот на Грујо, се фали со проекти на Грујо и вика "завидлизам".
@ArsZek
@IlinaBookbox
„Национално девојче/китка шарена“
#ревидиранфолклор
@IlinaBookbox
@Muarko
Според закон, кога ќе кренеш рака да поздравиш некого и нема да те примети, мора да изговориш “не ме виде” доволно тивко за како да се однесува само на тебе, но и доволно гласно за да ти биде помалку незгодно пред случајни сведоци.
@Muarko
@kvrga
Никогаш нема да прежалам што славниот режисер Куросава не ја ожени мојата баба.
Замисли:
Лепосава Куросава.
@taurus_010
Вештачката интелигенција нема шанси со природната глупост.
@taurus_010
@Milaceski
- Мамо, доста ме покриваш ноќе со јорганот!
- Ама се плашам да не настинеш мило.
- Да, ама ја откриваш жена ми.
@Milaceski
@Nejse1
По филмови, девојкиве имаат комплицирана година, даваат отказ, се разведуваат и заминуваат да се пронајдат себеси во Италија или Азија. Таму си ја наоѓаат смислата и љубовта на животот. Јас да го направам ова, ќе се вратам после 7 дена со маларија и ограбена.
@Nejse1
@box_kiki
На мојов тајмлајн нема ниедно говедо кое се сити на несреќата вчера. Изгледа блокирањето на идиоти кое секојдневно го правам и не било таква лоша идеја.
@box_kiki
@dossiermartin
Јас кога ќе дојдам на власт Струмица ќе ја преименувам во Северно Валандово.
@dossiermartin
@Inspiracija9
Со оглед дека Мира Дизел нема ниту еден говор во Собрание, нема поднесено ниту еден предлог Закон или било каква иницијатива, може син ѝ не знаел дека мајка му е пратеничка! Зело детето се пријавило на оглас и го избрале.
@Inspiracija9
@JasnaKoteska
И ова. За тиквите за кои името на државата не е битно. Сто илјади твита се изнапишавме, џабе. Порано „ти од Скопје си“ ни викаа само во Грција во лето. Сега цел свет пишува „Скопје потпиша меморандум...“ Колкав идиот треба да си иредентизам да претвориш во државна политика??
@JasnaKoteska
@ArsZek
Зошто да се повлечат именувани баџанаци, синови, ќерки, зетови, вонбрачни сопрузи? Тие се помало зло кои ја искористуваат туѓата моќ. Треба да се повлечат и разрешат нивните роднини во Власта кои ја злоупотребуваат дадената моќ. Разрешете ги вторите како памет за следните.
@ArsZek
@dossiermartin
Не можам да пишувам долги статуси зашто после втората реченица добивам неодолива желба сите да ве отерам у курац.
@dossiermartin
@EmilijanoJ
Сумирано:
- плаќам даноци
- плаќам ддв
- не сум бил на суд
- плаќам струја
- плаќам вода
- немам дивоградба
- не работам во адм.
- не сум член на партија ...
ова ли е тоа "граѓанин од втор ред" што го викаат.
@EmilijanoJ
@Strastniot
Како се тргнати нашиве и долгот од Грција ќе почнат да го отплаќаат.
@Strastniot
@aha_mkd
- Кај работиш?
- Во Ретвитеријат на РМ.
@aha_mkd
@mojokilington
“Мирко Попов добил 150.000 денари од буџетот за култура на град Скопје”
Ако се парите за да престане да работи една година, вредат.
@mojokilington
@buntovnickata
Го достигнавме врвот на лудилото или да напнеме уште малце?!
@buntovnickata
@ArsZek
Одвојте минута, замижете и замислете ја хистеријата, трагедијата, паниката, повиката, галамата, пцуенката, мајко-шајката, патетиката и солзокрокодилството на СДСМовските гејша-медиуми доколку Грујо го потпишеше ова што они го потпишаа. Колку за да ја разберете нивната природа.
@ArsZek
@machorkoff
Ама па радиодифузна укинаа.
@machorkoff
@zkacarski
Ми пројде кутре пред нозе и му викам седи оно ме гледа и јас пак седи гледам абер нема си викам со вакво понашање никој нема те вдоми никој не сака смартес кутриња плус немаш и нога како столче си од македонски народни приказни помислив и други тешки зборови за кои нема да кажам.
@zkacarski