#11

Од
Внука ти
Прашање

Драга Баба Зора, имам голем реален проблем. Те молам помагај, додека не сум си ја зафукала главава во ѕид. Навечер можам да свршам едноподруго само до седум пати. Ако може барем осум, или девет. Вака некако малку ми се гледа. Благодарам за помошта :-)

Одговор

Ова ти све сега што збориш ме потсеќа на једна особа од моје време што је била, једна Дуда, Дудинка ја викава. Таја Дудинка да ми ти је имала две вагини, Боже ми прости, така је беше била родена, јадница, она много мака истрга сос това, не је она крива. А наш па свет поган, свите сос њојзи шега биева, и ако питаш за неја, нема да ја викат Дудинка него ќе ти ја ословат ко Дуда Двопичкаста. И на њен муж што и беше, Гличо се викаше, и они свите на Гличота му велева: јао, вика, Гличо, блазе тебе, вика, Гличо брате, други битка бијат до једна да се докопат во живот, вика, а жена ти, ено вика, две ги ваѓа паралелно! Али то и је така природа дала или па Господ дал, кој ќе га знаје, и тука нормалан човек нема што да прави осим да полуди.

17 May 2013 - 10:20

#10

Од
Митре
Прашање

Драга Баба Зора,
Зошто девојка ми е бич?

Одговор

Не се каже бич него камшик.

16 May 2013 - 23:49

#9

Од
Мери
Прашање

Драга Баба Зора, имам 26 години и животот ми изгледа многу краток. Сакам се да направам одеднаш, а на крај завршувам само со планови и нервози и чувство дека ми поминал денот за џабе. Што да правам?

Одговор

Вака: ќе исецкаш једно патлиџанче у форма на крс и ќе го посолиш и ќе га оставиш да постои така једно четири дена. Ондак во један филџан ќе свариш кафе, неко појефтино, не мора од овие скупи што ги продават, и у то кафе ќе насецкаш кромитче младо и ситна зелка и нека мирудија по твоја желба што је, и ќе ги оставиш на рингла трипути кључ да му пробие, и ондак таја течност ќе ја распоредиш насекаде низ соба у мали чанчиња, да јој се мирис измеша со овој патлиџан од порано. На прв идуќи верски празник што ќе се падне све това ќе фрлиш у џубре, и това ти је. То све наравно ако си православна, а ако си муслиманка, ондак наместо патлиџан ќе земеш нека пиперка од поголемите, а друго све ти је исто.

16 May 2013 - 23:48

#8

Од
1мај!
Прашање

Драга Баба Зора, постојано во мојот секојдневен живот што и да правам,просто да набљудувам другите што прават, во филмовите, рекламите, во природата буквално во се гледам знаци и симболи кои треба да се сфатат, понекогаш се чувствувам како Нео од филмот Матрица, и ми се чини кога успеам да сваќам и читам од околината ќе биде се ок. Прашање; дали е тоа признак на вештеризам или пореметена психика кај мене? (Мене лично почнува да ме исцрпува, ако во почетокот ми беше забавно). Зора се викаше и мајка ми, па затоа се надевам дека ќе ми одговориш мудро како на свое чедо.

Одговор

Види, чедо.

Ја тај Матрица филм не сам го гледала пошто и иначе слабо гледам, ништо не ми помажат овие нови очила преко социјално. Ваљда не је некакојси страшен филм зато што јас у прошлос много лошо сам ги примала такви филмови и обично на пола филм ако се испопотресам сам имала обичај обавезно да се напијам по комад дијазепам и да си легнем у кревет поранко и ајд сосздравје. Али затова љубавни филмови врло ми се свиѓале, било индијски било француски било руски и слично, не сам правела разлика да ти кажам право отворено. Исто понекад и историјски комедии такоѓе. Омиљени глумци ми бева Клерк Гејбл со мустаќи и Рудолф Бели Шеик Валентино, а у поново време Омар Шериф од странските. Од домаќи глумци исто много ги сакам покојни Чкаља, затим Стево Жигон у "Чаробни мач" ми е бил онако симпатичен, затим Надја Регин со овај Џемс Бонд што беше, и Божидарка Фрајт од помладите. Сматрам дека за филм је битно да има осеќање и да је со жалос за да може публика нешто и да научи додека гледа таков филм. Ово со новиве филмови све расипава, мада не пратам пуно пак ќе ти повторим да не ме сфатиш погрешно.

16 May 2013 - 03:53

#7

Од
Љубопитен
Прашање

Драга Баба Зоро,

Зошто водата во чешмата од WC е поладна од чешмата во кујната ?!?

Одговор

Ево одма да ти речем право и директно, младичу: това ти је затова што у кујна вариш јајца, а у веце ладиш јаја.

16 May 2013 - 03:00

#6

Од
Мушичка
Прашање

Драга Баба Зора,
Јас ги почитувам жените и сето тоа, ама деновиве почна да ми се разнишува таа почит и да ја преиспитувам откако бившата на мојот дечко како срамен исклучок и предавник на женскиот род почна да ми прави сплетки, да ме озборува и да формира сојузи со моите познајници, пријатели и сите што имаат некаква врска со мене. И покрај моето експлицитно игнорирање на постоењето на таквата напаст од бивша женска, она е упорна и наоѓа секакви невкусни начини да се замеша во секоја манџа. И после ќе велат дека сите жени се исти. Па ќе велат се додека постојат такви типично глупави, опседнати со бившиот женски како нејзе. Во право ли сум? И нели тоа не треба да фрла дамка врз мојата длабока почит кон мојот ми женски род? Не се сите жени такви сплеткарки и безобзирни озборувачки, а? Што вели твоето искуство?

 

Одговор

Е моја душичке Мушичке,

Сега баба ќе ми ти каже право и отворено: ја сам познавала једна конобарица која беше била исто тако мушичава како ти сега што си, чак и малко поповечко. Она, примерно, кога некоја супарничка ќе ја извади од такт и послем ќе и дојде у кафана њејзина, оваја имаше обичај да и се попишка у пијачка другава што би ја рецимо нарачала. И онда она това на шала го викаше "џез", и имаше обичај кога ќе се појави некоја таква напирлитана, мене ѓаволесто да ме запита: “Зоро, што мислиш ти, да и стегнам ли један џез?“ А ја ќе и кажев отворено ко и тебе што ти кажујам моментално: да и стегнеш, викам, ако је џубре људско и поганлук покварен, викам, а ако не је и има шанса, викам, да се поправи, онда да не и стегнеш џез, викам, него људски да и укажеш на грешка њена, реко. Сакам да кажам дека не свакоја жена заслужува свашта да пије и свенешто да и сервираш.

16 May 2013 - 02:47

#5

Од
Гоце
Прашање

Драга баба Зора,
Тешко ми се дига.

Одговор

Па дигај тешко кад си будала будалска!

15 May 2013 - 18:26

#4

Од
Марко
Прашање

Драга Баба Зора, зошто сакам и други девојки иако ја сакам мојата?

Одговор

Марко сине, ти ќе мора чедо да се решиш и да се одлучиш. Не можеш ти ко дрипац да луташ наоколо и да тражиш кокиче од свакоја, а да очекујеш дека нема тебе исто некој да ти тражи кокиче или па на твоја девојка дека нема да и затражи кокиче пошто данас такво време дошло свако за себе гледа нешто да ушиќари. Зато ќе мора или да си потражен или да си потражиш со това што и једно и друго и треќе може, зависи ти што ќе видиш дека ти лежи повише. Али најбитно је да фатиш књига и прво школо да завршиш и нека работа уносна после да си најдеш пошто свака жена на пара иде.

15 May 2013 - 18:10

#3

Од
Јована
Прашање

Драга Баба Зоро, факултетот ми тапка у место, ми падна заб и неможам да си фатам дечко, а тоа се се случи откако раскинав со бившиот, зашто?

Одговор

Шта зашто бре Јованке? Зашто си раскинала или зашто ти тапка факултет или зашто не можеш дечко да си фанеш? Мораш лепо прецизно на баба да и објасниш за баба да знаје тачно за што да ти даде ум, не може за све ум ја да ти давам. Ево да речеме ово за заб не можам да ти кажам, то ќе мора некој зубар да ти каже професионалан со ординација што тера. А за факултет исто мораш да ми кажеш на кој факултет студираш за да оценим каде треба да подмачкамо. И за дечко исто.

15 May 2013 - 17:45

#2

Од
Цапе
Прашање

Драга Баба Зоро, што е најтешко во животот?

Одговор

Лепи Цапе, чедо моје,

Најтешко во животот, чедо, ти је клавир. Он ти је тежок и да га качиш на трети спрат, и да га фрлиш отамо па да падне рецимо на некој случајен пролазник на глава и да го убије сместа, а тежок је и да го научиш да свириш пошто то много мука и време и труд треба да уложиш у то, и после па све опет за џабе. Затова ја никогаш клавир не сам сакала, што ќе ми је клавир да знам да га носам, него увек со себе сум носела нека усна хармоника, или шамивче, или укрштеница да ја решавам на фризер док је чекам Јорданка да јој дојдем на ред. И мислим дека човек не треба да си ја душичка измачува со тешко ако може и со нешто полесно да помине.

15 May 2013 - 17:32

#1

Од
еден
Прашање

Драга Баба Зоро,
Кој ќе ми каже ако смешно играм на забави?

Одговор

Мили синко,

А кој па тебе смеје нешто да ти каже? А и ако ти каже ќе га послушаш ли ти њего? Како што видиш питање не је до твој начин на танцовање који можда и је језив, зависи дали је у питање оро или фокстрот или некоја игра тренутно што је во мода, него право питање је до твој карактер кој можда је исто така грозан али ти ништо не правиш на тај план. И затова да си врзеш у крпче дека човек прво сам себе се мењава, а после и ноги му се мењават, а исто тако да си врзеш у крпче и једна шноличка со париче и да ја оставиш под перница на која спиеш и тако једно три дена док да не ти се смени све.

15 May 2013 - 17:23