Кец у два

Малер на колото кој покажува голем талент за точни резултати

Ги игра Ирска, Исланд, Турција и Романија дека ќе победат 4:0. И ги фаќа сите четири. Ама резултатот 0:1 не му лежи и го буши на два тикета.

Махериште на колото за 2,1 милион денари

28 фикса фатил кумановецот. Дваесет и осум и со 50че им земал 34.000 евра.

Малериште на колото за 9 милиони денари или 150.000 евра

Прилепчанец уплатил четири тикети со 31, 24, 20 и 17 утакмици, со вкупна уплата од 460 денари. На сите четири го бутка фаворитот Порто кој одигра 1:1 против Арука, а тој го типувал кец. Каков тежок малерај.

Махер на колото за 820.000 денари

Прилепчанецов не е нешто арен. Одбрал седум утакмици, две од Бугарија втора лига, потоа Узбекистан, Литванија, Иран и Португалија младинци. Сите седум ги фатил X-X на две ливчиња. Една му завршила 1:1, а сите други 0:0.

Бакшиш на денот

Бакшиш на влашки начин се остава со картица. Едноставно ја проаѓаш на хармониката и тоа е тоа. Е сега ова е ново, ама и неизвесно. Батето треба да каже дали е добитен или има барем за ваучер?

Малериште на колото на кој Брајтон и Евертон му должат 920.000

Нотингем Форест - Лестер 5:3, Брајтон - Евертон 1:5, Нотингем Форест - Саутемптон 4:3, сите во понеделник. Знаете што ги играл типот што ни пиша? 7+. Го убива во поим и тоа најмалиот коефициент. Па не е фер.

Махер на колото кој ги погоди и следните два меча од ЛШ

Ние пак. Си достоивме на зборот. Овај пат со поусул. Со титула Махери нѐ охрабри да продолжиме. Ви благодариме за објавата. Спортски Поздрав. 

Фати некој пари во кладилница вчера?

Плус Челси - Брајтон 1:2. Фантазија од резултати.

Махер на малерите кој ќора утакмица не погодил

Пишал три фикса и бркал услов 3 од 10. Сите 13 ги промашил. Да му ги вратите парите или да му дадете телевизор во боја.

Махер на колото кој ни пиша дека не се лути ако го наречеме маестро

Играл школски, систем 2 од 4 со четири фикса во стуб. Уште во стубот е храбар, а да не зборуваме за четирите во услов кои успеал сите да ги погоди. Обрнете внимание на Њукасл и Виљареал. Да, маестро е.

Постои кладилница со стриптизети која треба да ја крстат „Опасно по добивка“

Зошто опасно? Па се случува една стриптизета во една вечер да заработи и до 7.000 фунти. Што мислите од кого и се парите?

Махериште на колото за 4,1 милион денари

Е како? Е така. 2+ прво 9 пара. Влог 3.000 денари. Чиста среќа е спортската дечки. Играл данска втора лига, норвешка втора лига, индиска прва лига, германска трета лига, англиско до 21 година...67.000 евра има за земање.