Баба Зора - Прашање #8

Од
1мај!
Прашање

Драга Баба Зора, постојано во мојот секојдневен живот што и да правам,просто да набљудувам другите што прават, во филмовите, рекламите, во природата буквално во се гледам знаци и симболи кои треба да се сфатат, понекогаш се чувствувам како Нео од филмот Матрица, и ми се чини кога успеам да сваќам и читам од околината ќе биде се ок. Прашање; дали е тоа признак на вештеризам или пореметена психика кај мене? (Мене лично почнува да ме исцрпува, ако во почетокот ми беше забавно). Зора се викаше и мајка ми, па затоа се надевам дека ќе ми одговориш мудро како на свое чедо.

Одговор

Види, чедо.

Ја тај Матрица филм не сам го гледала пошто и иначе слабо гледам, ништо не ми помажат овие нови очила преко социјално. Ваљда не је некакојси страшен филм зато што јас у прошлос много лошо сам ги примала такви филмови и обично на пола филм ако се испопотресам сам имала обичај обавезно да се напијам по комад дијазепам и да си легнем у кревет поранко и ајд сосздравје. Али затова љубавни филмови врло ми се свиѓале, било индијски било француски било руски и слично, не сам правела разлика да ти кажам право отворено. Исто понекад и историјски комедии такоѓе. Омиљени глумци ми бева Клерк Гејбл со мустаќи и Рудолф Бели Шеик Валентино, а у поново време Омар Шериф од странските. Од домаќи глумци исто много ги сакам покојни Чкаља, затим Стево Жигон у "Чаробни мач" ми е бил онако симпатичен, затим Надја Регин со овај Џемс Бонд што беше, и Божидарка Фрајт од помладите. Сматрам дека за филм је битно да има осеќање и да је со жалос за да може публика нешто и да научи додека гледа таков филм. Ово со новиве филмови све расипава, мада не пратам пуно пак ќе ти повторим да не ме сфатиш погрешно.

16 мај 2013 - 03:53