@cujoshi
Имам 10 сарми за три дена и сега размислувам дали да ги јадам 4-4-2, 5-3-2 или да тргнам напаѓачки со 4-3-3.
@cujoshi
@TempestOfFlame
Со еден скандалозен договор за автопат на корумпирана криминална америчка фирма, државава ќе ѝ даде повеќе пари на Америка, него тие 30 години што ни дале нас.
@TempestOfFlame
@dovla69
На жена илјада пати кажи ѝ дека е убава, нема ни да забележи. Еднаш кажи ѝ дека е дебела, никогаш нема да заборави. Затоа што слон не заборава.
@dovla69
@CheGuevara9
Ми вика шефот сабајлево, кај си ти, два саат не можам да те најдам, му викам, тешко е шефе денес да се најде добар работник.
@CheGuevara9
@Preduhitrivach
Не ги разбирам луѓето на кои не им е глупо да те бараат после 10 навечер, или насабајле, или попладне, или кога било.
@Preduhitrivach
@Kaurkata903
Шарена револуција на јапонски?
- Ишуто Ирогато.
@Kaurkata903
@TempestOfFlame
Со Преспа потпишавме дека имаме лажно име и сме краделе историја од еден сосед. И зошто сега се чудите што странците мислат дека имаме и лажен јазик и крадеме и од другиот сосед? Углед се гради со децении, а се руши со еден пиперкар на власт.
@TempestOfFlame
@noljemne
Видов девојка како јаде пита на излог од една пекара. Беше толку убава. Мислам дека беше со сирење.
@noljemne
@4_Pilos
Освежителен напиток:
- Една брокула
- Два лимона
- Еден ѓумбир, 4 см
- Еден домат.
- 200 милилитри вода.
Состојките се мешаат во блендер, напитококот се истура во веце шоља и се отвора ладно пиво.
@4_Pilos
@SemirGrbic1
Сè што сакам од животот е навечер да ми се спие како сабајле кога станувам.
@SemirGrbic1
@Maket099
Пренајсмешни ми се прогресивциве кои сега ја увидоа болеста на премиерот им, па као сеа биле заведени, као желни за правда и едно опшесФо за сите, а уствари се слепци на кои ко глупи им ги отваравме очите задњиве 4 години. Душици, сФе ќе шитне муртинизерот и око нема да му трепне.
@Maket099
Моџо
Холандија имаше среќа што Заев навиваше за нас.
Моџо
@mnogufina
Измислиле бурек со 4 вида сирење пошо тој со 1 вид беше со урда.
@mnogufina
@retrovalescent
Да беше нормално маж и жена да имаат секс, немаше да се викаат брачни другари.
@retrovalescent
@Natemago
Според новиот нацрт закон за пасишта пчеларите ќе треба да плаќаат пашарина затоа што пчелите ќе паселе на државно земјиште. What a time to be alive!
@Natemago
@TiliaIv
Како се вика болеста кога цел ден седиш пред компјутер и после скролаш на мобилен за да се "одмориш"?
@TiliaIv
@AntovSr
Ние сме држава у која протоколот за свадби е подетален од законот за продажба на државно земјиште.
@AntovSr
@akobimorao
Паризер е сто пати поздрав од луѓе.
@akobimorao
TheZokiPoki
Не знам како од утре ќе се оди на отворено без маски, јас ќе се осеќам како без гаќи да сум.
TheZokiPoki
@rnixn
Ова со патарините за Србите низ Македонија е еклатантен пример како работи владава. Им даваш на будали брилијантна идеја и гледаш како ќе ја упропастат од што се неспособни.
Чекич без дршка да им дадеш, ќе го расипат.
@rnixn
@dujsofive
Жена ми само што ми кажа дека она била крива за кавгата од синоќа и сега не знам како да се однесувам. Дали некој има слични искуства?
@dujsofive
@Majevtika
Сме протерале руски дипломат!? Се мешал во американските работи!
@Majevtika
@strastniot17h
"Слободата нема цена" - С. Мијалков
@strastniot17h
@DrugiNeko
Одговорно тврдам дека насабајле, мажите се поубавата половина.
@DrugiNeko
@ana_bez_mana888
Ако има 50.000 дивоградби, што работеле инспекторите низ годините?
@ana_bez_mana888