Баба Зора - Прашање #6

Од
Мушичка
Прашање

Драга Баба Зора,
Јас ги почитувам жените и сето тоа, ама деновиве почна да ми се разнишува таа почит и да ја преиспитувам откако бившата на мојот дечко како срамен исклучок и предавник на женскиот род почна да ми прави сплетки, да ме озборува и да формира сојузи со моите познајници, пријатели и сите што имаат некаква врска со мене. И покрај моето експлицитно игнорирање на постоењето на таквата напаст од бивша женска, она е упорна и наоѓа секакви невкусни начини да се замеша во секоја манџа. И после ќе велат дека сите жени се исти. Па ќе велат се додека постојат такви типично глупави, опседнати со бившиот женски како нејзе. Во право ли сум? И нели тоа не треба да фрла дамка врз мојата длабока почит кон мојот ми женски род? Не се сите жени такви сплеткарки и безобзирни озборувачки, а? Што вели твоето искуство?

 

Одговор

Е моја душичке Мушичке,

Сега баба ќе ми ти каже право и отворено: ја сам познавала једна конобарица која беше била исто тако мушичава како ти сега што си, чак и малко поповечко. Она, примерно, кога некоја супарничка ќе ја извади од такт и послем ќе и дојде у кафана њејзина, оваја имаше обичај да и се попишка у пијачка другава што би ја рецимо нарачала. И онда она това на шала го викаше "џез", и имаше обичај кога ќе се појави некоја таква напирлитана, мене ѓаволесто да ме запита: “Зоро, што мислиш ти, да и стегнам ли један џез?“ А ја ќе и кажев отворено ко и тебе што ти кажујам моментално: да и стегнеш, викам, ако је џубре људско и поганлук покварен, викам, а ако не је и има шанса, викам, да се поправи, онда да не и стегнеш џез, викам, него људски да и укажеш на грешка њена, реко. Сакам да кажам дека не свакоја жена заслужува свашта да пије и свенешто да и сервираш.

16 мај 2013 - 02:47