Балканштина

Бугар не веруе у развод

Разведени се тие десетина години но таа и натаму има проблеми со него, главно затоа што балванов уште ѝ доаѓа, со намера концизно формулирана во императивната реченица: „Свалај гаштите!“ А и тоа новинарчето мама си тракало како ги фасилитира.

Дритан се почуди

Дритан Алсела е Албанец кој живее и работи во Дизелдорф и важи за врвен бариста кој со многу знаење и љубов го потврдува она непишано правило дека Албанци имаат фетиш кон кафето. Овојпат на девојка ѝ покажува како ги прави оние срценца и листови во шољата, а таа се прави живо заинтересирана да научи нешто ново. А потоа се фаќа за ѓезвето. 

Стоп на семејното насилство

Истражувања покажуваат дека кога маж ќе ја убие партнерката, после тоа често се решава да се убие и себе. А кога жена ќе го убие мажот, после не се убива и себе. Зошто е тоа така и фер ли е тоа така? Српските мажи порачуваат: доста е, бараме дијалог!

Што не кажувате вакви работи, мамето ваше?

Ковид има вонземно потекло и доаѓа од квазарите кои се астро-организации (?) кои битисуваат само во радиоактивните подрачја на космосот. А сега главното: вирусот се активира со сексуална активност и со мастурбирање. Ко бира- ковидира!

25 години од Сребреница

Толку имаме пишувано за овој непростлив грев што четврт век по геноцидот, нема што многу да се додаде. Освен дека и покрај Хашкиот трибунал и локалните судства, многумина од виновниците слободно шетаат по земја а многумина од главните злотвори уште биваат опевани како херои.